Само фотошопот ја спасува! - Канал 5

Само фотошопот ја спасува!

Фотографиите од Иги Азалеа со нејзиното најново момче, продуцентот Ел Џеј Кари, на одмор, ги покажаа несовршеностите на нејзиното тело, кои со магијата на фотошопот се бришат како со гума.

Само фотошопот ја спасува!
Вака изгледа телото на Иги Азалеа без „поправки“.

Image result for iggy azalea gets handsy

А вака откако ќе се употреби фотошоп.

Image result for iggy azalea

Кога со Џенифер Лопез го снимаше спотот за "Booty",немаше простор за „вишок“.

Image result for iggy azalea jennifer lopez booty



И по последните фотографии од плажа, никој веќе не верува дека Иги Азалеа не користи фотошоп. Го користи, и тоа многу!




Image result for iggy azalea


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дигитален самит на Западен Балкан: Од дигитална амбиција до акција

Осмиот Дигитален самит на Западен Балкан заврши во Херцег Нови, истакнувајќи ја регионалната соработка, вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста и поблиската интеграција со Единствениот дигитален пазар на ЕУ.

Дигитален самит на Западен Балкан: Од дигитална амбиција до акција

Осмиот Дигитален самит на Западен Балкан заврши вчера во Херцег Нови, Црна Гора, по два дена дискусии на кои се собраа претставници на Западен Балкан Шест, институциите на Европската унија (ЕУ), меѓународните организации и лидерите во дигиталната индустрија, со цел унапредување на регионалната дигитална трансформација и интеграцијата во Единствениот дигитален пазар на ЕУ.

Самитот беше организиран од Министерството за јавна администрација на Црна Гора, под покровителство на Владата на Црна Гора, во партнерство со Советот за регионална соработка (RCC), Европската Унија и други регионални и меѓународни партнери, во рамките на претседавањето на Црна Гора со Берлинскиот процес во 2026 година.

На Самитот беше поздравен Патоказoт за вештачка интелигенција за Западен Балкан Шест, изработен од RCC заедно со регионалните партнери, кој утврдува заедничка насока за одговорен развој и примена на вештачката интелигенција. Патоказот, кој се очекува да биде усвоен на претстојниот Самит на лидерите на Берлинскиот процес, обезбедува рамка за зајакнување на регионалната подготвеност за вештачка интелигенција, управувањето, иновациите и усогласувањето со европските стандарди.

Вештачката интелигенција беше една од централните теми на Самитот, со посебен панел насловен „Вештачка интелигенција и Можности, предизвици и идни перспективи“, модериран од Тања Мараш, виша експертка за дигитална поврзаност во RCC. На панелот, кој собра претставници на Европската комисија, меѓународните организации, академската заедница и технолошкиот сектор, се дискутираше за тоа како регионот може да премине од амбиции во областа на вештачката интелигенција кон практична примена, посилни иновации и поголема економска конкурентност.

„Предизвикот не е само да ја усвоиме вештачката интелигенција, туку да обезбедиме таа да донесе вистинска вредност за нашите економии, јавните институции, бизнисите и граѓаните, истовремено градејќи доверба и осигурувајќи дека ниту еден дел од регионот нема да заостане“, изјави Мараш, нагласувајќи ја важноста на регионалната соработка, инвестициите во вештини и инфраструктура, како и одговорниот развој на вештачката интелигенција.

Самитот заврши со низа приоритети за забрзување на регионалната дигитална интеграција, вклучувајќи меѓусебно признавање на дигиталните идентитети, воведување дигитални паричници за идентификација, подостапни цени за роаминг со ЕУ, посилна соработка во областа на сајбер-безбедноста и подобрена дигитална поврзаност.

Заклучоците предвидуваат и натамошна поддршка од RCC за спроведување на Патоказот за вештачка интелигенција и зајакнување на регионалната координација во областа на дигиталните услуги, заедно со континуирани напори за усогласување на дигиталните рамки на регионот со стандардите на ЕУ.

Во текот на двата дена, дискусиите опфатија и дигитални јавни услуги, сајбер-безбедност, дигитални вештини, поврзаност, заштита на децата на интернет, стартапи и иновации, со посебен акцент на практичните решенија што можат да го подобрат секојдневниот живот на граѓаните и бизнисите.

На вториот ден од Самитот, Милена Јоциќ Танасковиќ, експертка за дигитална поврзаност во RCC, учествуваше на панелот „Поврзаноста како двигател на дигиталната трансформација на Западен Балкан“, фокусирајќи се на улогата на дигиталната инфраструктура и регионалната соработка во унапредувањето на дигиталната трансформација на регионот.

Самитот ја потврди важноста на заедничкото дејствување за изградба на поповрзан, поконкурентен и дигитално поотпорен Западен Балкан, при што фокусот сега се префрла од заедничките амбиции кон практични резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте - одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

Скандалот со договреното пуштање на Ива Михаилова мора до крај да се расчисти, со докази и со утврдување кривична и политичка одговорност.

СДСМ: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте - одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

Не театар, повикување амбасадор, потерници и најави притвор, префрлање одговорност, спинови. Одговорност, од прв до последен!

Панче Тошковски јавно изјави дека граница што е решето. А кој раководи со МВР и кој е надлежен да ја обезбеди таа граница? Тошковски.

На сите ни е јасно дека Мицкоски го штити Тошковски.

Така изгледа кругот на политичката заштита на ВМРО-ОКГ: Мицкоски го штити Тошковски, а Тошковски ја штити криминалната банда на власт. Правда нема. Никој не одговара, сите бегаат, најмногу бегаат преку граница.

Затоа бараме оставка од Тошковски.

Нема одговорни за пет тони дрога кои помина преку границата, никој не одговара за криминалните тендери, за тепањето на младите во Ново Село.

За Кочани нема одговорни.

Артан Груби излегува од куќен притвор со факели, петарди и прослава.Кога го пречекаа со црвен килим на граница рекоа дека постојат сериозни безбедносни ризици и дека неговата безбедност не може да се гарантира во затворски притвор.

Што се смени? Како тоа опасноста исчезна преку ноќ?

Исто како со Михаилова.

Доста се политички дилови. Доста е оваа фарса.

Правосудството е само театарска сцена која Мицкоски ја контролира во целост.

Затоа во извештајот на Европската комисија се наведува мешање на Мицкоски во правосудниот систем.

Обвинителите ги вика медиокритети и им дели задачи на телевизија и по телефон. Народот го нарекува талог и мочуриште.

Се е фарса.

Доста е театар. Вистината на виделина. Одговорност веднаш.

Прес конференција на СДСМ, Александар Наумоски - член на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка

Денес сме на Водно, на улица Партение Зографски 31, каде што жителите алармираат дека се копа и се гради во непосредна близина на главната водоводна цевка. 

Брзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка

Стравуваат дека градежните активности може да предизвикаат сериозни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето.

Според жителите, проблемот повеќепати бил пријавуван во Општина Центар, но надлежните не излегле на терен.

Господине Герасимовски, колку пријави треба да поднесат граѓаните за конечно да реагирате? Дали треба да настане штета, па потоа да преземете нешто?

Јавно прашуваме: Дали е точно дека Општина Центар во моментов има еден градежен инспектор, кој е на боледување, додека останатите ја напуштиле работата? Дали причината за нивното заминување се евентуалните притисоци и од кого?

Господине Филипче, господине Горан Бетон Герасимовски, ве повикуваме да дојдете на оваа локација, да разговарате со жителите и да објасните кој ја контролира изградбата и кој ја гарантира безбедноста на водоводната инфраструктура.

Господине Филипче, ве повикуваме заедно со Горан Бетон Герасимовски симболично да ги вадиме тулите од овој објект, за кој жителите сметаат дека е спротивен на нивните интереси. Ветувавте хумана урбанизација, а денес граѓаните бараат одговори и конкретни дела.

Почитувани,

За нас ова е прашање на безбедноста, квалитетот на живот и иднината на Центар.

Бараме итен инспекциски надзор, проверка на водоводната инфраструктура и јавно објавување на наодите.

Филипче и Горан Бетон Герасимовски, доста се ветувања! Граѓаните заслужуваат одговори, а не изговори!

Центар им припаѓа на граѓаните, а не на бетонот и инвеститорските интереси!

Клементина Брзаковска, член на ГК Скопје и претседател на Комисија за животна средина на ОК Центар

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер