Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
3Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
ФудбалСанто уште три години на клупата на Нотингем ФорестТренерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто, потпиша нов тригодишен договор, објави англискиот прволигаш.Португалскиот стратег седна на клупата на Форест во 2023 година. Во својата прва сезона, му обезбеди опстанок на клубот во Премиер лигата, а изминатата сезона го водеше тимот до седмото место и нивно прво учество во европските купови од сезоната 1995/96. „Воодушевен сум што можам да го продолжиме нашето патување во овој фантастичен фудбалски клуб. Откако пристигнавме во Форест, работевме исклучително напорно за да создадеме посебна врска меѓу играчите, навивачите и сите во клубот, што ни помогна да постигнеме големи работи минатата сезона“, рече Санто. /МИАТагови: Санто Нотингем Форест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаФилипче бара одговорност од гувернерот Славески за случајот со„Алта банка“СДСМ ја подготвува интерпелацијата за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и ќе ја поднесе во Собранието деновиве, а во меѓувреме очекуваат тој самиот да поднесе оставка за погрешните одлуки околу влезот на Алта банка .СДСМ ја подготвува интерпелацијата за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и ќе ја поднесе во Собранието деновиве, а во меѓувреме очекуваат тој самиот да поднесе оставка за погрешните одлуки околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Гувернерот, според Филипче, не ја исполнил својата законска обврска да провери кој стои зад банката, а сега брзал со продажба на акциите на Алта банка Битола, одлука која не зависи од Славески туку од Белград. Филипче упати јавно прашање дали Славески и Мицкоски имале средби со Давор Мацура и дали на државни и јавни претпријатија им било укажано да ги префрлат сметките во банката. -Сè уште нема одговор од гувернерот, ниту од премиерот, зошто не провериле каков капитал влегува во земјата? Зошто не провериле каква репутација има газдата на Алта банка кој што од вчера е во притвор, Давор Мацура? Имало ли трансфери на пари пред купувањето на Алта банка Битола? Имало ли средби со Давор Мацура на гувернерот Трајко Славески? Имало ли средби помеѓу гувернерот и Давор Мацура на кои што присуствувал и премиерот Христијан Мицкоски? Доаѓал ли тука со скап приватен авион Давор Мацура на такви средби?, праша Филипче. На прес конферецнијата реагираа од ВМРО-ДПМНЕ... ги обвинија Филипче и СДСМ дека се фабрика за предизвикување страв и паника, но, како што велат тоа нема да успее како не успеало ни за мигрантите, ни за водата, ниту за пензиите... Државата, вклучително и Народна банка ги преземаат сите мерки за заштита на интересите на државата, граѓаните, штедачите, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме во Собранието се уште се чека да се договори датум за надзорната расправа на која се очекува гувернерот Славески да даде одговор на сите прашање поврзани со постапувањето на НБРМ во случајот со Алта банка. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска да ја закаже за утре во 11 часот, согласно, како што велат, договореното во понеделникот. - Не ни беше одговорено до овој момент на нашето барање. Затоа ние, согласно можностите коишто ни ги дава Деловникот, до претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, согласно член 126 став 2 од Деловникот на Собранието, собравме една третина од потписите од членовите и замениците-членови на Комисијата за финансирање и буџет, изјави Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Дали Давор Мацура бил во земјава по изборите во Србија, од МВР велат дека не можат да кажат поради тоа што тие информации ги споделуваат само по барање на надлежните инситуции... Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо, заробено судство, задушени медиуми, корупцијаВласта го зароби судството, го задуши медиумскиот простор и ја остави корупцијата недопрена, напиша Филипче.„Извештај на ЕК 2026: сè е полошо. Нула напредок против корупција, слобода на изразување и јавните набавки. Судство под политичка опсада и без пари. 40 тужби против новинари - тројно повеќе од лани. Медиумите под притисок. Земјоделство пред колапс. Власта го зароби судството, го задуши медиумскиот простор и ја остави корупцијата недопрена. Сè оди надолу. Како да биде кога мафија владее со земјата?“- напиша претседателот на СДСМ Венко Филипче на „X“.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд утре исплати за граѓаните кои немаат картички во главната филијала на „Алта банка“ во БитолаОткако експозитурите на Алта банка пред два дена ги затворија вратите за клиентите, по воведувањето на привремена администрација, од утре во главната филијала во Битола се отвораат повеќе шалтери за подигање на готовинаОткако експозитурите на Алта банка пред два дена ги затворија вратите за клиентите, по воведувањето на привремена администрација, од утре во главната филијала во Битола се отвораат повеќе шалтери за подигање на готовина за граѓаните што немаат картички. Исплатата ќе се врши според претходно утврден распоред, па така граѓаните преку СМС порака ќе добијат информација за денот и часот кога треба да дојдат во филијалата.. -Ги замолуваме граѓаните да се придржуваат до добиените термини и да не доаѓаат во филијалата во деновите во кои не се повикани и пред времето за кое се повикани на конкретниот ден за да се избегнат гужви и подолго чекање.За оние кои нема да бидат во можност да дојдат во определениот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини. Шалтерите ќе бидат наменети исклучиво за подигање готовина и нема да се вршат други видови трансакции. – соопштија од НБРМ. Максималниот износ за подигање средства од банката е 20.000 денари во период од две недели, додека за примателите на социјална помош министерот Ѓоко Велковски најави посебни правила, односно дека тие ќе можат да го подигнат целиот износ што им следува, без ограничувања. Преку АЛТА банка, во Македонија пензија примаат околу 11.500 граѓани од кои 3.500 не поседуваат платежни картички. Дополнително, околу 5.500 лица се корисници на социјална помош и други права од социјална заштита. Најголем дел од нив, освен во Битола се концентрирани и Скопје и Струмица, каде исто така наскоро се очекува да бидат отворени шалтери. Исплатата за клиентите на АЛТА банка овде во Македонија кои што не поседуваат платежна картичка започнува утре, но за сега само во Битола. Вакви шалтери се планирани и во Скопје и во Струмица, меѓутоа за нивните локации и за тоа кога точно тие би започнале со работа, од Народната Банка велат дека дополнително ќе ја информираат јавноста. Во меѓувреме, тече тридневниот рок во кој српските сопственици треба да се изјаснат дали АЛТА Банка АД Белград ќе ги понуди на продажба акциите што ги поседува во битолската банка. Станува збор за над 95% од капиталот. Доколку сопственикот не ја спроведе постапката, тоа ќе го направи Народната банка преку Македонската берза. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter