Сандерленд обезбеди опстанок во Премиер лигата

Екипата на Сандерленд успеа да избори опстанок во Премиер лигата откако синоќа на гостувањето кај Арсенал одигра нерешено 0:0 и со освоениот бод во пресрет на последното коло е надвор од опасната зона.

Ова беше одложен натпревар од 33.коло, а Арсенал со освоениот бод го потврди третото место и директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

„Топџиите“ на последните пет натпревари постигнаа само една победа и со тоа ги загубија шансите за второто место.

Последното коло од Премиер лигата кое се игра во недела ќе решава за тоа кои екипи ќе играат во Лига Европа (во конкуренција се Ливерпул, Тотенхем, Саутемптон две од трите екипи ќе се пласираат) и кои ќе ја напушти Премиер лигата покрај Барнли и КПР. Најзагрозени се: Њукасл со 36 бодови и Хал со 34 бодови, за една екипа ќе нема радост.

Табела: Челзи 84 бодови, Манчестер Сити 76, Арсенал 72, Манчестер Јунајтед 69, Ливерпул 62, Тотенхем 61, Саутемптон 60,... Њукасл 36, Хал 34, Барнли 30, КПР 30. /МИА

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

Фото: Русокоса убавица како од мајка родена „јава“ стар милијардер

Фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. На фотката контроверзниот милијардер Ричард Бренсон е во друштво на гола млада и убава девојка.

Ричард Бренсон, чие богатство се проценува на повеќе од пет милијарди долари, заедно со неговата поубава и помлада половина на фотографијата скија на вода и ужива во убавиот ден, неговите пари и убавото друштво.

„Постар милијардер и млада, убава и жешка девојка - какво клише“, гласи еден од 1.200 коментари под новата фотографија на познатиот 74-годишен британски богаташ Ричард Бренсон, на која многу помлада жена – гола, како од мајка родена - го јава како вистинска џокејка.

„Ова е доказ дека среќата може да се купи со пари“, напиша еден корисник на Твитер кој ја „лансираше“ сомнителната фотографија во виралната орбита на социјалните мрежи, која предизвика хаос меѓу луѓето.

притисни ентер