Само три клуба останаа во Суперлигата, Ањели тврди дека клубовите му се јавуваат - Канал 5

Само три клуба останаа во Суперлигата, Ањели тврди дека клубовите му се јавуваат

По помалку од 48 часа од објавувањето на промоцијата на Суперлигата, целата идеја за новото елитистичко фудбалско натпреварување се распадна како резултат на неверојатниот притисок од навивачите, јавноста, Уефа и Фифа, па дури и државните влади.

Само три клуба останаа во Суперлигата, Ањели тврди дека клубовите му се јавуваат

Одлуката за Суперлигата толку многу го разбесни светот што дури и моќната Уефа, долгогодишен симбол на корупција и фудбалски криминал, изгледа како невина жртва на алчни мегаломани.

Прв се откажа Манчестер Сити, следен од петте преостанати англиски клубови, а денес започнаа да отстапуваат и клубовите од другите земји. Подоцна, Атлетико Мадрид и Милан и Интер ги објавија своите одлуки за напуштање на Суперлигата. Ова значи дека само Реал Мадрид, Барселона и Јувентус сè уште и се верни.

Андреа Ањели, претседател на Јувентус и потпретседател и главен идеолог на Суперлигата, коментираше за брзиот колапс на неговиот бомбастично најавен проект.

"Мојот телефон не престана да ѕвони во последните 24 часа. Не можам ни да кажам колку клубови ми се јавија и ме прашаа што треба да направат за да играат во Суперлигата".

„Газета дело Спорт“ објави дека новата Лига на шампиони може да започне пред 2024 година, кога треба да започне според планот на Уефа. Причината е хаосот предизвикан од клубовите со создавањето на Суперлигата.

Новата Лига на шампиони ќе има 36 клуба, четири повеќе од сегашните и ќе се играат повеќе натпревари и клубовите ќе заработат повеќе пари.

Јувентус издаде нејасно соопштение. Не е јасно дали останува во Суперлигата или се повлекува.

„Јувентус е свесен дека јавната дебата што следеше по објавувањето на започнувањето на Суперлигата принуди некои клубови да се повлечат од проектот, но процедурата потребна за ваков потег договорен меѓу членовите на Суперлигата не е завршен како што беше замислено, но сè уште сме убедени во спортската, комерцијалната и правната вредност на проектот. Остануваме посветени на градењето трајни вредности за компанијата и фудбалското движење како целина “.

Милан се повлече од Суперлигата.

"Ја прифативме поканата за учество во Суперлигата со вистинска намера да им дадеме на љубителите на фудбалот најдобро можно натпреварување. Промената не е секогаш лесна, но еволуцијата е неопходна за напредок. Европскиот фудбал се развиваше и се менуваше со децении. Мора да го почитуваме гласот на оние кои го сакаат овој прекрасен спорт “, е пораката на Милан во која се додава дека ќе продолжи да работи на обезбедување одржлив модел за фудбалот.

И покрај фактот дека само три од 12-те клуба што го иницираа ова ексклузивно натпреварување, основано пред три дена, остануваат во Суперлигата, Барселона нема намера официјално да реагира или јавно да проговори за проектот предводен од шефот на Реал, Флорентино Перез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер