СДСМ: Инфлацијата беснее а Владата на Мицкоски без никакви мерки прави статистички спинови - Канал 5

СДСМ: Инфлацијата беснее а Владата на Мицкоски без никакви мерки прави статистички спинови

Реалната инфлација во земјата е 4% а владата со денешната објава на Државниот завод за статистика, се обидува со статисчки спинови манипулативно да ги прикаже како -0.2% споредувајќи само месец со месец.

СДСМ: Инфлацијата беснее а Владата на Мицкоски без никакви мерки прави статистички спинови

Додека трошоците растат и граѓаните секој ден плаќаат поскапо, владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја замачкаат реалноста со статистичка финти и спинови.

Мора да престане манипулацијата со моделот „месец спрема месец“. Тој модел создава лажна слика и ја прикрива вистинската состојба: цените растат, а животниот стандард опаѓа.

Фактите се јасни.

За 9 месеци 2025 година инфлацијата е 4%, споредбено со 9 месеци во 2024 година.

Во јуни владата се фалеше со инфлација од 0,8 проценти во однос на мај, додека вистината беше 4,5 проценти годишно и 3,8 проценти кумулативно.

Токму таму каде што најмногу боли, во потрошувачката кошница, храната и безалкохолните пијалоци поскапеа за 6,3 проценти годишно, а цените во рестораните и хотелите се зголемија за 7,6 проценти годишно и дури 10,4 проценти кумулативно.

Во август повторно истиот ПР трик, инфлација од 0,2 проценти месечно, додека реалноста покажува 4,4 проценти годишно, храната 6,2 проценти, а во рестораните и хотелите цените се зголемија за 8,6 проценти кумулативно.

Ова што се објавува не е статистика, ова е политичка манипулација со поскапувањата кои граѓаните секој ден ги чувствуваат.

Месечната промена не ја покажува реалната цена што ја плаќа секое семејство, затоа што вистинската слика за растот на трошоците ја даваат годишните споредби и кумулативната статистика. Сè друго е обид вистинските поскапувања да се поттурнат под тепих со лажни наслови кои содржат зборови како „нула“.

Ако Државниот завод за статистика повторно го сервира моделот „месец на месец“ како главна вест, тоа значи свесно покривање на поскапувањата и пи-ар служба на Владата.

Граѓаните не живеат од статистички спинови, туку од она што им останува во паричникот по сите трошоци.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина испраќа порака до САД и Иран: Стоп на ескалацијата

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес објави на својот „X“ профил дека „фактите покажуваат дека воените средства не обезбедуваат решение за конфликтот на Блискиот Исток“.

Кина испраќа порака до САД и Иран: Стоп на ескалацијата

Лин оцени дека произволната употреба на сила само ќе го комплицира проблемот и рече дека во критичната точка од преговорите меѓу Иран и САД, никој не треба повторно да разгорува воен конфликт.

„Суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на земјите во регионот мора да се почитуваат и поддржуваат“, се вели во објавата на Лин на „X“.

Тој рече дека Кина ги повикува сите релевантни страни да останат смирени, да покажат воздржаност и да престанат со секоја конфронтациска акција што може да го ескалира конфликтот.

„Кина ги повикува сите страни во конфликт да преземат конкретни активности за смирување на ситуацијата, да ги решат споровите преку политички и дипломатски средства и да работат кон рано реализирање на сеопфатен и траен прекин на огнот“, рече Лин.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опел се „остри“ за новата Астра: Инвестира повеќе од милијарда евра

Опел ќе инвестира повеќе од милијарда евра во Германија до 2030 година, објави Стелантис, со цел зајакнување на производството и развојот на нови модели на европскиот пазар.

Опел се „остри“ за новата Астра: Инвестира повеќе од милијарда евра

Дел од инвестицијата ќе биде насочен кон производство на моделот Астра од следната генерација во фабриката во Риселсхајм, седиштето на Опел, објави Ројтерс.

Стелантис оцени дека овој потег ја потврдува долгорочната посветеност на германскиот пазар и важноста на Опел во стратегијата за развој на групацијата во Европа.

Компанијата планира да лансира најмалку четири нови модели до крајот на деценијата, вклучувајќи ги наследниците на популарните модели Астра и Корса, како и нов компактен теренец развиен во соработка со кинескиот производител „Leapmotor“.

Директорот на Стелантис за Европа, Емануел Капелано, изјави дека инвестицијата во новата генерација на Астра е јасна потврда за важноста на Германија како индустриска база на компанијата.

Според компанијата, сегментот на компактни автомобили сочинува приближно 30 проценти од вкупниот европски пазар на возила и е еден од клучните сегменти за идниот раст на групацијата. Најавената инвестиција е дел од поширокиот бизнис план на Стелантис од 60 милијарди евра, откриен минатиот месец, кој предвидува развој на 60 нови модели до 2030 година, вклучувајќи хибридни возила и целосно електрични автомобили.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. 

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во четврток претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од четврток попладне, ноќта кон петок и петок ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2), грмежи и засилен, повремено силен ветер од северозападен правец кој наместа повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h. Температурата во петок ќе опадне за неколку степени. За време на викендот времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и посвежо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер