СДСМ: 2026 ќе биде економски тешка година за граѓаните, следуваат избори па мигранти - Канал 5

СДСМ: 2026 ќе биде економски тешка година за граѓаните, следуваат избори па мигранти

2026-та ќе биде тешка година за граѓаните, во буџетот нема пари за зголемување на платите на работниците, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за намалување на високите цени. 

СДСМ: 2026 ќе биде економски тешка година за граѓаните, следуваат избори па мигранти

Веќе недостасуваат 1 милијарда евра. Сè е поскапено, а поскапувањето на струјата ќе повлече зголемување и на другите цени.

Бидејќи следуваат избори па мигранти оваа година Владата до изборите ќе се обидува со манипулации и мачкање очи да ги излаже граѓаните.

Се најавува повторно минимално зголемување на пензиите кое инфлацијата и поскапувањата веќе го изеде. Но, минималното зголемување на дел од пензиите на власта и треба само за купи мир до изборите.

Се најавува купување електрични локомотиви а нема да има струја. Власта се расфрла со ветувања за мали деца само до изборите, сè заради гласови бидејќи ја губи поддршката од граѓаните од ден на ден.

А потоа, кога сè ќе помине – од каде пари? Од договорите мигранти за пари. Шест милијарди за покривање на буџетските дупки и за уште 1.161 тендер, за ортаклукот на ВМРО-ЗНАМ и за испумпување пари од граѓаните.

Затоа 2026 година ќе биде тешка. По изборите сè ќе излезе на виделина. Тогаш проблемите ќе се „решаваат“ со уште поголем проблем – мигранти.

Веќе гледаме дека и со сè уште мал број мигранти, власта на ВМРО-ЗНАМ не е способна да обезбеди соодветна безбедност за граѓаните. Да се потсетиме само на неодамнешното демолирање на кампот за мигранти во Табановце или тепачката за Нова година на плоштадот во Скопје.

Замислете што ќе се случи кога Македонија ќе ја наполнат со „економски работници“, поради кои се менуваше и Законот за странци. Кога ќе дојдат со дозвола за престој и работа, со обезбеден сместувачки капацитет и работно место… тогаш веќе нема ЕУ. Тука сме каде што сме – изолирани, како црна дупка, вратите на Европа повеќе не се отвораат.

Така ВМРО ја планира 2026 година. И не заборавајте: покрај шесте милијарди кредити што ќе ги отплаќаат нашите внуци, следуваат и 20.000 фунти по мигрант – неповратни средства. Но сите знаеме: кога нешто е „бесплатно“, секогаш чини многу повеќе. За почеток, помислете само колку ќе чини сместувањето за сите нив.

Да потсетиме: ова не се обични мигранти. Европската Унија ја менува Конвенцијата за човекови права, кај нас ќе доаѓаат оние што повеќе не ги сакаат во своите држави. Затоа да биде јасно на сите: нема место за ксенофобија, но има – за криминал и корупција.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пациенти од онкологија ќе протестираат пред Министерството за здравство поради недостиг на терапија

Пациенти од Клиниката за онкологија и радиотерапија денеска ќе протестираат пред Министерството за здравство поради недостиг на терапија. 

Пациенти од онкологија ќе протестираат пред Министерството за здравство поради недостиг на терапија

Од Клиниката велат дека станува збор за краткотрајно доцнење и дека најголем дел од лековите веќе се испорачани.

Неколку пациентки денеска симболично ќе излезат пред Министерството за повторно да предупредат на честите прекини во снабдувањето со потребните лекови. Од клиниката, пак, соопштија дека кај мал дел од препаратите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување било евидентирано „краткотрајно доцнење во испораката“, кое го поврзуваат со повеќе фактори – зголемена потрошувачка, поголем број пациенти, периодот меѓу две јавни набавки и делумен недостиг кај дистрибутерите.Најголемиот дел од потребните препарати веќе се обезбедени и доставени на клиниката, додека преостанатите количини се очекува да бидат достапни во текот на оваа недела“, соопштија од установата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

6 август еден од најстрашнитеденови во историјата, фрлена атомска бомба на Хирошима

Американските бомбардери со месеци ги напаѓаа јапонските градови, но ништо не можеше да се спореди со бомбата фрлена врз градот Хирошима на 6 август 1945 година. 

6 август еден од најстрашнитеденови во историјата, фрлена атомска бомба на Хирошима

Утрото на 6 август 1945 година во Хирошима започнува ведро и топло. Луѓето одат на работа, учениците се собираат за своите дневни обврски, продавниците се отвораат, а трамваите се движат низ градот. Војната трае речиси шест години, но Хирошима дотогаш е поштедена од масовните воздушни напади што веќе уништиле многу други јапонски градови.

Во 8 часот и 15 минути, над градот се појавува бела светлина посилна од сè што човечкото око дотогаш го видело.

Американскиот бомбардер Б-29 „Енола Геј“ ја фрла ураниумската атомска бомба со кодно име „Little Boy“. Четириесет и три секунди подоцна таа експлодира на височина од околу 600 метри над центарот на Хирошима.

Американските бомбардери со месеци ги напаѓаа јапонските градови, но ништо не можеше да се спореди со бомбата фрлена врз градот Хирошима на 6 август 1945 година. Тој ден, светот се запозна со нуклеарното војување. Наредбата беше издадена од американскиот претседател Хари С. Труман откако доби вест дека првата нуклеарна бомба е успешно тестирана на локацијата „Тринити“. Соединетите Држави развиваа нуклеарна технологија уште од 1942 година, а многумина во военото раководство сакаа да видат што може да постигне такво оружје. Бомбата првично беше наменета за Хитлерова Германија, но војната во Европа заврши пред таа да може да биде тестирана. Сега, остануваше само Јапонија. Јапонската војска водеше крвава битка за секој остров, секоја база и секој километар.

Сепак, до летото 1945 година, беше јасно дека тие ќе загубат. Постапувајќи според наредбите на Труман, американскиот бомбардер Б-29 наречен „Енола Геј“ (Enola Gay) на 6 август фрли нуклеарна бомба што содржеше 60 килограми ураниум, од височина од 9.400 метри. Таа го носеше името „Мало момче“ (Little Boy).

Во првичните секунди загинаа меѓу 70.000 и 80.000 луѓе, а во месеците што следеа, бројот на жртвите се искачи на 140.000 поради последиците од зрачењето. Преживеаните се преселија во областите околу градот.

Бомбата беше фрлена како демонстрација на сила и предупредување до Советскиот Сојуз – со кој САД влегуваа во нов конфликт – додека како оправдување беше наведена битката за Окинава, во која животот го загубија повеќе од 100.000 јапонски војници, околу 150.000 цивили и 12.000 американски војници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски:Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август

Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август. 

Клековски:Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август

Ова во емисијата вести плус на Канал 5 го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски додавајќи дека епидемиолошката состојба во градот постепено се стабилизира.

За регистрираните случаи со западнонилска треска годинава тој посочи дека најмногу се од скопскиот регион и од Велес, посочувајќи дека околу живеалиштата на заболените се спроведени вонредни прскања против комарци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер