3Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ЖивотСБ на ОН побара од талибанците да ги укинат ограничувањата за девојките и женитеСоветот за безбедност на ОН ги повика властите на авганистанските талибанци веднаш да ги променат ограничувачките политики и практики, со кои им се оневозможува правото на жените и на девојките на образование, вработување и слобода на движење.„Таквите ограничувања се спротивни на очекувањата на меѓународната заедница и обврските на талибанците кон авганистанскиот народ", соопшти Советот за безбедност. Кога талибанците за прв пат управуваа со Авганистан од 1996 до 2001 година, за жените и девојчињата беа воведени строги ограничувања, тие немаа право на образование и учество во јавниот живот. Откако американските сили ги соборија талибанците од власта по нападите од 11 септември во САД, авганистанските девојки дваесет години се школуваа, многу од нив станаа лекари, адвокати, судии, пратеници и сопственички на бизниси. Кога талибанците повторно ја презедоа контролата во земјата во август минатата година по повлекувањето на силите на САД и на НАТО од Авганистан, тие ветија поумерена форма на исламско владеење. Ветувањето се однесуваше на правото на жените да продолжат со своето образование и работа надвор од домот и отсуство на строги правила во облекувањето. Последните неколку седмици талибанците повторно воведуваат строги правила на владеење, потврдувајќи ги стравувањата на активистите за човекови права и дополнително комплицирајќи ги односите меѓу властите во земјата со меѓународната заедница. На почетокот на овој месец, талибанците донесоа наредба за целосно покривање на жените во јавноста, како и забрана за излегување од домовите освен во неопходни случаи. Талибанското раководство исто така им забрани на девојчињата да одат на училиште по шесто одделение, а воведе и наредба со која се бара и од водителките на телевизиите да носат фереџе врз лицето додека се во програма. Во соопштението од Советот за безбедност, што го поддржаа и Русија и Кина, се бара од талибанците да ги променат воведените одлуки и неодложо да им се дозволи на децата да се вратат на училиште. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ресен и Преспа со нови проекти за подобра иднинаРесен и Преспа со нови проекти за подобра иднина, пешачко-велосипедска патека во должина од 180 километри, нови улици и грижа за најмладите.Општина Ресен продолжува со унапредување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Развојот на инфраструктурата е еден од најзначајните предуслови за подобар живот на граѓаните. Во изминатава година реализирани се повеќе активности во оваа област како реконструкција на патен правец Мост на Голема Река до раскрсница со Депонија, хидротехнички истражни работи во с.Штрбово ( бушотина за вода), изведба на примарна водоводна мрежа и асфалтирање на ул„Наум Веслиевски“ крак 1 и крак 2 по постоечка состојба, изведба на примарна водоводна мрежа со куќни приклучоци на ул„11-ти Септември“ и ул„Бигла“, изградба на атмосферска канализација на дел од ул „Борис Кидрич“, примарни фекални канализациони системи во Долно Дупени, Крани, Стење, Брајчино, а во тек е изградби на пречистителни станици за истите. Исто така отпочнати се градежни активности за изградба пешачко-велосипедска патека од 180 километри низ Преспа, со поддршка од Европската Унија, за развој на туризмот и промоција на природните убавини. Се работи на подобрување на комуналните услуги преку набавка на два камиони за отпад, кипер и мини багер за потребите на јавното комунално претпријатие. Се прави реконструкција на улици и водоводна и канализациска мрежа, со цел подобра инфраструктура и поквалитетни услуги за граѓаните. Инвестициите во образованието, грижата за најмладите и создавањето подобри услови за нив, се инвестиции во иднината на општината. Општината дава поддршка на секое запишано прваче и за секој запишан средношколец во прва година на средно образование во нашата општина. Воедно, локалната самоуправа дава поддршка на секое првородено дете, како и на ранливите категории граѓани, старите лица и семејствата на кои им е потребна помош. Со континуирани инвестиции и посветена работа, Општина Ресен гради подобри услови за живот и нови можности за развој на Ресен и Преспа, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
МетеоПроменливо облачно време со сончеви периоди и температура до 21 степен Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопштуваат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -1 Берово, 1 Битола, 2 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, Лазарополе, 3 Тетово, Прилеп, Велес, Куманово, 4 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Попова Шапка, 5 Претор, Крушево, Маврови Анови, 6 Охрид, Виница, 7 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинствоПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година во Будимпешта.Во рамките на меѓународната програма, таа ја проследи свечената седница на Националното собрание на Унгарија, на којашто се обратија неговата претседателка, Агнеш Форстхофер, унгарскиот претседател Андреш Бака, претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и министерот за финансии на Норвешка, Јенс Столтенберг. Унгарскиот претседател Бака се осврна на идеалите и историското значење на револуцијата во 1956 година. За него, седум децении потоа, европската демократија и солидарност повторно се исправени пред голем предизвик. Тој повика на меѓусебна почит, одговорност и разбирање. Вон дер Лајен и Кошта го потенцираа европското единство, ги поздравија демократскиот напредок и реформите во Унгарија и ги нагласија придобивките коишто земјата ги стекнала со членството во ЕУ изминативе 22 години. Со едноминутно молчење, присутните оддадоа почит кон жртвите на револуцијата. На свечената седница беше прикажан и документарен филм. За Сиљановска-Давкова Унгарската револуција е траен симбол на храброст, слободољубивост и достоинство на еден народ. Според неа, чест е да се присуствува и да се оддаде признание на овој значаен историски настан, не само за Унгарија, туку и за Европа. „Убаво е да се чујат највисоките претставници на ЕУ, кога велат дека Унгарската револуција има голем придонес во изградбата на демократијата, дека вреди да се бориме сите за Европа, како наш заеднички дом“, изјави претседателката. Централниот комеморативен собир се одржа на плоштадот „Лајош Кошут“. Сиљановска-Давкова присуствуваше на гала свеченоста во Унгарската државна опера и на приемот во Музејот на ликовните уметности, чијшто домаќин беше премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21