Репрезентативецот Шишковски нов голман на бањалучки Борац

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски е промовиран денеска во нов чувар на мрежата на шампионот на Босна и Херцеговина, Борац Бања Лука.

Шишковски (29) се пресели во Борац од редовите на ерменски Арарат, потпишувајќи едногодишен договор со шампионот од Бања Лука.

„Доаѓа во екипа која минатата сезона ја освои титулата во првенството на БиХ и знам дека целта е одбраната на трофејот. Му благодарам на клупското раководство на укажаната доверба, а на мене е со своите одбрани да придонесам за остварување на целите“, изјави Шишковски за клупскиот сајт.

Шишковски ја почна кариерата во скопски Работнички, а потоа настапуваше за белгиски Гент, Лахти и РОПС од Финска, како и грчка Докса.

За македонската репрезентација досега запиша 11 настапи од дебито во 2020 година.

Русија и Белорусија се договорија за продолжување на блиската соработка

Министрите за надворешни работи на Русија и Белорусија се договорија за продолжување на блиската соработка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неодамна назначениот шеф на дипломатијата на Белорусија Максим Риженков во денешниот телефонски разговор се договориле за продолжување на блиската соработка на мултилатерални платформи и размениле мислења за актуелни меѓународни прашања, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Се разговараше за актуелните прашања од руско-белоруските односи, беа разменети мислења за актуелни меѓународни и регионални прашања, се договоривме да ја продолжиме блиската соработка на мултилатерални платформи“, се вели во соопштението.

Лавров, се додава во соопштението, ја искористил приликата и „му честитал на својот белоруски колега за неговото именување на функцијата министер за надворешни работи на братска земја“. /МИА

Холандскиот премиер Руте во својот проштален говор повика на поддршка за Украина, ЕУ и НАТО

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте денеска, во своето последно јавно обраќање на таа позиција пред да стане генерален секретар на НАТО, ја повика својата земја да продолжи да дава поддршка за Украина и меѓународната соработка.

„Од клучно значење е нашата земја да биде интегрирана во Европската унија и НАТО. Заедно сме посилни отколку сами. Особено сега, рече Руте.

Новата влада, која се очекува да стапи на должност во вторник, вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина.

Руте е на функцијата премиер на Холандија од 2010 година, што го прави премиер со најдолг стаж во историјата на таа земја, а во октомври треба и официјално да стапи на функцијата генерален секретар на НАТО алијансата, наследувајќи го Јенс Столтенберг. /МИА

Венко Филипче е нов лидер на СДСМ

Како што на официјална прес- конференција беше потврдено, Венко Филипче со голема предност пред другите противкандидати е победник на внатрепартиските избори за лидер на СДСМ.

Според досегашните обработени избирачки места 74/77, Венко Филипче освоил 8474 гласови. Следен по бројот на гласови е Јован Деспотовски со 2291 освоен глас. Александар Бајдевски со 868 и Славјанка Перовска со 172 гласа. Регистрирани се 159 неважечки ливчиња.

На внатрепартиските избори гласале 11.964 членови од пријавените 23.439.

притисни ентер