Санкционирани 386 непрописно паркирани возила во Општина Центар - Канал 5

Санкционирани 386 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети се 144 возила,а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 242 возила кои биле затекнати во резидентни зони.

Санкционирани 386 непрописно паркирани возила во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на изминатите две недели успешно го доведоа во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар. Со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети се 144 возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 242 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Сообраќајната полиција и службата „Пајак“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 01.06. до 18.06.2019 година, санкционираа 144 непрописно паркирани возила, од кои две (2) несовесно паркирани возила се отстранети од паркинг места наменети за лица со посебни потреби и девет (9) возила отстранети од зелени површини.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европска земја се подготвува да ги забрани паметните очила

Норвешката влада подготвува закон за забрана на употребата на паметни очила опремени со камери на одредени јавни места, додека нивната приватна употреба би останала дозволена.

Европска земја се подготвува да ги забрани паметните очила

Локациите опфатени со предложената забрана вклучуваат паркови, плажи, музеи, трговски центри, училишта, градинки, здравствени установи, теретани и јавни настани.

Норвешкиот министер за дигитални прашања, Торгер Микелсен, изрази загриженост дека „нова и моќна технологија се воведува на места каде што постои ризик луѓето да бидат фотографирани, снимани или аудио-запишани без нивно знаење“. Според него, целта е да се осигура дека луѓето нема да стравуваат оти ќе бидат снимани без нивна согласност на места каде што очекуваат приватност.

Норвешката Лабуристичка партија, која ја предводи малцинската влада, ќе треба да обезбеди поддршка од другите партии за да се усвои предлогот. Владата најави планови за поднесување на законот што е можно поскоро, а формирана е и експертска група за изготвување трајни прописи за оваа област.

Слични ограничувања веќе се спроведуваат ширум светот. Употребата на паметни очила е ограничена во некои судници во Обединетото Кралство и САД, додека пабовите, рестораните и кината почнаа да ги забрануваат или ограничуваат со цел да ја заштитат приватноста и да спречат филмско пиратство.

„Meta“ продава паметни очила од брендовите „Ray-Ban“ и „Oakley“ опремени со камери кои им овозможуваат на корисниците да фотографираат и снимаат видеа, да остваруваат телефонски повици, да слушаат музика и да користат функции на вештачка интелигенција. Од почетокот на 2023 година, „Meta“ има продадено најмалку девет милиони пара очила „Ray-Ban“ со овие можности.

Француска организација за заштита на децата извести дека оваа година примила околу 20 поплаки од жени кои биле снимани без нивно знаење од камери вградени во паметни очила – првенствено модели на „Meta“. Во некои случаи, снимките подоцна биле објавувани на социјалните мрежи како шега или во форма на улично интервју.

„Meta“ нагласува дека сите нејзини очила опремени со камери имаат ЛЕД-светло кое трепка кога корисникот фотографира или снима видео. Светлото не може да се исклучи, а камерата се деактивира доколку некој се обиде да ја покрие или попречи. Компанијата истакнува дека очилата се многу популарни за слушање музика, остварување телефонски повици и превод во реално време.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Укинување на забраната за нуклеарно оружје во Литванија?

Литванскиот парламент гласаше за укинување на уставната забрана за нуклеарно оружје во земјата, што претставува прво од двете гласања потребни за измена на уставот.

Укинување на забраната за нуклеарно оружје во Литванија?

За предложениот амандман гласаа 106 од вкупно 141 пратеник, а второто гласање е закажано за 12 јануари, пренесе Ројтерс.

За усвојување на амандманот е потребно двотретинско мнозинство при двете гласања.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа во јули изјави дека политичките партии се согласиле да ја укинат забраната, наведувајќи ја како причина промената на безбедносната ситуација во регионот предизвикана од Русија.

Науседа истакна дека во моментов не постојат планови за распоредување нуклеарно оружје во Литванија, но дека укинувањето на забраната би ѝ овозможило на земјата да преземе соодветни чекори доколку се промени безбедносната состојба.

Според него, Литванија ќе остане потписничка на Договорот за неширење на нуклеарното оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јужна Кореја: Зеленски, вашето извинување не беше доволно“

„Пораките што ги добив содржеа извинување. Сепак, тоа не беше на нивото што го очекуваме“, рече Чо.

Јужна Кореја: Зеленски, вашето извинување не беше доволно“

Јужна Кореја доби извинување од Украина во врска со обелоденувањето информации за префрлањето на двајца севернокорејски воени заробеници во Сеул, но тоа не ги исполни очекувањата на јужнокорејската влада, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Чо Тае-јул.

„Пораките што ги добив содржеа извинување. Сепак, тоа не беше на нивото што го очекуваме, па затоа имаме намера да преземеме решителни мерки“, рече Чо за време на парламентарниот надзор над работата на министерството, како што пренесе агенцијата Јонхап.

Тој додаде дека владата разгледува различни опции, вклучително и можноста за отповикување на јужнокорејскиот амбасадор во Украина, Парк Хи-квон.

Чо истакна дека уште од самиот почеток постоел договор префрлањето да се чува во тајност со цел да се заштитат двајцата војници и нивните семејства во Северна Кореја.

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, претходно ја опиша ситуацијата како „дипломатско недоразбирање“.

Според јужнокорејските власти, двајцата севернокорејски војници биле заробени во јануари минатата година додека се бореле на страната на Русија во регионот Курск, а во Јужна Кореја пристигнале во средината на септември.

Јужна Кореја се обидува да го реши спорот преку дипломатски канали, истовремено одржувајќи ги односите со Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер