ЖивотЉубовната трилер-приказна за жената во која се вљубил Џулијан АсанжПриказната за Стела Морис е како шпионско-романтичен филм. Се омажила за затвореник, двапати забременила под нивниот шатор во Амбасадата и ги криела пелените на своите деца затоа што, како што вели - ЦИА сакала да дојде до ДНК од нив.Џулијан Асанж е ослободен од затворот во Лондон, откако се договори со американските власти да се изјасни за виновен за прекршување на Законот за шпионажа на САД, во замена за сите други обвиненија против него да бидат отфрлени и тој да биде на слобода. Асанж, кого Американците со години го бараа под обвинение за шпионажа, претходно беше во егзил во Амбасадата на Еквадор во Лондон, а потоа помина пет години во строго обезбедуваниот затвор „Белмарш“ во британската престолнина. Откако конечно пристигна во родната Австралија, на аеродромот го пречека неговата сопруга Стела. Следи нејзината приказна... Стела ја запознала љубовта на својот живот, но не кажала никому за тоа. Потоа имала и деца со него, но не можела ниту за тоа да каже никому, дури ни на најблиските пријатели - кој е нивниот татко, бидејќи тоа може да го загрози целото семејство. И тогаш конечно му откри сè на светот - само за да ја спречи неговата екстрадиција од Лондон во САД каде што на Асанж му се закануваше затворска казна до 175 години. Стела и Џулијан шест години успевале да ја кријат својата врска од јавноста. Кога се дозна дека имале две деца додека тој престојуваше во Амбасадата на Еквадор, поголемиот син Габриел имал речиси три години, а помалиот Макс - една година. - Бев во Амбасадата каде што властите беа непријателски настроени кон Џулијан. Му се закануваа дека ќе го протераат. Имало и членови на обезбедувањето кои тајно работеле за ЦИА. Ми рекоа и да не го носам бебето таму бидејќи не е безбедно, а и на мајка ми ѝ се закануваа. Па, како да седите и да разговарате за тоа со вашите најдобри пријатели преку „Мартини“, раскажува Стела. Во меѓувреме, таа го променила и своето име за да се заштити себеси и своето семејство. Имено, Стела Морис порано се викала Сара Гонзалес Девант. Родена е во Јоханесбург, Јужна Африка, и живеела во Боцвана, Лесото, Шведска и Шпанија пред да оди на универзитет во Велика Британија. Нејзиниот татко е Кубанец, архитект и уметник, а мајка ѝ е Шпанка и е театарска режисерка. Кога првпат го запознала Асанж во 2011 година, таа била млада, 28-годишна адвокатка. Верувала во „Викиликс“ и во тоа дека таа непрофитна медиумска организација ја разоткрива корупцијата и воените злосторства на начин каков што дотогаш не бил виден. Како стручњак за меѓународно право, таа е ангажирана како дел од правниот тим на Асанж. Официјално го променила своето име во Стела Морис во 2012 година. Тоа, се чини, е инспирирано од „Стела Марис“ - еден од латинските називи за Дева Марија. Денес, вели, сите ја нарекуваат Стела освен нејзините родители. Адвокатката и клиентот брзо откриле дека имаат многу заедничко. И двајцата, вели, верувале во слободата на информирање, оти биле слично воспитани. - Мислев дека тоа е убава случајност. Тоа не е комбинација којашто често се среќава, рече Стела во една прилика. - Тој беше фасцинантен од самиот почеток. Имаше многу интензивен изглед. Не прави празни муабети. А, сакаше да знае од каде сум. Денот кога го запознав, разговаравме два часа. Му кажав за мојот живот. Џулијан не е како никој што сум го сретнала. Тој е многу директен, привлечен, паметен, љубопитен, додаде таа. Кога по неколку години дознала дека е бремена, морале да бидат уште подискретни. Својата бременост ја криела во широка облека и со лагите дека се здебелила. Кога го родила својот прв син, го донела и во амбасадата. Стела објаснува како во 2017 година „Американците се обиделе да добијат ДНК од пелената“, вели, за да дознаат дали Асанж е таткото на Габриел, но не успеале во тоа. Во ноември 2018 година, таа престанала да оди во Амбасадата. Била бремена со нивното второ дете и се плашела дека доколку биде откриена, тоа ќе биде искористено како повод за протерување на Асанж од Амбасадата. Се обидела да одржи средба по раѓањето на Макс, но не ѝ било дозволено да влезе во дипломатската институција. Следниот пат кога Стела го видела Џулијан - бил во затворот „Белмарш“, пет месеци подоцна. Тука и се венчале - во затворот. - Ми беше тешко како самохрана мајка, но семејството ми помогна многу, вели Стела. Џулијан ги гледал своите синови во затворот, а нејзината лојалност кон него, вели, е апсолутна. Прашана, дали го гледа Асанж во нивните синови, Стела вели: - О, да. Тие се тврдоглави. Со силна волја. Но, претпоставувам дека тоа веројатно важи и за мене. Да, го гледам многу во нив. Пред ослободувањето, Стела не им кажала на децата дека нивниот татко ќе биде ослободен. Како што вели - никој нема да може да ги спречи пет и седумгодишното момче да викаат со полни бели дробови, кога ќе дознаат за тоа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФон дер Лајен во СкопјеПретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска доаѓа во официјална посета на Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.Како што соопшти владината прес-служба, Фон дер Лајен ќе има тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски, по која ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата. Премиерот Мицкоски во пресрет на посетата на Фон дер Лајен, во изјава за медиумите повтори дека Владата е подготвена за разговор и решение, отфрлајќи ги обвинувањата на опозицијата дека го кочи евроинтегративниот пат со неотварањето, односно неприфаќањето на уставните измени. – Нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни. Ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение – истакна Мицкоски. Фон дер Лајен ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска-Давковa во Вила Водно. Ќе се разговара за европската перспектива на земјата и регионот и за процесот на пристапување кон ЕУ. На средбите се очекува да стане збор и за проблемот со Бугарија и за можностите за негово надминување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
ХороскопДневен хороскоп за 2.октомври 2026 годинаДневен хороскоп за петок, 2. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Се разбиструва маглата во која се чувствувавте по малку загубено. Се поголем е оптимизмот и вербата во поубав љубовен живот. Кариера На работното место денеска максимално ќе се служите со интуицијата. Таа одлично ќе ве води и ќе ви ги даде одговорите што ги баравте. Здравје Чувствителност на дигестивниот систем. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои тајни би можеле да испливаат на површина и така да ви го разјаснат она што до неодамна ве измачуваше. Кариера Сите кои се занимаваат со истражувачка дејност , денеска би можеле да дојдат до интересно откритие. Здравје Ќе сонувате интересни соништа. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во текот на денешниот ден ќе почувствувате дека вашиот љубовен живот се поместува од мртва точка на подобро. Кариера Можно е денеска да ве обземат нереални амбиции. Потудете се тоа да го сведете на разумна мерка. Здравје Ви се зголемува апетитот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И покрај малите незадоволства , препознавате се поголема љубов и радост во вашиот личен живот. Кариера Ќе се чувствувате безгрижно и нема да им придавате големо значење на малите грешки во работењето. Ќе сметате дека се неважни. Здравје Не претерувајте со благото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Додека вашиот партнер ќе го гледа светот во розово , вие ќе бидете фокусирани на проблемите. Обидете се да гледате на позитивните работи во односот. Кариера Ќе успеете да постигнете квалитетен договор поврзан со некаква деловна соработка.Ќе има и такви кои ќе се сомневаат во вашите достигнувања. Здравје Помалку јадете , повеќе трошете калории на спортување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку се уште не сте нашле личност од соништата , добро погледнете околу себе додека сте на работното место. Некои таму ве разгледува. Кариера Вашите шефови денеска нема да бидат сигурни што навистина сакаат , но затоа вие и колегите ќе знаете што треба да направите. Здравје Најдете соодвета техника за релаксација. Овен 21.3-20.4. Љубов Како што ќе минува денот, се повеќе ќе уживате во скромните погледи и читањето меѓу редови . Кариера Оние кои се занимаваат со алтернативни дејности, би можеле да бидат на чекор до големи достигнувања и радост. Здравје Бидете среќни. Бик 21.4- 20.5. Љубов На моменти ќе имате потреба на сите да им кажете како се чувствувате , а на моменти сето тоа би го сокриле. Резултатот е збунетост на партнерот. Кариера Одличен ден за креативно поврзување со луѓето . Ќе измислите нови специфични начини на комуникација. Здравје Опуштете се во разговор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно со драгите пријатели ќе ги спеделите грижите за вашиот љубовен живот и така ќе си олесните. Кариера Ќе заклучите дека доволно сте постигнале во согласност со целите што сте ги поставиле. Тоа ќе биде причина за задоволство. Здравје Треба да се биде реален. Рак 22.6-22.7. Љубов Мали надмудрување во врска со доминацијата со партнерот денеска ќе го заземат поголемиот дел од вашето време. Осамените би можеле да најдат љубов на работното место. Кариера Конечно ќе се дефинира еден деловен план , според кој ќе се развива и вашата кариера и статусот. Здравје Замор. Лав 23.7-22.8. Љубов Влегувате во помирна љубовна фаза. Врската во која се наоѓате почнува да наликува на сите останати , но вие сепак сте среќни. Кариера Не поднесувате индиректни пораки , а денеска ќе се соочите токму со нив. Не коментирајте , туку работете. Здравје Ќе бидете креативни во изразувањето. Девица 23.8.-23.9. Љубов Со задоволство би сакале да се забавувате , но состојбата ќе ја смирува таквата потреба. Вашата врска е коректна со мали предивици. Кариера Денеска на работното место би можеле да се покажете како вистински генијалец. Ќе имате одлични идеи. Здравје Немојте да се срамите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКостадин Ацевски и Љуљзим Фаризи во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Костадин Ацевски и Љуљзим Фаризи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00