СДСМ гласа за нов претседател – Венко Филипче единствен кандидат - Канал 5

СДСМ гласа за нов претседател – Венко Филипче единствен кандидат

По третпат во изминатите четири години, членовите на социјалдемократскиот сојуз избираат лидер на партијата на директни внатрепартиски избори, со единствена понудена опција- актуелниот претседател Венко Филипче.

СДСМ

Две недели по одложениот изборен ден поради трагедијата во Кочани, денеска на 78 места низ државата се отворени гласачките кутии за активно регистрирани 23.712 членови на СДСМ. Камерата на Канал 5 ги затекна дел од пратениците кои гласаа во скопски Центар, како и заменик-претседателката на партијата. Каранфилова Пановска очекува масовна поддршка за Филипче и консолидација на членството.

„ Се надевам дека денешниот ден ќе покаже дека СДСМ реално заздравува, дека излезноста ќе биде добра. Ќе видиме како ќе заврши на крајот гласањето на избирачките место, се гласа до 20 часот во сите општински организации ширум државата и се надеваме и очекуваме добра излезност. Јас гласав за Венко Филипче, со тоа гласав за комплетно заздравување, за задравување на социјалдемократското ткиво во нашето општество, за една социјалдемократска опција која ќе се претвори во вистинска граѓанска опција и која во периодот што следува ќе дава подобри резултати. “ - Фани Каранфилова Пановска – заменик претседателка на СДСМ

Истите очекувања ги имаат и членовите на партијата со кои разговаравме. Се надеваат дека по минатогодишните избори, СДСМ ќе се обедини и ќе ги подобри резултатите на претстојните локални избори.

Од избирачките места велат дека сите регистрирани членови кои носеле електронска членска картичка и личен документ, немале никаква пречка да учествуваат во изборот на претседател.

На првите внатрепартиски избори за претседател во 2021ва СДСМ исто така имаше само еден кандидат, Зоран Заев, кој тогаш беше избран со речиси 60 илјади гласови.

Минатата година пак се одржаа вонредни избори по оставката на Димитар Ковачевски, а во трката влегоа четворица кандидати - Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски. Филипче беше избран со околу девет илјади гласа од неговите сопартијци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Внесувале лажни податоци за дозволи за лов, нелегално се ловеле диви свињи на Беласица- тројца добија кривични пријави

Кривична пријава против три лица од Државниот инспекторат за шумарство и ловство и ловечко друштво „Беласица“ за „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“ .

Внесувале лажни податоци за дозволи за лов, нелегално се ловеле диви свињи на Беласица- тројца добија кривични пријави

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.А.(49), З.В.(63) и Б.К.(49) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“.

Првопријавениот, вработен во ловечко друштво „Беласица“ од Струмица, внесувајќи неточни и нецелосни податоци во официјалните книги за евиденција на издадени дозволи за лов и потврди за потекло на дивеч и делови на дивеч, имал недостатоци во водењето на службените евиденции, кои бил должен да ги води согласно закон.

Второпријавениот, главен инспектор на Сектор за инспекциски надзор во ловството, и третопријавениот, директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, во име на Државниот инспекторат, а на барање на ловечкото друштво, издале акт во кој спротивно на законската легислатива и донесените правилници и решенија од Агенцијата за храна и ветеринарство, констатирале дека ловечкото друштво „Беласица“ можело да издава дневни дозволи за дива свиња во ловиштето „Тркајна“ за вршење на таканаречен санитарен отстрел на диви свињи, иако тие воопшто немале концесија за тоа ловиште.

Со таквите дејствија тие се обиделе да го оправдаат претходно извршениот незаконит лов од членови на ловечкото друштво „Беласица“, кои претходно под изговор дека вршат пребарување на теренот за пронаоѓање на угинати диви свињи и дека наводно спроведуваат заштитни и контролни мерки во однос на болеста африканска чума кај дивите свињи, извршиле незаконски отстрел на дива свиња во ловиштето и при вршењето на контролите во друштвото не ги евидентирале недостатоците во водењето на службените евиденции, со што му овозможиле на првопријавениот несанкционирано да продолжи да работи и да издава дневни дозволи за лов и потврди за потекло на дивечот, без да бидат соодветно евидентирани во книгите за нивна евиденција, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски на средба со претставниците на Европската џиу-џицу федерација

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари средба со претседателот на Европската џиу-џицу федерација, Мајкл Корн, потпретседателката Дана Мортелманс и со претседателката на Македонската џиу-џицу федерација, Катерина Бошковска.

Ристовски на средба со претставниците на Европската џиу-џицу федерација

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари средба со претседателот на Европската џиу-џицу федерација, Мајкл Корн, потпретседателката Дана Мортелманс и со претседателката на Македонската џиу-џицу федерација, Катерина Бошковска, на која се разговараше за организацијата на две значајни меѓународни спортски натпреварувања што ќе се одржат во Македонија, во септември следната година.

Станува збор за Балканското првенство во џиу-џицу и Европското првенство во контакт џиу-џицу, на кои се очекува учество на повеќе од 1.300 натпреварувачи.

Во рамки на посетата на Скопје, претставниците на Европската џиу-џицу федерација извршија увид во сместувачките капацитети и натпреварувачката сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што ќе се одржат натпреварувањата.

Министерот Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка за успешна организација на првенствата.

„Организацијата на вакви големи меѓународни натпреварувања е значајна можност за македонскиот спорт и за промоција на нашата држава. Како Министерство за спорт ги поддржуваме ваквите настани и ќе настојуваме да обезбедиме услови Македонија да биде успешен домаќин“ - истакна министерот Ристовски, соопштуваат од МС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брод со 7.000 тони дизел се преврте во близина на Ибица, има жртви (ВИДЕО)

Еден член на екипажот загина, а шестмина се полесно повредени во несреќата на товарниот брод „Мед Емре“, кој превезуваше 7.000 тони дизел гориво, и се преврте рано утрово во близина на шпанскиот остров Ибица.

Брод со 7.000 тони дизел се преврте во близина на Ибица, има жртви (ВИДЕО)

Бродот со малтешко знаме пловел од јужното шпанско пристаниште Алхесирас кон Барселона. Не потонал целосно, туку делумно останал на површината на морето, превртен на страна, соопшти Шпанската поморска служба за спасување (Салваменто Маритимо).

Спасувачки авион го забележал уништениот брод во 9:26 часот наутро, околу 19 наутички милји северозападно од Ибица. Досега не се забележани знаци на загадување на морето во областа на несреќата, соопшти шпанското Министерство за еколошка транзиција.

Мрсни дамки

Директорот на Управата за вонредни состојби на Балеарските Острови, Пабло Гарис, изјави дека на површината на морето се забележани одредени масни дамки, што е честа појава во вакви ситуации, но засега нема потврда за излевање на гориво.

Пристанишната управа на Валенсија и сопственикот на бродот работат на план за спасување на бродот, но пред тоа е потребно да се обезбеди неговата структурна стабилност. Регионалната влада на Балеарските Острови го стави пристаништето Сант Антони на располагање на спасувачките служби како логистичка база.

Причината за превртувањето на бродот сè уште не е позната, а криминалната полиција на Цивилната гарда започна истрага.

Проблеми со навалување на бродот

Координативниот центар за поморско спасување во Валенсија доби повик за помош во среда во 22:30 часот. Неколку минути подоцна, екипажот пријавил дека морето навлегло во бродот и наклон од приближно 90 степени. Несреќата се случила кратко по полноќ, околу 30 наутички милји северозападно од Ибица.

На бродот имало 17 членови на екипажот од индиско и турско потекло. Седум од нив биле евакуирани на Ибица, од кои шест биле транспортирани на аеродромот, а еден директно во болницата Кан Мисес, каде што била потврдена неговата смрт. Тој е 46-годишен турски државјанин.

Шестмината повредени биле згрижени од екипи за итна медицинска помош. Сите претрпеле полесни повреди, а главниот здравствен проблем била хипотермијата.

Во спасувачката операција учествувале три хеликоптери, еден авион и еден брод специјализиран за интервенции во случај на излевање на загадувачки супстанции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер