СДСМ: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја поради криминалните тендери на ДПМНЕ - Канал 5

СДСМ: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја поради криминалните тендери на ДПМНЕ

СДСМ: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја поради криминалните тендери на ДПМНЕ

Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандарод на граѓаните.

Криминалните тендери и неспособноста на Сања Божиновска во секторот енергетиката ја турнаа државата во енергетска криза и повторно ги удрија граѓаните по џеб.

За само година и половина, владата на Мицкоски и Сања Божиновска која го води овој сектор ја доведе државната ЕСМ до колапс.

Производството е на историски најниско ниво, од предвидените 5.000 GWh не се произведени ниту 3.000 GWh.

Затоа наместо домашна струја која што државата ќе ја чини 80-90 евра по мегават час, Владата купува струја за 140 евра по мегават час.

Зошто? Па за тендери. Тоа го прват насекаде со секој можен тендер. Зошто фали 1 милијарда евра во буџетот? Исто за тендери, како што се 161 тендер за една фирма или 9 милиони евра за друга фрима за двајца вработени.

Загубата на ЕСМ е 77 милиони евра досега или над 100 милиони евра до крајот на 2025 година. Ако на ова се додадат и 110 милиони евра долгови на ЕСМ кои ги има земено како кредити, тоа се 200 милиони евра на грбот на граѓаните.

Затоа поскапе струјата. Граѓаните ја плаќаат сметката за овие криминални тендери и епска неспособност.

Дали сега поскапувањето на струјата владата ќе го објасни можеби со некоја нова анкета колку добро стојат? Уште некој дефокус ќе смисли ли?

Одговорност мора да има.

Работата не е завршена.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гренланд ќе ја промени временската зона

Како што пренесува гренландскиот весник „Сермитсиак“, до крајот на 2027 година, поголемиот дел од Гренланд ќе се врати во својата претходна временска зона, GMT-3.

Гренланд ќе ја промени временската зона

Ова следува по одлуката донесена вчера од локалниот парламент за промена на начинот на сметање на времето.

Од 31 октомври 2027 година, временската разлика помеѓу Гренланд и Копенхаген ќе се зголеми за еден час – на четири часа – додека разликата во однос на Вашингтон ќе се намали за еден час – на два часа. Гренланд и понатаму ќе го применува летното сметање на времето.

Прашањето за тоа кон која временска зона треба да припаѓа овој арктички остров со години е предмет на дебата на Гренланд. Дури во 2023 година, поголемиот дел од Гренланд премина во временската зона GMT-2, со цел да го усогласи своето време со Данска и остатокот од Европа. Иако Гренланд е дел од Кралството Данска, тој ужива висок степен на автономија.

Собрани околу 4.000 потписи како поддршка за промената

Во парламентот, гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен се спротивстави на враќањето во претходната временска зона, предупредувајќи на можни негативни економски последици, со оглед на тоа што најважните трговски партнери на Гренланд се наоѓаат во Европа.

Тој исто така истакна дека промената ќе го скрати временскиот прозорец во кој здравствениот систем на Гренланд може да се консултира со медицински специјалисти во Данска, а предупреди и на можни компликации во авионскиот сообраќај кон и од Европа.

Сепак, според „Сермитсиак“, многу жители на Гренланд се залагаат за враќање во претходната временска зона. Граѓаните собраа околу 4.000 потписи како поддршка за оваа промена. На Гренланд живеат околу 56.000 жители.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Демократска Република Конго регистрираше повеќе од 11.000 случаи на ебола во текот на изминатите шест месеци, при што речиси половина од заразените починале, објави денеска германската новинска агенција ДПА.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Реалниот број на смртни случаи би можел да биде и поголем. Експертите предупредуваат дека вирусот можеби се ширел незабележано уште од февруари – неколку месеци пред епидемијата официјално да биде прогласена на 15 мај.

Еболата е тешка заразна болест предизвикана од група вируси. Таа може брзо да доведе до губење течности, воспалителни реакции, нарушувања во згрутчувањето на крвта и, на крајот, до откажување на органите. Колку подоцна ќе започне третманот на симптомите, толку е поголем ризикот од смртен исход.

За овој сој не постои одобрена вакцина или третман

Раните симптоми на еболата можат да наликуваат на оние кај други болести, како што е маларијата, што во одредени случаи доведува до доцнење во изолирањето и лекувањето на пациентите. Сузбивањето на тековната епидемија е особено предизвикувачко бидејќи не постои одобрена вакцина или специфичен третман за сојот на вирусот познат како „Бундибугио“.

Досега, еболата се прошири во осум покраини во ДР Конго, а ги премина и границите на земјата. Случаи се пријавени во Кенија, Нигерија и Уганда.

Според здравствените власти, децата се најтешко погодени. Тие сочинуваат значителен дел од потврдените случаи, а истовремено се соочуваат и со поголем ризик од смртен исход.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер