СДСМ: Ќе се дистанцира ли ВМРО-ДПМНЕ од Миленко Неделковски? - Канал 5

СДСМ: Ќе се дистанцира ли ВМРО-ДПМНЕ од Миленко Неделковски?

Додека Македонија се уште е во голема тага и болка поради трагедијата којашто се случи во Кочани пропагандните мегафони на ДПМНЕ шират навреди, клевети и говор на омраза на социјалните мрежи.

СДСМ: Ќе се дистанцира ли ВМРО-ДПМНЕ од Миленко Неделковски?

Дури и младите девојки и момци кои легитимно бараат правда и ресет на системот се навредувани со погрдни зборови и се жртви на таа препознатлива омраза на дпмевските мегафони.

Прашањето е дали ДПМНЕ се согласува со скандалозните навреди на Миленко Неделковски?

Дали ДПМНЕ ќе се дистанцира од Миленко Неделковски и неговиот говор на омраза?

Во Македонија говорот на омраза е кривично дело казниво со закон, дефинирано во повеќе закони, така што во овој момент надлежните институции наместо да спијат треба да делуваат веднаш.

Впрочем, ваквите напади се дел од системот кој што треба да се промени. Затоа младите се на улица и затоа бараат промена којашто е непходна.

Одговор на прашање, Кристина Костова – потпретседателка

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мекита од просјачка опера“ – кога криминалот станува систем, а бедата професија

Што се случува кога бедата ќе добие деловен модел, просењето ќе стане организирана дејност, а криминалот ќе се претстави како закон?

„Мекита од просјачка опера“ – кога криминалот станува систем, а бедата професија

Кога туѓата несреќа станува извор на профит, а преживувањето - стока што некој ја контролира, сиромаштијата престанува да биде само последица на неправдата. Таа станува бизнис, а моќта - неговиот најсигурен заштитник.

Во „Мекита од Просјачка опера“, оваа сурова слика се отвора низ сатиричен и гротескен театарски свет, во кој хуморот не ја ублажува неправдата, туку ја разголува. Комедијата станува остроумно оружје: низ иронија, апсурд и смеа, претставата го разобличува системот.

Каде завршува подземјето, а каде почнува општеството, она што го создава, одржува и го штити? Во тој свет, Брехтовото прашање - „Кој е поголем криминалец: оној што ја ограбува банката или оној што ја основа?“ - не звучи како провокација од минатото, туку како непријатно актуелна дијагноза на сегашноста.

Со Мекита од Просјачка опера“, Театар Комедија отвора сценски простор во кој Брехтовата „Просјачка опера“ добива нова драматуршка и изведувачка форма. Во режија на Наташа Поплавска, претставата ја испитува можноста за современ сценски јазик низ принципите на тоталниот театар, во кој актерот, музиката, видеото, движењето и звукот не се само средства за раскажување, туку рамноправни носители на драмското значење.

Необичниот сценски влез започнува со актерката и со самата актерска професија - нејзината несигурност, постојаната преобразба и потребата од опстанок во светот во кој и уметноста мора да се избори за своето место. Од таа автоиронична исповед се отвора вратата кон Брехтовиот свет. Матеа Јанковска, преземајќи седум идентитети, го претвора сопственото тело, глас и сценско присуство во простор на постојани трансформации. Но, зад секој лик останува видлива актерката - не како скриена основа, туку како свесна сила што ја создава и ја разградува илузијата. Трансформацијата не е само средство за раскажување; таа станува дел од значењето. Пред гледачот не се менуваат само ликовите, туку и самата граница меѓу оној што ја игра улогата и оној што ја гледа.

Кабаретската иронија, сатирата, гротеската и современиот електронски звук го обликуваат ритамот на ова сценско истражување. Музичкиот свет на „Мекита од Просјачка опера“ добива современа електронска интерпретација преку дуото „Триангулум“ - Томи Анчов и Стефан Дамјаноски, а нотите на Курт Веил се провлекуваат како лајт мотив на претставата. Музиката не е само придружба на драмското дејствие, туку негов активен драматуршки соговорник, дел од сценскиот ритам и целокупниот театарски израз. Звукот не ја следи само сценската акција, туку го менува нејзиниот ритам и ја продлабочува напнатоста меѓу комичното и заканувачкото.

Во претставата уште една важна улога е доделена на видео мапингот и видео дизјанот кој е препознатлив дел од режисерските постапки на претставите на Поплавска. Овој пат Брехтовите пораки ќе бидат пренесени преку видео дизјан на дизјанерот Емил Петров, видеото ќе биде активен учесник во претствата, ќе се дообликува во живо во текот на претставата заедно со актерката и музиката која исто така се изведува во живо.

„Мекита од Просјачка опера“ е прва фаза од докторското истражување на Наташа Поплавска на тема „Тотален театар“ и Брехт како автор најблизок до тоталниот театар и она што денес би се нарекло, современ театар“. Истражувањето се одвива пред очите на публиката - не како теоретска теза што чека потврда, туку како сценска практика во која различните изразни средства се испреплетуваат, а односот меѓу сцената и гледалиштето постојано се преиспитува.

Хуморот овде не е прибежиште од стварноста, туку начин таа да се согледа поостро; зад комичното се откриваат механизмите на интересот, зад привидниот ред - злоупотребата, а зад општествената пристојност – добро организираната моќ.

Најсилното прашање што го отвора Брехтовиот свет не е само кој е криминалецот, туку кој има моќ да го именува така. А кога се менуваат лицата, формите и правилата, останува онаа иста нишка на која се нанижани сите времиња - моќта. Зашто, на крајот, не е законот тој што ѝ поставува граници на моќта, туку моќта е таа што одлучува каде завршува законот.

Во создавањето на овој сценски свет, текстот го напишаа Наташа Поплавска и Матеа Јанковска, а драматуршката супервизија е на Весна Куслеска. Во претставата се вклучени и други соработници како: Олга Панго - супервизор на сценски движења, Љубица Велкова - изведувач на костими и сцена, Анастасија Славковска вокална подготовка, истражувачката фаза ја надополнува Оливија Трјаковска, за односи со јавност одговорна е Катарина Илиоски, светлото мајстор е Виктор Лазаревски а одговорен на сцена е Никола Николовски.

Посебна благодарност, тимот на претставата изразува до:

Министерството за култура и туризам на Република Македонија, Едмонд Сотир, Жаклина Петровска, Атанас Атанасовски, Драган Грбиќ и Огнен Шапковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ниту една повеќе“ не сака политичари и партиски членови на нивните протести

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ објави на социјалните мрежи дека „им забранува на сите партиски членови, сегашни и поранешни министри и премиери да доаѓаат на протестите што тие ги организираат против фемицидот .

„Ниту една повеќе“ не сака политичари и партиски членови на нивните протести

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ објави на социјалните мрежи дека „им забранува на сите партиски членови, сегашни и поранешни министри и премиери да доаѓаат на протестите што тие ги организираат против фемицидот и како што велат, да го претвораат феминистичкиот отпор во квази-партиски декор за сопствената политичка беда“.

Истовремено од граѓанската организација ги повикуваат сите изневерени, обесправени, понижени, повредени граѓани и граѓанки да излезат заедно со нив на улица и да побараат одговорност и правда. Нивната реакција следи откако на протестот кој се одржа завчера во скопје беа забележани поранешни политичари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шок во светот на Мото ГП: Марк Маркез ја завршува кариерата

Шампионатот во Мото ГП останува без еден од своите најуспешни и најпрепознатливи возачи.

Шок во светот на Мото ГП: Марк Маркез ја завршува кариерата

Марк Маркез одлучи да ја заврши својата професионална кариера и ќе го има својот последен настап на патеката за време на викендот на трката за Големата награда на Валенсија, потврди неговиот тим.

Веста за одлуката на шпанскиот мотоциклист беше објавена на социјалните мрежи на тимот, со порака што ги изненади фановите на овој спорт.

„Официјално е - Марк Маркез одлучи да се пензионира од Мото ГП шампионатот, а Големата награда на Валенсија ќе биде неговата последна трка како професионален возач за тимот на Дукати Леново“.

Маркез има кариера исполнета со рекорди, титули и враќања по сериозни повреди. Десет пати го освоил светското првенство во мотоциклизам, а со неодамнешниот триумф во Портимао стигна до осмата титула во најсилната категорија. Со тоа, се изедначи со легендарниот Џакомо Агостини, кој му подари златна кацига за време на прославата.

Дукати сè уште не дале официјално објаснување зошто Маркез одлучил да се пензионира. Долгорочните физички проблеми се споменуваат како една од можните причини, првенствено повреди на раката и рамото. Шпанецот треба да се обрати на претставниците на медиумите напладне и подетално да ја објасни својата одлука.

Неговиот пат до врвот започна во најниската класа. Својата прва светска титула ја освои во 2010 година, во категоријата до 125 кубни сантиметри, за време на неговата трета сезона во шампионатот.

Потоа следеше преселба во Мото2, каде што му беа потребни две години за да освои нов трофеј, по што му беше дадено место во фабричкиот тим на Хонда и можност да се тестира меѓу најдобрите.

Уште за време на неговото деби во кралската класа, тој покажа дека е возач од посебен калибар.

Во 2013 година, Маркез стана првиот почетник што ја освои титулата во Мото ГП по Кени Робертс во 1978 година, а на само 20 години постави рекорд како најмлад шампион во историјата на натпреварувањето. Следната сезона, тој повторно беше најдобар, и тоа на импресивен начин - поголемиот дел од работата заврши со серија од десет последователни победи.

Во 2015 година, тој мораше да му го предаде тронот на Хорхе Лоренцо, но веќе следниот ден започна нова ера на доминација. Од 2016 до 2019 година, Маркез освои четири последователни титули и го потврди својот статус на водечки возач на својата генерација. А потоа дојде период што сериозно ја загрози неговата кариера.

Тежок пад во Херез во текот на летото 2020 година доведе до скршена рака и дури четири операции. Закрепнувањето траеше долго, и иако се враќаше на патеката и успеваше да победи, Хондата повеќе не беше толку конкурентна како порано, додека на Маркез му беше сè потешко да го извлече максимумот од моторот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер