СДСМ: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик - Канал 5

СДСМ: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Се што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива Река и другите реки од тој слив.

СДСМ: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Излевањето на цијанид и други опасни материјали во Крива Река може да биде една од најголемите еколошки катастрофи во поновата историја. Излевањето на високо отровни материи од рудникот Тораница резултираше со енормно загадување на Крива Река. Според независните анализи кои ги објави општианта Крива Паланка и градоначалникот САшко Митовски, концентрацијата на тешки метали, цијаниди и други токсични материи е десетици и стотици пати над дозволеното. Ова е огромна закана за живиот свет, за бунарите, за земјоделските површини, но и аларм итно да се направат анализи и во Пчиња и Вардар.

Инспекторатот за животна средина има огроман одговорност во овој случај и денес мора да се бара одговорсност од сите. Наместо да ја утврди вистината, Инспекторатот излезе со неосновано тврдење дека се излеала „само вода“. Доколку не се направеше независната анализа од општината Крива Паланка, заради овие паушални и очиглендо политички мотивирани тврдења на инспекторатот се ризикуваа животи!

СДСМ прашува – дали ова е случајно или некој свесно ја штити компанијата Булмак 2016? Дали државни органи, под раководство на кадри на ВМРО-ДПМНЕ, учествуваат во прикривање на еколошки криминал? Дали тоа што Тони Тоневски, директорот на Булмак е истакнат партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен градоначалник од нивните редови е причината за криење на вистината?

Овој сомнеж го подгрева и пратеникот Емил Спасовски од ДПМНЕ, кој наместо да застане на страната на граѓаните и нивната безбедност, ја политизираше целата ситуација. Наместо да бара одговорност, тој се обиде да го дискредитира градоначалникот на Крива Паланка и да ја релативизира хаваријата.

Затоа СДСМ денес јавно бара:

Темелна и итна истрага за целиот случај и утврдување кривична одговорност.

Итно испитување на сите реки и води кои се во допир со водите од Крива Река, вклучително и делови од Пчиња и Вардар. Потенцираме и укажуваме дека можеби храната која јадеме е под ризик.

Објава на сите инспекциски извештаи поврзани со рудникот Тораница.

Оставка од пратеникот Емил Спасовски, кој свесно ширеше дезинформации и ја минимизираше катастрофата.

Одземање на еколошката дозвола на Булмак 2016, поради сериозни и повторени прекршувања.

Доста беше молк. Доста беше заштита на бизнис интереси на штета на животната средина и здравјето на граѓаните. Државата мора да покаже капацитет – или ќе има правда, или ќе има соучесништво.

СДСМ нема да дозволи овој случај да помине тивко. Ќе бараме одговорност – до крај.

Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Принцот Хари исвиркан на натпревар во рагби

Публиката на еден рагби меч изрази негодување кога британскиот принц Хари се појави на големиот екран на стадионот. 

Видео: Принцот Хари исвиркан на натпревар во рагби

Принцот Хари е исвиркан за време на рагби-натпреварот меѓу Лестер и Глостер во Обединетото Кралство.

Некои навивачи го изразија своето негодување кога неговиот лик се појави на големиот екран на стадионот, поради што телевизиските камери го пренасочија кадарот.

Во петокот, Војводата од Сасекс го следеше натпреварот од трибините во друштво на Андреа Пинчен, извршната директорка на клубот Лестер. Според медиумските извештаи, Хари уживал во пиво и во натпреварот без неговата сопруга, Меган Маркл.

Дел од публиката реагираше кога Хари се појави на големиот екран на стадионот. Телевизиската мрежа TNT брзо го префрли кадарот, а коментаторот Ник Малинс забележа дека се слушаат свирежи, пренесува AFP.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали се одлужува Светското првенство ? Се појави голем проблем, а ФИФА сè уште нема решение

Светското првенство во фудбал во 2034 година во Саудиска Арабија се соочува со предизвици поради високите температури. 

Дали се одлужува Светското првенство ? Се појави голем проблем, а ФИФА сè уште нема решение

Бидејќи датумот на натпреварувањето сè уште не е потврден, останува прашањето дали Светското првенство ќе се одржи во предвидениот период?

Светското првенство во фудбал во 2034 година треба да се одржи во Саудиска Арабија, но датумот на натпреварувањето сè уште не е официјално одреден.

Поради високите температури што владеат во таа земја во текот на летото, речиси е сигурно дека организаторите ќе мора да разгледаат некои од постудените периоди во годината.

Сепак, изборот на датум носи дополнителни предизвици.

Еден од клучните фактори е муслиманскиот празник Рамазан, кој според календарот се очекува во ноември и декември 2034 година. Затоа, една од можностите е Светското првенство да се одржи во јануари 2035 година. Таквото сценарио би значело дека најголемиот фудбалски турнир за првпат би се одржал една година подоцна од планираниот циклус.

Сличен проблем со екстремните горештини ФИФА веќе реши пред Светското првенство во Катар во 2022 година, кога турнирот се одигра во ноември и декември наместо во вообичаениот летен термин. Сепак, во случајот со Саудиска Арабија, календарот на верски настани дополнително ја усложнува организацијата.

Засега нема официјална потврда дека Светското првенство ќе биде преместено во 2035 година. ФИФА сè уште не ги објавила точните датуми за натпреварувањето, па останува да се види кое решение ќе биде избрано и како тоа ќе се вклопи во меѓународниот фудбалски календар.

Саудиска Арабија ги суспендираше плановите за изградба на еден од најамбициозните стадиони во светот, чија вредност се проценува на дури 2,5 милијарди долари. Објектот требаше да биде еден од клучните стадиони за Светското првенство на ФИФА во 2034 година, но иднината на проектот сега е под сериозен знак прашалник.

Во декември 2024 година, ФИФА официјално ѝ ја додели улогата на домаќин на Саудиска Арабија, која на тој начин ќе стане првата земја што самостојно ќе го организира Светското првенство со 48 национални репрезентации.

Сепак, запирањето на изградбата го отвора прашањето дали сите првично најавени проекти ќе бидат реализирани во планираната форма. „Неом“, еден од најважните мегапроекти на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, претставува централен дел од стратегијата „Визија 2030“, чија цел е трансформација на економијата и намалување на зависноста на земјата од нафта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена жена

Девет лица, меѓу кои две деца и бремена жена, се убиени синоќа во пукање во семеен дом во Пенсилванија. 

Американец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена жена

Напаѓачот бил пронајден мртов по извршеното дело, пренесува „Њујорк пост“.

„Една од најстрашните сцени со кои сме се соочиле“ „Сакам да бидам целосно искрен со јавноста – ова е една од најтешките и најстрашните сцени со кои нашите полицајци и истражители се соочиле во своите кариери“, изјави началникот на полицијата во Ири, Рик Лора.

„Секоја загуба на живот е ужасна, а околностите што ги истражуваме се крајно вознемирувачки.“

Според извештајот на локалниот медиум „Erie News Now“, полицијата интервенирала околу 17 часот по пријава за пукање на улицата Пери. По пристигнувањето, полицајците ги пронашле телата на две жени пред куќата.

Осомничениот, вооружен со пиштол, се забарикадирал во куќата, што довело до ситуација на опсада во која биле вклучени специјални полициски единици. За време на операцијата се слушнале уште неколку истрели од куќата, што е потврдено и со снимки објавени од „Erie News Now“.

Напаѓачот, чиј идентитет сè уште не е објавен, бил пронајден мртов; се верува дека си го одзел животот. Девет загинати, вклучително и бремена жена Началник Лора ја потврди смртта на напаѓачот, но одби официјално да го соопшти вкупниот број на жртви. Медиумските извештаи наведуваат дека загинале девет лица.

Полицијата ги пронашла останатите жртви при претресот на куќата, а било потврдено дека една од убиените жени била бремена. Лора изјави дека, од почит кон жртвите, нема да открива детали во врска со самото место на злосторството. Мотивот за нападот останува непознат, како и врската помеѓу напаѓачот и жртвите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер