СДСМ Центар: „Шанса за Центар“ работи против интересите на граѓаните на општината - Канал 5

СДСМ Центар: „Шанса за Центар“ работи против интересите на граѓаните на општината

На продолжението од 1-вата седница на Советот, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во воведното обраќање појасни дека СДСМ, иако е најбројна советничка група, нема да предложи кандидат за претседател на Советот.

СДСМ Центар: „Шанса за Центар“ работи против интересите на граѓаните на општината

„Општина Центар е пример и ќе остане пример за демократски начин на функционирање. Иако имаме најголем број на советници во групата, оставам можност на помалите советнички групи да дадат предлози за претседател на Советот. Ве повикувам на овој избор, сите да гласате по сопствено убедување и вашиот глас да го дадете според сопствен избор", им порача Герасимовски на советниците.

Од предложените двајца кандидати, Марија Среброва од Левица освои 5 од 23 можни гласа, а Јане Димески од „Шанса за Центар", ја одби кандидатурата, што е доволно јасен показател дека „Шанса за Центар" одбива да работи во интерес на граѓаните.

На продолжението на 3-тата седница на Советот на Општина Центар, советниците со 20 гласа „за" го донесоа Буџетот на општината за 2022-ра година, единствено советниците на „Шанса за Центар" не ја дадоа својата поддршка.

Со недавањето на поддршката за Буџетот на општината, „Шанса за Центар" освен што одби да работи во интерес на граѓаните, одби да гласа за субвенции за жителите, одби да поддржи подобар и похуман живот во општината, одби да даде поддршка на социјалните политики кои ги води општината и не ја поддржа реализацијата на сите останати општински активности и политики. Со недавањето на денешната поддршка на гласањето на Буџетот, „Шанса за Центар" свесно одлучи да ја блокира работата на општината.

Ги повикуваме советниците од „Шанса за Центар", наместо празни обвинувања и паушални критики, изнесени пред сѐ на социјалните мрежи, да се вклучат во работата на советот со конструктивни и издржани предлози и проекти.

Апелираме, наместо да го трошат времето на обвинувања кон градоначалникот и советничката група на СДСМ, да ги засукаат ракавите и со конкретни решенија да бидат дел од Советот на општината, сѐ со цел да ја направиме Општина Центар подобро и поубаво место за сите нас.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силна бура ја погоди Германија, има тешко повредени (ВИДЕО)

Првата есенска бура што ја погоди Германија оваа година предизвика материјална штета и повредени во западниот и југозападниот дел од земјата, додека работите за чистење и санација продолжуваат денеска.

Силна бура ја погоди Германија, има тешко повредени (ВИДЕО)

Пожарникарите и полицијата отстрануваат паднати дрвја и гранки, додека жителите во некои области привремено останаа без електрична енергија.

Две лица беа сериозно повредени вчера попладне кога налетот на ветер урна структура во близина на пазар во градот Настатен, западно од Франкфурт. Едно лице беше однесено во болница со хеликоптер и е во критична состојба, соопшти полицијата.

Гранка од дрво падна врз велосипедист во градот Зелигенштат, југоисточно од Франкфурт, и тој мораше да биде ослободен од пожарникари.

Има сериозно повредени

Пешак кој беше удрен од билборд во градот Лебах е полесно повреден.

Железничкиот сообраќај беше исто така засегнат, а патниците пријавија „огромни искри“ кога предметот удрил во надземните далноводи на Централната станица Карлсруе.

YouTube video

Воз на долги релации со 280 патници мораше да биде влечен од дизел локомотива поради оштетување на надземните водови во близина на западниот град Ахен. Паднати дрвја, исто така, ги блокираа железничките пруги во близина на Нојс и во Штутгарт.

Се предвидува дека бурата Остен ќе се движи кон Данска и Балтичкото Море, но се очекува уште една бура да погоди делови од Германија преку ноќ и би можела да донесе обилни дождови, според Германската метеоролошка служба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јапонците расклопија BYD за да видат зошто кинеските автомобили се толку евтини

Кинеските производители на електрични автомобили сè повеќе се натпреваруваат со европските и јапонските брендови, а цената е еден од нивните главни адути.

Јапонците расклопија BYD  за да видат зошто кинеските автомобили се толку евтини

За да откријат што стои зад пониските трошоци на BYD, јапонските експерти го расклопија и анализираа неговиот електричен модел Atto 3.

Според анализата напишана од порталот Reporters, предноста на кинескиот производител не е само во пониските трошоци за работна сила. Важна улога игра сопственото производство на клучни делови и поврзувањето на неколку системи во една единица, што го поедноставува склопувањето на автомобилот.

Тие сами ги произведуваат клучните делови

Традиционалните производители на автомобили набавуваат голем број компоненти од надворешни добавувачи. Електрониката, батериите, механичките делови и опремата за ентериер можат да доаѓаат од различни компании, од кои секоја вклучува своја маржа во цената.

BYD развива и произведува значителен број клучни компоненти во рамките на компанијата. Ова му овозможува да има поголема контрола врз трошоците и роковите и побрзо да го прилагоди производството.

Батериите се особено важни, едни од најскапите компоненти на електричен автомобил. BYD ги произведува сам, со што се намалува зависноста од надворешни добавувачи и промените во синџирот на снабдување. Таквиот пристап, исто така, го намалува дел од логистичките трошоци што произлегуваат кога деловите пристигнуваат на производствената линија од неколку различни извори.

Помалку одделни делови, поедноставно склопување

При расклопувањето на моделот Atto 3, јапонските експерти забележаа дека BYD комбинира неколку клучни системи во една погонска единица. Ова го намалува бројот на одделни компоненти и ја поедноставува конструкцијата на возилото. Помалку делови значи помалку чекори на склопување, што дополнително ги намалува трошоците за производство.

Обединувањето на развојот и производството во рамките на компанијата ѝ овозможува на BYD побрзо да донесува одлуки и да ги прилагодува производствените линии.

Предизвик за постојните производители

Анализата на моделот Atto 3 покажува дека ценовната конкурентност на кинеските автомобили зависи и од тоа како се дизајнирани и од тоа како се произведуваат.

За јапонските и европските брендови, тоа е дополнителен предизвик. Покрај квалитетот и сигурноста на возилата, поедноставната конструкција, поефикасното склопување и контролата врз производството на најскапите компоненти играат сè поважна улога во конкуренцијата на пазарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЈП испраќа известувања до граѓаните што имале приливи од странство во 2021 година

Управата за јавни приходи започна со проверки на приливите од странство што граѓаните ги оствариле во текот на 2021 година, врз основа на податоци добиени од банките. 

УЈП испраќа известувања до граѓаните што имале приливи од странство во 2021 година

До дел од граѓаните веќе се испратени персонализирани известувања со рок за исполнување на евентуалните даночни обврски. Од УЈП предупредуваат дека доколку обврските не бидат исполнети доброволно, Управата ќе преземе мерки во рамките на своите законски надлежности за утврдување на данокот. Сепак, од институцијата нагласуваат дека не секој прилив од странство подлежи на оданочување и дека добивањето известување не значи автоматски дека граѓанинот должи данок.

Обврската за пријавување се однесува на доход од странство што е оданочив согласно Законот за данокот на личен доход. Тука спаѓаат плати, хонорари, приходи од фриленс и интелектуални услуги, издавање недвижности преку платформи како Airbnb и Booking, капитални добивки од продажба на имот, криптовалути и хартии од вредност, дивиденди, камати, авторски права и добивки од игри на среќа.

Од друга страна, парите добиени како подарок, семејна поддршка или позајмица не претставуваат автоматски оданочив доход. Истото важи и за трансферите преку Western Union, Ria, Moneygram и слични сервиси, бидејќи начинот на кој се испратени парите сам по себе не ја определува даночната обврска.

„Даночниот третман зависи од вистинскиот основ на приливот и од тоа дали станува збор за доход што подлежи на оданочување согласно законските одредби“, појаснуваат од УЈП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер