СДСМ: Дали Инспекторатот за животна средина свесно ја излажал јавноста за цијанидот? - Канал 5

СДСМ: Дали Инспекторатот за животна средина свесно ја излажал јавноста за цијанидот?

Во врска со сериозниот еколошки инцидент на 14 март во Крива Река, СДСМ изразува длабока загриженост и ја повикува јавноста, институциите и правосудните органи да не дозволат овој случај да биде заташкан.

СДСМ: Дали Инспекторатот за животна средина свесно ја излажал јавноста за цијанидот?

Се работи за сериозно загадување на реката и животната средина, кое може да има долгорочни последици по здравјето на граѓаните, водите, почвата, земјоделството и целиот екосистем во регионот.

Најалармантно е што постојат сериозни сомнежи дека државните институции, пред сè Инспекторатот за животна средина, свесно прикривале информации и намерно ја дезинформирале јавноста. Иако биле обврзани по закон веднаш да земат примероци и да утврдат присуство на опасни хемикалии во водата, тоа не било направено. Наместо анализа, било објавено дека се излеала „само вода“, што е тешка лага со можни кривични последици.

Дополнително загрижува тоа што има индиции дека инспекторите кои излегле на терен имаат директни или индиректни врски со фирмата Булмак 2016. Ова е очигледен судир на интереси кој фрла сомнеж врз целиот надзорен процес и отвора прашања дали државата свесно ја штити компанијата Тораница на штета на здравјето на граѓаните.

СДСМ бара од Јавното обвинителство итно да отвори предмет за овој случај. Очекуваме Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина да ја информираат јавноста дали Булмак 2016 работи догласно А интегрираната еколошка дозвола, со оглед на тоа дека ова не е прво прекршување. Бараме и објава на сите релевантни инспекциски извештаи, како што налага законот, и утврдување на индивидуална одговорност за сите службени лица кои не постапиле согласно прописите.

Граѓаните имаат право да знаат што се случува со нивната животна средина. Никој нема право да си игра со нивното здравје. Потребна е транспарентност, одговорност и решителност. Овој случај нема да помине незабележано.

СДСМ

НБА плејоф: Минесота поведе, први победи за Орландо и Милвоки

Кошаркарите на Минесота поведоа во серијата до четири победи во плејофот на Западната конференција во НБА лигата со триумф над Лос Анџелес Лејкерс, додека Орландо и Милвоки ја намалија негативата на 1-2 во плејофот на Источната конференција.

НБА плејоф: Минесота поведе, први победи за Орландо и Милвоки

Минесота поведе во серијата со 2-1, откако синоќа во Минеаполис го победи ЛА Лејкерс со 116-104 во третиот натпревар од плејофот на Западната конференција. Џејден Мек Дениелс постигна 30 поени, а Ентони Едвардс го заврши натпреварот со поен помалку.

Леброн Џејмс беше најефикасен во редовите на Лејкерс со 38 поени, а Лука Дончиќ додаде 17 поени со осум асистенции и седум скокови.

Орландо намали на 1-2 во серијата по победата над Бостон со 95-93 во третиот натпревар од првото коло од плејофот во Источната конференција. Франц Вагнер беше најдобар стрелец на Орландо со 32 поени.

Милвоки, исто така. го намали дефицитот на 1-2 во серијата до четири победи откако на домашен терен беше поуспешен од Индијана со 117-101.

Гари Трент Јуниор и Јанис Антетокунмпо постигнаа по 37 поени за Милвоки, а Трент постигна девет тројки во 12 обиди и со тоа го израмни рекордот во плејофот на франшизата поставен од Реј Ален во финалето на Источната конференција во 2001 година. /МИА

Нафтена индустрија на Србија доби трето одложување на воведување санкции од САД

Нафтена индустрија на Србија (НИС) доби трето одложување на воведување санкции од САД поради мнозинскиот руски капитал во таа компанија. 

Нафтена индустрија на Србија доби трето одложување на воведување санкции од САД

Овојпат, воведувањето на санкции беше одложено за дури два месеца, односно до 27 јуни. Рокот на претходно одложените санкции изминува в понеделник - 28 април.

„Добри вести за граѓаните на Србија. Србија успеа да добие ново одложување на санкциите за НИС, овојпат за два месеца, до 27 јуни. Благодарност до нашите американски партнери за разбирањето на ставот на Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил buducnostsrbijeav.

Во средата, компанијата НИС поднесе ново барање до Министерството за финансии на САД за издавање посебна лиценца со која се одложува целосното спроведување на санкциите, а целта е да се овозможи компанијата непречено да работи и по 28 април.

Прв пораз сезонава на ПСЖ во Франција

 Надежите на ПСЖ дека ќе ја заврши актуелната сезона во француското фудбалско првенство без пораз завршија, откако синоќа претрпе шокантен пораз од Ница на домашен терен со 3-1.

Прв пораз сезонава на ПСЖ во Франција

Гостите поведоа преку Морган Сансон (34 минута), а Фабијан Руиз до крајот на полувремето израмни за ПСЖ (41), но Ница во продолжението постигна два гола преку Сансон (46) и Јусуф Ндајишимије (70).

Со ова заврши серијата на ПСЖ од 30 натпревари без пораз во француското првенство, во кое клубот од Париз веќе ја одбрани шампионската титула.

Пораз од Ница за составот предводен од Луис Енрике доаѓа пред полуфиналниот дуел против Арсенал во вторник во Лигата на шампиони. /МИА

притисни ентер