Актерката Дафне Зунига ги погоди носталгичните фанови со објавување фотографија со екипата по 20 години од емитувањето на серијата.
„Наидов на некои пријатели во Њујорк“, напиша актерката со фотографија, додавајќи ги зборовите во хаштагот „засекогаш пријатели“.
На фотографијата се наоѓаат Џоси Бисет (Џејн), Лора Лејтон (Сиднеј), Даг Савант (Мет), Ендру Шуе (Били) и Кортни Торн-Смит (Алисон).
„Леле, сакам, сакам, сакам“, „Презадоволен сум што ве гледам заедно“, „Ова е одлично, ја обожавав серијата“, „Дали повторно се собирате?“, беа некои од коментарите.
Серијата се емитуваше од 1992 до 1999 година, а го следеше животот на една група млади кои живееле во комплексот ,,Мелроуз Плејс” во Холивуд.