Сашо Клековски и Петар Арсовски во „Само вистина“

Почитувани гледачи, вечерва во Само вистина ќе дебатираат Сашо Клековски и Петар Арсовски.

Со динамичен старт и инвестиции, новата влада поставува високи очекувања.

Ќе го искористиме ли " ветерот во грб" од најавените инвестиции?

Европскиот пат или засукани ракави и внатрешни реформи, што ќе им го подобри животот на граѓаните?

Ќе научи ли ДУИ да биде конструктивна опозиција или ќе го бојкотира Собранието?

Каков лидер и треба на СДСМ, ќе имаат ли социјалдемократите доволно сила и кадри да ја вратат силата на партијата?

“Северна” не престанува да ја бранува јавноста, Атина лута, Софија порачува дека нема да толелира антиевропски пат. Инаетење или заземање цврст став, што ќе му каже Мицкоски на Мицотакис во Вашингтон?

Вечерва во Само Вистина, Јана Јосифоска со Сашо Клековски и Петар Арсовски, по вестите во 18.

Папата Франциск сака да ја посети Турција по повод 1.700-годишнината од Соборот во Никеја

 Папата Франциск изрази желба да ја посети областа Никеја во 2025 година по повод одбележувањето на 1.700-годишнината од првиот Вселенски собор.

„Тоа е патување што сакам да го направам со целото мое срце“, рече денеска папата, поздравувајќи ја делегацијата на Вселенската патријаршија од Константинопол, која е во Рим на празникот на светите Петар и Павле, основачите на Римската црква.

Делегацијата на Католичката црква традиционално возвраќа со посета на Истанбул на празникот на Свети Андреј, за кого традицијата вели дека ја основал црквата во Константинопол, пренесува „Ватикан Њуз“.

Во своето обраќање до делегацијата, папата укажа на „длабоките врски“ кои ги обединуваат двете Цркви, како и на „цврстата определба за заеднички напредок“ кон обновување на единството меѓу нив.

„Дијалогот меѓу нашите Цркви не претставува ризик за интегритетот на верата, туку е неопходност што произлегува од нашата верност кон Господа, кој нè води до целосната вистина преку размена на дарови и под водство на Светиот Дух“, рече папата Франциск.

Тој ги повика источните православни цркви во своите молитви да ја следат и поддржуваат претстојната Света година „за да не изостанат изобилните духовни плодови“, истакнувајќи дека Господовиот пат „секогаш е пат на љубовта, помирувањето и милосрдието“.

Папата Франциск потсети на бројните средби со актуелниот вселенски патријарх Вартоломеј Први, особено на нивната средба во Ерусалим во 2014 година по повод 50-годишнината од историската средба меѓу папата свети Павле Шести и Атинагора Први.

Вреди: Застанавме на страната на граѓаните

Владата кажа „стоп“ за покачувањето на цената на струјата.

ВЛЕН застанува на страната на граѓаните. Нашата заедничка Влада и парламентарното мнозинство кажа СТОП на покачувањето на цената на струјата за малите потрошувачи и домаќинствата.

Покажавме дека може и поинаку. Сценариото на ДУИ за оставање во наследство ценовен шок за создавање незадоволство кај граѓаните за новата Влада не успеа. Затоа што ВЛЕН е домаќинска партија која му служи на народот.

Денес, на првата владина седница уште добри вести. Пензионерите ќе го добијат ветеното линеарно покачување, затоа што заслужуваат достоинствени пензии. Посветено работиме за општото добро.

Коалиција „Влен“/ БЕСА

Таравари: Веднаш е интервенирано по поплавата во „8 Септември“

Веднаш е интервенирано од компанијата која што ги одржува салите.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната поплава која се случи во две операциони сали во ГОБ „8 Септември“, изјави дека по поплавата веднаш е интервенирано од компанијата која ги одржува салите, и потврди дека за ова ќе се сноси одговорност.

-Поплавата се случила вчера, за денеска немам информации. Секако, веднаш е интервенирано од компанијата која што ги одржува салите, односно прави сервис на салите. Денеска добив информација дека сме на пат на решавање на тој проблем. Нормално, одговорност ќе има, рече Таравари.

На прашање дали ќе има одговорност и за хируршките клиники, со оглед на тоа што компресорот требало да биде сменет пред три, четири години, Таравари одговори дека компресорката станица е изградена некаде пред 32-33 години, а последниот сервис е направен во 2015 година.

-По информациите кои што ги добивам, компресорката станица е изградена некаде пред 32-33 години, секои десет години е сервисирана. Последниот сервис ако не се лажам е направен во 2015 година. Сервис морало да се направи на секои десет години, така што не е дека не е сервисирана, туку проблемот е што се амортизира. Едноставно, одредени работи по одредено време веќе не функционираат како што треба, изјави Таравари, по средбата со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

притисни ентер