СДСМ: ЦАРОТ Е ГОЛ - Канал 5

СДСМ: ЦАРОТ Е ГОЛ

Како во приказната на Андерсен „Царот е гол“, денес е јасно дека премиерот Христијан Мицкоски, познат како „малиот Вучиќ“, поради слепото копирање на авторитарните методи на Александар Вучиќ, го разоткри вистинското лице на владата на Македонија.

СДСМ: ЦАРОТ Е ГОЛ

Како во приказната на Андерсен „Царот е гол“, денес е јасно дека премиерот Христијан Мицкоски, познат како „малиот Вучиќ“, поради слепото копирање на авторитарните методи на Александар Вучиќ, го разоткри вистинското лице на владата на Македонија, која ја претставува тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.

Мицкоски не е самостоен лидер, туку марионета под директно влијание од Белград, што ја доведува нашата земја во опасност од регрес и изолација од Европа.

Ова не е само наше обвинување, тоа го потврдуваат бројни извештаи и статии од европски и меѓународни медиуми.

Од пред два дена сè се промени: апсењето на Николас Мадуро од страна на американските сили, доведе до обвинувања за нарко-тероризам и перење пари.

Вучиќ, кој до вчера го фалеше Трамп, сега директно го напаѓа (лично и преку специјален координиран програм на своите медиуми), нарекувајќи ја акцијата „уништување на меѓународното право“ и закон на „посилниот“, и најавувајќи двојно зголемување на српските воени капацитети за „одбрана“.

Ова доаѓа откако Џаред Кушнер, зетот на Трамп, ја повлече својата фирма „Affinity Partners“ од проектот за изградба на „Trump“ хотели во Белград, поради корупциски скандал, апсења на министри и владини функционери, судски процеси и протести, според пишувањата на американските медиуми „New York Times“ и „The Week“.

Сето ова се случува поради паниката на Вучиќ дека тој може да биде следниот на листата на американски санкции за корупција и криминал.

Американскиот претседател Трамп најавува понатамошни акции во светот, нагласувајќи дека Колумбија е следна на ред поради обвинувања за „кокаински фабрики“ и дрога, предупредувајќи го претседателот Густаво Петро да „внимава на себе“.

Овде не е крајот, очигледно постои некоја подолга листа.

Северна Македонија, Србија и Црна Гора ги чека поставување на нови амбасадори, а се очекува и примена на нова американска политика, против криминал и корупција, со санкции за корумпирани лидери, каде што американски официјални лица истакнуваат проширување на „црната листа“ за политичари и бизнисмени вмешани во корупција и организиран криминал.

Ова е дел од Законот за демократија на Западниот Балкан од декември 2025 година, кој ја критикува корупцијата меѓу клучните лидери во Србија и регионот.

Сè започнува од сликовитиот опис на Србија под Вучиќ како „Венецуела на Европа“, како што го нарече германскиот либерално-конзервативен магазин „Tichys Einblick“ во статија од септември 2025 година.

Во текстот, Србија е прикажана како земја во која корупцијата галопира, независните медиуми се систематски демонтираат, а стратешките суровини (како литиумот) служат како политички штит на режимот.

Авторот на текстот истакнува дека Вучиќ ја користи моќта за да ги уништува критичарите, да ги контролира медиумите и да одржува авторитарен систем, со примери како забрана на независни медиумски канали и обвинувања за корупција во инфраструктурата.

Оваа слика на Србија е огледало на она што се случува во Македонија под коалицијата ВМРО-ЗНАМ и копирањето на моделот што води во пропаст.

Оваа врска се манифестира преку бизнис и корупциски врски меѓу СНС (партијата на Вучиќ) и ВМРО-ДПМНЕ (партијата на Мицкоски).

Пример е влегувањето на српската Алта Банка на македонскиот пазар, која е директно поврзана со СНС на Вучиќ.

Според пишувањата на медиумите, Алта Банка, сопственикот Давор Мацура (близок до Вучиќ), е обвинета за перење пари од корупциски шеми во Србија, а нејзиното влегување во Македонија (превземање на Стопанска Банка АД Битола) е овозможено само неколку месеци по доаѓањето на власт на коалицијата ВМРО-ЗНАМ.

СДСМ јавно обвини дека ова е „банка на Вучиќ“ која стана и банка за бизниси на Мицкоски и ВМРО-ЗНАМ, со сомнежи за потеклото на капиталот и врски со криминалци како Милан Радојчиќ, обвинет за обид да предизвика вооружен конфликт на Косово.

Од вчера, екстрадицијата на Милан Радојчиќ на косовските институции е поставена како услов за понатамошен продолжување на нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово.

Ова е дел од поширокото влијание на Вучиќ врз ВМРО и Македонија, каде што „српскиот свет“ (наведен во извештајот на ЕП), како националистички концепт што ЕУ го гледа како закана за стабилноста во регионот, се користи за да се блокираат ЕУ интеграциите на Северна Македонија.

На 7 септември 2025 година, српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ и поранешен директор на БИА, на државната комеморација на Кајмакчалан, во Македонија испрати порака оттаму започнало „враќањето во татковината“, и дека „Капијата на слободата“ низ која српската војска повторно „зачекорила во својата земја“. Немаше никаква официјална државна реакција за оваа изјава.

Според „EUObserver“ од ноември 2024 година, „српскиот свет“ на Вучиќ (копија на „рускиот свет“ на Путин) ја цели Северна Македонија, спречувајќи го нејзиниот напредок кон ЕУ.

„Balkan Insight“ од декември 2025 година истакнува дека ЕУ мора да ја зајакне улогата за да го „скрши“ овој проект и да го ограничи ова влијание во нашата земја.

Мицкоски, под влијание на Вучиќ, покажува дволичност во реакцијата на апсењето на Мадуро: ја поддржува акцијата на САД но истовремено не ја поддржува, тврдејќи дека не е почитувано меѓународното право и дека ова е „опасен преседан“ што го поткопува глобалниот поредок.

Веројатно, како и Вучиќ, се плаши што го чека, токму поради неговиот личен однос со Вучиќ.

Ова е уште еден доказ за неговата зависност од Белград, каде што ги копира ставовите на Вучиќ за да избегне притисок од Вашингтон.

Актуелниот случај „мигранти за пари“ покажува колку е ова опасно. Тие се подготвени на сè, за да ја зачуваат власта, па не бегаат ниту од преземање на мигранти што трајно можат да ги запрат ЕУ интеграциите, но и да доведат до загрозување на безбедноста на граѓаните на Македонија, имајќи предвид на кои лица се однесува овој договор.

Пред сè се мисли на лица со криминална историја. За ова показател е усвоениот предлог за измени на точките од Конвенцијата за човекови права (10 декември), на одредбите на Конвенцијата за депортација на мигранти кои имаат било каква врска со криминал.

За оваа тема, во последниот месец, британските медиуми известуваат за постоење на договор со македонската влада.

По нашите реакции и предлози за усвојување на Резолуција со која би се спречил таков договор, Владата ВМРО-ЗНАМ одговори со донесување на собраниска Резолуција по урнек на Хитлеровиот Декрет од 1933 година, која ја осудува опозицијата за ширење приказни за мигрантите, што всушност е обид да се ограничи слободата на говорот и критиката на сметка на корупцијата и откривањето на криминални дела, со кои се занимава Антикорупцискиот тим на СДСМ.

Оваа резолуција, усвоена со 65 гласа за, претставува директен напад врз демократијата, која веќе е критикувана во ЕУ извештајот за С.Македонија за 2025 година.

За ВМРО да го реализира овој договор, потребно е да се организираат избори и да се добијат уште четири години за имплементација на овој план, кој подразбира обезбедување на престој и работни визи за мигрантите, сместување и обезбедување на вработување со невозможност за депортација од земјата.

Некои земји во регионот официјално започнаа со овој процес, како Албанија.

На ова СДСМ веќе предупреди со детално објаснување на сите претстојни чекори, на кои веќе сега, сведоци се сите граѓани на Македонија.

Ненадејни, ненajавени, блиц - предвремени избори, за да се фати неподготвена опозицијата.

Објаснувањето би било, по моделот на Вучиќ, опозицијата бараше - еве и доби избори, со претходна најава: „опозицијата да внимава што сака - може да се оствари“, алудирајќи на предвремени избори.

Под власта на ВМРО во последните две години, Македонија назадуваше и на листата на „Transparency International“.

Во CPI индексот за 2024 (објавен 2025), паднавме од 76. на 88. место, со оценка од 42 на 40 поени, поради системска корупција и слабо владеење на правото.

Со сите овие елементи започнаа подготовките за изолација на Македонија, во случај на воведување црни листи и санкции за членови на владејачката коалиција, од страна на Американската влада.

Една од работите што паралелно се случува се и предизвикувањата на намерен конфликт со Бугарија и со тоа оправдување за да не продолжат преговорите, со објаснување за постоење на уцени од ЕУ членки, а целта е да се запрат ЕУ интеграциите.

Владата дури и одбива разговори на оваа тема, блокирајќи ги ЕУ преговорите, за да го одржи националистичкиот наратив, потребен за кампањата, а под дополнително влијание од Белград.

Владата не само што не го решава проблемот, туку го продлабочува со повторно отворање на тема за македонскиот јазик и со изјави за лажни проблеми, кои вчера ги демантираше и Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Документот што требаше да биде технички чекор напред, прерасна во нов политички судир.

Втор конфликт што се создава со иста намера за кампања се случи само пред неполн месец, по изјавата на Мицкоски дека веќе е вртено старото име, следеа реакции од грчкото Министерство за надворешни работи.

Ова се сите делови од посебна анти-ЕУ кампања која има за цел да предизвика негативна реакција кај граѓаните (гласачите) кон Европската унија, со што ВМРО добива олеснителна околност за оправдување на запирањето на процесот на интеграција во европското општество. Сè има подлабока позадина, а тоа е дека оваа владејачка коалиција не смее да дозволи контрола на обвинителството и судовите на Европската унија, туку само на домашното правосудство, кое сега е под нивна целосна контрола, со усвојување на нови Собраниски закони за правосудството и обвинителството, кои ќе бидат уште еден камен на сопнување во отворањето на кластерите.

Идентична работа прави и Вучиќ во Србија, како примерот на намерно дезинформирање на населението за воведување санкции за транспорт на гас од 01 јануари 2026 година, што Европа го демантираше, дури и преку силна реакција (крајот на октомври) на комесарката за проширување Марта Кос, која на изјавите на Вучиќ за санкциите, реагираше дека е „апсолутна лага и дека наместо тоа, ЕУ ја поддржува Србија да ги диверзифицира сите извори на снабдување и да се интегрира во енергетските мрежи на ЕУ.“

Заедно со ова, Вучиќ токму преку Собраниски закон се обидува да го укине Обвинителството за организиран криминал, кое води процеси околу коруптивни активности што доведоа до падот на надстрешницата во Нови Сад и случајот Генералштаб - фалсификување документи за Трамп проектот.

ВМРО постојано ги копира кампањите на СНС од Србија, особено кампањите што започнаа од кога се организирани протестите во Србија, од декември 2024 па до денес. Анти-ЕУ кампања, поделба на општеството (изјави на Мицкоски за секој неистомисленик: „талог на општеството“ и „медиокритети“) и слично.

Колку далеку оди соработката на Мицкоски со Вучиќ? Покажува примерот кога Мицкоски правеше кампања заедно со Вучиќ дури и со настраданите во Кочани, кога со камери влегоа во одделението за интензивна нега, каде што не смее да влезе никој што не е во стерилна опрема кај луѓе со такви изгореници. Вучиќ ги злоупотреби повредените што лежеа во Србија за својата кампања, доведувајќи ги во опасност, само за да покаже како тој се грижи за настраданите. Затоа што имаше протести поради настрешницата во Нови Сад. А Мицкоски копирајќи го него ги загрози луѓето на интензивна нега во Македонија само заради заедничката кампања со Вучиќ. Copy-paste сценарио.

СДСМ предупредува веќе подолг период за„copy-paste“ тактиките на ВМРО: користење на одредени медиуми кои ги има под своја контрола за кампањи против опозицијата, слично на она што СНС го прави против демонстрантите во Србија, според извештаите на многубројни светски и регионални медиуми.

Директното влијание на ВМРО врз поединечни медиуми се очигледни, според извештајот на „Freedom House“ за 2025 година, измените на Законот за аудиовизуелни медиуми кои овозможуваат државни реклами во приватни медиуми доведува до политичко влијание.

„Shadow report“ од јуни 2025 година открива дека преку 10 милиони евра се потрошени на политичка пропаганда.

Исто така, фабрикување лажни вести, вклучително „deepfakes“ против опозицијата, е документирано во „Balkan Insight“ од септември 2025 година.

„Reporters Without Borders“ нè рангира на 42. место во „World Press Freedom Index“ 2025 година, со предупредувања за притисоци врз новинарите од власта на ВМРО.

Дополнително, ситуацијата околу Вучиќ се влошува и на судски процеси во Црна Гора, каде што се споменува тој, неговиот брат Андреј Вучиќ и поранешниот министер за полиција Небојша Стефановиќ во врска со организиран криминал.

Според New York Times, во текстот под наслов: „Претседателот, фудбалските хулигани и подземјето - ‘Куќа на ужасот’“ Вучиќ е поврзан со шефот на криминалната група Вељко Беливук. На затворени судски сослушувања, Беливук и неговата група признаа дека работеле за државата. За страшните случувања поврзани со оваа група, пишуваа многубројни медиуми.

Sky преписки (заштитена комуникација), објавени во медиуми како „Vijesti“, откриваат комуникации на трговци со дрога кои го споменуваат „Оскар“ како организатор на криминалната група, а Вучиќ негира дека тоа е тој, додека медиумите претпоставуваат дека се работи токму за него.

Целата ситуација кулминира со Трамповиот закон за Западниот Балкан, потпишан во декември 2025 година, кој воведува санкции за корумпирани лидери и дестабилизирачки актери.

Законот, според пишувањата на „Serbian Times“ и „EUAlive“, ја критикува Србија за нефер избори и корупција меѓу лидерите.

Ова е јасна порака: корупцијата и криминалот на Балканот, вклучително врските меѓу ВМРО и СНС, нема да бидат толерирани.

Мицкоски и неговиот „модел на Вучиќ“ нè водат во изолација, како што тоа сега може во секој момент да ѝ се случи на Србија.

Време е да се разбудиме и да се вратиме на патот на демократијата и ЕУ.

СДСМ повикува на единство против политиката на режимот ВМРО-ЗНАМ, која е насочена кон изолација на Македонија и дистанцирање од влијанието на Александар Вучиќ, режим кој нашата земја ја турка во пропаст, само за да ја зачува својата власт и личната безбедност, надвор од досегот на правдата.

Не смееме да дозволиме, ниту на нашите деца, да се вратиме во темнината што ја живеевме под Никола Груевски и Сашо Мијалков само пред 10 години.

Борбата за слободна, демократска и европска Македонија започна!

Не ни треба еден лидер, ни треба систем!

Царот е гол!

Време е да го симнеме од престолот!

Скопје, 06.01.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Брачен пар од Рот ам Зе (округ Швебис Хол) во Германија е осуден на долги затворски казни од Регионалниот суд во Елванген за сериозно сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека неговата 41-годишна сопруга доби казна од девет години и шест месеци, пишува Nezavisne.com.

Во овој случај учествувал и нивниот семеен пријател, 54-годишен маж со двојно државјанство на Босна и Херцеговина и Хрватска, кој моментално е во бегство. По него е издадена меѓународна потерница. Според обвинението, германскиот пар му ја дал својата ќерка на овој маж, третирајќи ја како предмет на сексуална експлоатација.

Девојчето ѝ се доверило на својата наставничка

Според обвинението, родителите постојано ја принудувале нивната тогаш 11-годишна ќерка на сексуални односи во период од повеќе од една година. Подоцна, се сомнева дека нивниот семеен пријател, по потекло од Босна и Херцеговина, кој има и хрватско државјанство, исто така се придружил на злоставувањето.

Во обвинението се наведува и дека родителите му се заканувале на девојчето со електрошокови за да ја принудат да молчи. Истражителите се сомневаат дека таткото имал значителни долгови кон 54-годишниот познаник.

Случајот стана јавен откако девојчето ѝ кажала на својата наставничка за сè, која веднаш ја известила надлежната служба за заштита на деца и млади, која од февруари се грижи за девојчето, кое сега има 13 години. За време на судската постапка, родителите го искористиле своето право да не презентираат одбрана.

Контроверзната судска одлука предизвика вџашеност

За време на постапката, одлуката на судечкиот совет да ги ослободи обвинетите од притвор во јули привлече особено внимание. Во тоа време, судот процени дека нема доволно основа за итно сомневање дека сториле кривични дела, што е еден од условите за наредба за притвор.

Портпаролот на судот објасни дека во тој момент постоела можност обвинетите да бидат осудени, но дека нивната вина сè уште не била сигурна. Девојчето сè уште не било сослушано, а бидејќи родителите одбиле да се изјаснат за обвиненијата, судот се нашол во ситуација каде што имало две спротивставени верзии за настаните.

Сепак, Вишиот регионален суд во Штутгарт не се согласил со оваа проценка. Во август, повторно ја активираше потерницата за таткото и семејниот пријател. Сепак, дотогаш веќе беше предоцна да се спречи бегството на 54-годишникот, кој го искористил периодот на слобода за да ја напушти земјата.

Според властите, бегалецот најверојатно е некаде во Источна Европа. Портпаролот на судот потврди дека мажот, покрај хрватското, има и државјанство на Босна и Херцеговина, што би можело да го комплицира процесот на екстрадиција.

Таткото веќе бил осудуван

Судскиот совет ги отфрли тврдењата дека имало сериозна грешка во правдата за време на постапката. Судот рече дека одлуките се донесени врз основа на доказите и информациите што им биле достапни во тоа време.

Таткото веќе отслужувал затворска казна во Северна Рајна-Вестфалија за обид за измама. Претходно бил осуден и за дистрибуција на порнографски материјал.

За разлика од него, мајката била уапсена дури минатата недела. Една од клучните причини за проценката дека постои ризик од нејзино бегство беше психолошката експертска проценка на сведочењето на девојчето, која судот ја оцени како особено значајна.

Во случаите на сексуална злоупотреба, експертската анализа на сведочењето на жртвата игра важна улога во утврдувањето на фактите и донесувањето судска одлука. За време на сослушувањето, 13-годишното девојче го даде своето сведочење за насилството што го претрпела преку видео-снимка. Снимката, како и наодите и мислењето на вештакот, беа дискутирани на затворена седница, без присуство на јавноста.

Сомнителни финансиски трансакции на двојката

Дополнително, против мајката се води посебна постапка поради сомнение за злоупотреба на хуманитарни донации. Според истрагата, таа собрала пари преку платформата GoFundMe, презентирајќи им лажни информации на донаторите.

Надлежните органи истражуваат и сомнителни финансиски трансакции на банкарските сметки на двојката. Банките пријавиле сомневања за можно перење пари до надлежните институции. Според досегашните сознанија на истражителите, 54-годишен маж кој е во бегство бил исто така вмешан во спорните финансиски трансакции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)

Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни.

Пијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)

Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни да собере повеќе од 290.000 долари, објави Засолништето за животни во округот Хановер, објави АП.

Ракунот стана глобална медиумска сензација откако менаџерот на продавницата го пронашол во несвест покрај тоалетот неколку часа по провалата.

YouTube video

Засолништето купува камери

Животното се опоравило и било пуштено во дивината, на околу една милја од продавницата во Ашланд.

Неговата авантура инспирирала скеч во емисијата „Saturday Night Live“, а Засолништето за животни во округот Хановер ја искористило неговата популарност за да собере пари со продажба на маици, дуксери со качулки, капи, шолји и налепници со зашеметениот ракун.

Производите го носат слоганот „Wacky Panda“, додека се создадени тематски колекции за лето и Ноќта на вештерките.

Директорот за заштита на животните во округот Хановер, Џефри Паркер, рече дека собраниот износ е многу пати поголем од вообичаените годишни донации на засолништето, кои обично не надминуваат 20.000 долари.

Дел од парите ќе бидат искористени за купување камери за тело што ги носат осум службеници за заштита на животните.

Камерите ќе им овозможат да собираат докази во случаи на злоупотреба на животни, како и да ги документираат постапките на службениците за време на интервенциите.

YouTube video

Проба алкохол од повеќе шишиња

Локалната самоуправа едногласно го одобри купувањето на камерите на 28 октомври, а се очекува службениците да почнат да ги користат околу јануари.

Паркер рече дека сака дел од преостанатите пари да се издвојат за фонд за финансирање на третманот на повредени животни пронајдени за време на интервенциите.

„Не знам кога некогаш сме му должеле на животно толку голема благодарност како што му должиме на овој ракун“, рече членката на локалната самоуправа Феј Причард.

Ракунот се скрши и веројатно вкусил алкохол од неколку шишиња во продавницата, вклучувајќи рум, виски, вотка и други жестоки пијалоци.

Откако беше пуштен во дивината минатиот ноември, контролата на животните не добила ниту еден извештај за друга провала на ракун, рече Паркер, изразувајќи надеж дека животното сега живее мирен живот.

Продажбата на сувенири сè уште е во тек, а за да се одбележи годишнината од необичната провала, во продажба се појавија нови маички со слоганот: „Една лоша ноќ. Многу добри дела“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне

Иран нема да дозволи ниту една честичка збогатен нуклеарен материјал да ја напушти земјата, а во случај на нови напади на САД врз Исламската Република, ќе има последици, изјави шефот на иранската безбедност Мохсен Резаи во телевизиско обраќање.

Иран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне

Резаи зборуваше за либанската телевизиска станица Ал Мајадин, која е блиску до Иран, откако американските претставници ја намалија потребата од дополнителни воени дејствија против Иран.

Аналитичарите посочија на помирувачкиот тон на американскиот претседател Доналд Трамп по поразот на републиканците на изборите за Конгресот во САД одржани на 3 ноември.

Резаи рече дека во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон.

„Ќе одговориме на секој нов напад на САД со таргетирање на американските бази далеку од нас“, рече тој.

Врховниот лидер на Иран издаде директива со која наредува иранскиот ураниум збогатен на нивоа блиски до оние потребни за производство на нуклеарно оружје да не може да се испраќа во странство, изјавија двајца високи ирански претставници во мај.

„Ни треба збогатен материјал за дизајнирање бродови и подморници на нуклеарен погон“, рече Резаи, додавајќи дека Техеран ја информирал Москва дека неговиот збогатен нуклеарен материјал ќе остане во земјата и „ќе го користиме ние самите“.

Русија претходно понуди да зема збогатен ураниум од Иран како дел од потенцијален договор за ублажување на загриженоста на САД, но рече дека Техеран е тој што треба да одлучи дали да го отстрани од земјата.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека Иран имал 440,9 килограми ураниум збогатен до 60 проценти - ниво далеку над она што било потребно за цивилна употреба кога Израел и САД ги нападнаа иранските нуклеарни објекти во јуни 2025 година. Не е познато колку од тој материјал ги преживеал нападите.

Израел, САД и другите западни земји долго време го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје. Иран ги негира обвинувањата.

Вашингтон изјави дека нуклеарните прашања мора да бидат дел од сите почетни разговори со Иран насочени кон прекин на војната меѓу двете земји. Иран достави нуклеарен предлог до САД, преку Катар, кој ќе се дискутира дури откако Вашингтон ќе исполни седум барања што ги постави Техеран, изјави висок ирански функционер за Ројтерс минатата недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер