Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“
2Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“
ФудбалСандро Тонали е суспендиран на 10 месеци поради скандалот со обложувањеПо неколкудневни разговори за потенцијалната казна за репрезентативецот на Њукасл и Италија, Сандро Тонали поради голем скандал со обложување, денеска доби епилог.Имено, тој е прогласен за виновен од Италијанската фудбалска федерација и е суспендиран од фудбалот на вкупно 10 месеци, пренесува британски Мирор. Поради тоа, тој нема да игра до крајот на оваа сезона, а нема да биде дел од тимот на Азурите на претстојното Европско првенство. Агентот на Тонали призна дека фудбалерот има проблеми со обложувањето и дека ќе се посвети на лекувањето кое ќе трае вкупно осум месеци во специјална клиника. Тој, исто така, ќе мора да има неколку јавни настапи во Италија за да разговара за ова прашање. Како што понатаму наведува овој весник, се уште не се знае што ќе биде со неговата годишна плата од дури 11 милиони фунти (околу 13 милиони евра), но се верува дека и таа ќе биде суспендирана, а на Њукасл ќе му биде дозволено да потпише замена за него. Тонали ќе може да тренира. Адвокатите на Тонали биле во Рим за да разговараат со судиите и истражителите, откако било откриено дека фудбалерот се обложил на натпреварите на неговиот поранешен клуб Милан. Во суштина, Њукасл помина најлошо тука, потпиша со него за 54 милиони фунти (60 милиони евра) и нема да можат да сметаат на него до крајот на сезоната. Исто така, седуммесечна суспензија од фудбалот за истиот скандал доби и фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли. Покрај тоа, се споменува дека и Николо Заниоло би можел да се извлече само со парична казна. Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина, во изјава за Скај Италија ги истакна деталите. -Иследникот и Тонали најдоа решение кое јас го одобрив. Тој ќе биде суспендиран на десет месеци, а ќе треба да помине осум месеци на лекување и да има најмалку 16 јавни настапи. Според правилата, суспензијата може да трае со години, но во случај на одредени околности може да се намали. Момците соработуваа над очекувањата, па ќе ги следат правилата што се донесени - изјави Гравина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПетмина тинејџери загинале возејќи во спротивен правец за да снимат видео на Тик-ТокПет тинејџери загинале во Ирска додека се снимале себеси за Тик-Ток како возат во спротивна насока на автопат.Трагичната сообраќајна несреќа, која повторно го отвори прашањето за опасниот тренд на објавување снимки од диво возење на социјалните мрежи, се случила на 16 август, кога момчињата на возраст од 15 до 18 години маскирани со автомобил „БМВ“ се обидувале да предизвикаат полициска потера. Нивиното возило се судрило со „Хјундаи“ во кој патувале три сестри и едно дете, кои биле сериозно повредени.Тагови: Ирска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50% што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи.Канадскиот премиер Марк Карни синоќа соопшти дека одлучил да ги прекине преговорите. - Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање кредибилитетот на кој било договор, рече Карни и објави дека Канада ќе воведе еквивалентни царини „долар за долар“ за американскиот увоз. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека царините, кои се однесуваат на канадската стока во вредност од околу 20 милијарди долари, стапуваат во сила денеска.Тагови: канада САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
СветТрамп го нарече Ормускиот теснец американска територијаАмериканскиот претседател Доналд Трамп го нарече Ормускиот теснец американска територија, додека САД продолжуваат со воената блокада на иранските пристаништа и поморскиот сообраќај.Обраќајќи се пред собир во Јужна Каролина во рамки на кампањата за сенаторката Дарлин Греам, која се кандидира за местото на нејзиниот покоен брат Линдзи Греам, Трамп изјави дека теснецот во моментов го гледа како американска територија и додаде дека сè уште не знаат дали победиле. Во текот на говорот, тој се пошегува и околу нападите врз Иран, велејќи дека е петок навечер и дека имаат многу време. Американската централна команда соопшти на социјалните мрежи дека воените сили досега пренасочиле 68 комерцијални бродови со цел почитување на блокадата. Администрацијата на Трамп врши финансиски притисок врз Иран преку ограничување на пристапот до водниот пат кој граничи со Иран и Оман и низ кој вообичаено минува околу една петтина од светската нафта што се пренесува по морски пат.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook