3Поранешна руска шпионка откри како функционира „медената стапица“- бројот 7 игра клучна улога (ВИДЕО)
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
3Ник Кенон се обидел да направи групен разговор со шесте жени, кои му родија 12 деца- настанал хаос (ВИДЕО)
АвтомобилизамСамо две од 100 возила користат автоплин како погонско горивоОколу 15 милиони возила на патиштата во Европа користат ЛПГ-автоплин.На ниво на ЕУ таа бројка изнесува осум милиони возила или 2,3 проценти од вкупниот број возила. Италија е лидер со 2,3 милиони возила со автоплин и со пазарен удел од 6,5 проценти во продажбата на нови возила во 2018 година. Според годишниот извештај на „Ликвид гас Јуроп" за 2018 година транспортот учествува со 28 проценти во вкупната потрошувачка на плин во Европа. Во извештајот се наведува дека ЛПГ претставува чисто алтернативно погонско гориво бидејќи речиси нема емисија на црни честички од согорување и има за 23 проценти помал ефект на создавање стакленички гасови од дизелот како алтернативно погонско гориво. Автоплинот е чист и лесно достапен, а во многу земји е значително поевтин од бензинот и дизелот. Според експертите, може да биде краткорочно и среднорочно решение за исполнување на стратегиите за намалување на аерозагадувањето, додека не се зголеми продажбата на возила со 0 емисија. Во Европа има над 46 илјади бензински станици што продаваат ЛПГ, но сепак патувањето со автомобил на ЛПГ во Европа и регионот бара убаво планирање и подготовки, бидејќи постои голема разлика во цените од една до друга бензинска станица, како и дека не секоја бензинска станица нуди ЛПГ. Дополнително, не сите земји користат ист приклучок, па така освен т.н. италијански диш-адаптер што освен во Италија се користи и во нашата земја и повеќето земји од регионот, постојат и други адаптери, како што се белгискиот акме, холандскиот бајонет или европскиот што го користат Шпанија и делови од Франција. Според податоците од МВР во 2018 година на територијата на нашата држава биле регистрирани 12.322 возила со ЛПГ како погонско гориво, што претставува само 5,75 проценти од вкупно 214.010 возила со бензиски агрегат или 2,5 проценти од вкупно регистрирани возила. Истовремено, најголем број од регистрираните возила 25.540 биле на дизел, а само 112 на електрична енергија. Во Европа 2,3 проценти од возилата користат ЛПГ Извештајот на АЦЕА за транзицијата кон мобилност со 0 емисија од септември 2019 година покажува дека уделот на нови возила со алтернативен погон на ЛПГ или Е85 (етанол) во Европа во 2018 година изнесува 1,1 процент со вкупно продадени 164,310 возила. За споредба уделот на возила со алтернативен погон на природен гас ЦНГ е 0,4 проценти со продадени 65,092 возила. Трендот во периодот од 2014 до 2018 година за продажбата на возила со ЛПГ или Е85 во Европа е стабилен со 1,1 процент пазарен удел, додека уделот на возилата со ЦНГ-погон бележи пад од 0,8 проценти на пазарниот удел во 2014 на само 0,4 проценти пазарен удел во 2018 година. Најголем пазарен удел на возила со ЛПГ имаат во Италија со 6,5 проценти во вкупниот број продадени возила во 2018 година. Потоа следуваат Полска со 1,4 процент пазарен удел, Шпанија со 1,3 процент и Романија со еден процент пазарен удел. Според последните достапни податоци во 2017 година уделот на возила со ЛПГ во вкупниот број возила на патиштата низ Европа изнесува 2,3 проценти, што е најголем удел од сите алтернативни средства. За споредба, уделот на ЦНГ изнесува 0,4 проценти, додека електричните возила учествуваат со само 0,2, а хибридите 0,6 проценти во вкупниот број возила на патиштата во Европа. Имаме најевтин автоплин во регионот Моменталната цена на автоплинот во нашата земја е 30 денари за литар, што е за два пати поевтино од бензинот, чија моментална цена изнесува 67,5 денари за литар и дизелот со цена од 62,5 денари за литар. Во нашата земја има 84 станици на кои може да се купи автоплин со просечна цена од 30 денари или 0,47 еврa, што е најевтин во регионот. На второ место со просечна цена од 0,50 евра се Албанија и Црна Гора. Додека во Албанија се регистрирани 121 бензинска станица на која може да се дополни ЛПГ, во Црна Гора автоплин имаат само 24 бензиски станици. Во Бугарија просечна цена за литар автоплин е 0,51 евро и се нуди на над 3.000 бензински станици, додека во Турција просечната цена е 0,57 евра и над 6.853 станици. Потоа следува Словенија со просечна цена од 0,58 евра за литар и мрежа од 111 станици и Хрватска со просечна цена 0,58 евра за литар и околу 410 бензински станици. Во Босна и Херцеговина просечната цена на автоплинот е 0,59 евра за литар и се нуди на 109 бензиски станици. Поскап автоплин плаќаат во Србија, каде што просечната цена е 0,65 евра и е достапен на 654 бензиски станици. Најскап автоплин во регионот има во Грција, каде што просечна цена изнесува 0,78 евра со мрежа од околу 841 бензинска станица. Сите земји од регионот користат ист приклучок, односно имаат италијански диш-адаптер, што го има на нашите бензински станици. Просечна цена на литар ЛПГ во Франција – 0,87 евра, во Полска – 0,45 евра Не сите земји користат ист приклучок, па така освен т.н. италијански диш-адаптер што освен во Италија се користи и во нашата земја и повеќето земји од регионот, постојат и други адаптери како што се белгискиот акме, холандскиот бајонет или европскиот што го користат Шпанија и делови од Франција. Најскап автоплин во континентална Европа има во Франција, каде што просечната цена е 0,87 евра. На територијата на Франција има 1.763 бензински станици со диш и евроадаптер. Во Холандија просечната цена на автоплин изнесува 0,81 евро и се нуди на 1.945 бензински станици со бајонет-адаптер. Потоа следува Австрија со просечна цена од 0,77 евра, но само на 50 бензински станици поделени меѓу акме и диш-адаптер. Во Шпанија просечната цена на автоплин е 0,72 евра и може да се купи на 512 станици, со бајонет и евроадаптер. Следна е Унгарија со 0,71 евро и мрежа од 441 бензинска станица со диш-адаптер. Во Романија просечната цена е 0,65 евра и може да се дополни на 1.158 станици со диш-адаптер, како и во Италија каде што просечната цена е 0,61 евро за литар и се нуди на 3.367 бензински станици. Во Германија просечната цена е 0,60 евра и е достапен на 7.242 бензински станици со акме и евроадаптер. Најевтин автоплин има Полска, каде што просечната цена е 0,45 евра и може да се дополни на 6.800 бензиски станици со диш-адаптер. Потоа следува Чешка со просечна цена 0,51 евро и мрежа од 1.187 бензиски станици со диш-адаптер. Во Белгија просечната цена на литар ЛПГ е 0,53 евра и може да се дополни на 615 бензински станици единствено со акме-адаптер, додека во Словачка цената за литар изнесува 0,55 евра и може да се најде на 546 станици со диш-адаптер. Разликата во адаптерите не претставува поголем проблем доколку се патува со автомобил на ЛПГ во Европа бидејќи поголемите бензински имаат на располагање и може да побарате конвертор од еден на друг адаптер. Сепак, најдобро е да се направи план пред некое подолго патување. На автопат постои голема разлика во цените од една до друга бензинска станица и не секоја бензинска станица нуди ЛПГ, па често доколку се пропушти една, следната бензинска со ЛПГ може да биде и до 150 километри растојание. Дизелот падна под 30 проценти на пазарниот удел во Европа Последните податоци на Асоцијацијата на производители на автомобили во Европа АЦЕА покажуваат дека побарувачката на нови дизел-возила во Европа продолжува со трендот на намалување и во третиот квартал на 2019 година остварува пазарен удел од 29,1 проценти. За споредба, побарувачката на нови бензинци дополнително се зголемува и остваруваат пазарен удел од 59,5 проценти. Во истиот период, електричните возила остваруваат 3,1 проценти од вкупниот број нови продадени возила, додека сите возила со алтернативен погон заедно имаат пазарен удел од 11,3 проценти во последниот квартал. Од јули до септември 2019 година бројот на нови дизел-возила регистрирани во ЕУ е намален за 14,1 проценти на еден милион единици. Тоа резултира со пад на пазарниот удел од под 30 проценти за дизел-возилата. Четири од пет најголеми ЕУ-маркети бележат двојно поголем пад на продажбата на дизели, па така Шпанија има пад од 34,7 проценти, Италија 24,5, Британија 20,8 и Франција 12,6 проценти. Бензинците имаат раст од 6,1 проценти во споредба со истиот период минатата година. Со тоа пазарниот удел на бензинците се зголемува од 57,4 проценти на 59,5 проценти во третиот квартал на 2019 година. Во истиот период продажбата на возила со алтернативен погон во ЕУ бележи силен раст од 46,2 проценти. Продадени се околу 110,630 електрични возила, што е раст од 51,8 процент во споредба со минатата година. Растот се должи на сегментот на електрични возила со батерии, кои бележат раст од 126,3 проценти, додека плагин електричните возила бележат пад од 7,6 проценти. Раст од 47 проценти имаат хибридните возила со продажба на 223,868 возила во периодот од јули до септември 2019 година. Останатите возила со алтернативен погон, меѓу кои се возила со погон на етанол, ЛПГ и природен гас, имаат раст од 36 проценти. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
ЕвропаУпад на маскиран разбојник во продавница- пукал три пати кон маж, а тогаш настанал пресврт (ВИДЕО)Мустафа Болат (29) извадил пиштол од 9 мм и отворил оган врз Али Унлу во продавница во Вуд Грин, северен Лондон, по расправија со семејството на жртвата.Еден од истрелите бил испукан само неколку сантиметри од главата на Унлу, но неверојатно, сите три куршуми ја промашиле жртвата. Инцидентот е снимен со безбедносните камери на продавницата. Снимката го покажува Унлу како се врти непосредно пред разбојникот да отвори оган. Потоа жртвата возвраќа и почнува да се бори со напаѓачот. Двајцата се туркаат и влечат еден со друг сè додека не паднат врз фрижидер со пијалоци, испраќајќи корпи со овошје што летаат во сите правци, објавува Дејли Меил. Болат бил уапсен и обвинет за обид за убиство, но поротата го ослободила од обвинението откако тврдел дека „само се обидувал да ја исплаши“ жртвата. Тој бил ослободен и од обвинението за поседување огнено оружје и муниција со намера да се загрози животот. Болат му рекол на судот дека не сфатил дека оружјето што го држел е „вистинска смртоносна машина за убивање“. Тој исто така тврдеше дека снимките од безбедносните камери покажуваат дека претходно имал можност да го убие Унлу и дека тоа не му била намера. Тој се изјасни за виновен за поседување огнено оружје со намера да предизвика страв од насилство и беше осуден на затворска казна во Олд Бејли во Лондон во петок, 6 ноември. Снимките од безбедносните камери, прикажани за време на судењето, го покажуваат Болат како влегува во продавницата во март и испука три истрели, пред Унлу да го фати и да го турне кон полиците на фрижидерот. Here's gunman Mustafa Bolat firing three shots in a corner shop to terrorise Ali Unlu at the WG Express convenience store in Wood Green. Mr Unlu fought back as the two men sprawled in the fruit section, sending apples spilling to the floor.https://t.co/0fpjMx9HnU https://t.co/DVTzcYcEe2 — CourtNewsUK (@CourtNewsUK) November 9, 2026 „Болат станува и го насочува пиштолот кон Унлу, кој инстинктивно ја подава десната рака и ја крева левата рака на Болат, која го држи пиштолот. Двајцата продолжуваат да се борат, паѓаат на ладилник, а потоа се движат кон дното на екранот“, рече обвинителот Николас Александар. Потоа напаѓачот е виден како мирно ја напушта продавницата, додека жртвата фрла шише во негов правец. Александар додаде: „Како што можете да замислите, имало голем број повици на 999 од луѓе кои пријавиле пукање во продавницата WG Express“. Болат, кој живее во Тотенхем, ѝ рече на поротата: „Не сум чудовиште, не сум ангел. Правам грешки како и сите други. Бев глупав што извршив сериозно кривично дело. Не се обидувам да го минимизирам кривичното дело што го извршив, само сакам да бидам сигурен дека поротата знае дека не сум убиец.“ Напаѓачот имал претходна пресуда за тешка телесна повреда во врска со напад со нож на 14 јули 2017 година. За време на вкрстеното испрашување на Болат, обвинителот рече: „Ова беше инцидент каде што возевте автомобил, а пред вас имаше друго возило. Во таа пригода имавте кујнски нож со вас.“ „Излеговте од вашиот автомобил, ја ставивте раката низ отворениот прозорец на автомобилот пред вас и замавнавте со ножот кон возачот на тој автомобил.“ „Возачот во таа пригода претрпе две повреди, на ногата и зглобот. Значи, вие сте лице способно да користи оружје.“ Болат беше уапсен додека возел автомобил, иако претходно му беше забрането да вози. Со тоа, тој ги прекрши условите на 12-месечна условна казна изречена во период од две години за опасно возење и одбивање да даде примерок за тестирање за алкохол и дрога. Во писмо до судијата, осудениот изрази каење и рече дека сега сака да води „законски живот“. Судијата Сајмон Мајо го отфрли тврдењето на Болат дека не знаел дека пиштолот всушност е функционален. „Уверен сум дека знаевте дека е вистинско огнено оружје“, рече судијата. „Влеговте во продавницата, го репетиравте пиштолот и го насочивте кон г-дин Унлу. Следеше жестока борба за време на која од пиштолот беше испукано неколку пати. Последиците лесно можеа да бидат катастрофални. Фактот дека никој не беше убиен или сериозно повреден беше во голема мера прашање на случајност.“ „Намерно внесовте наполнето огнено оружје и беше очигледно дека некој може да биде убиен или сериозно повреден. Целта на внесувањето на тоа оружје во продавницата беше да се заплаши и да се предизвика страв.“Тагови: продавница разбојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаИнфлуенсер понижувал сиромашен работник за да добие кликови- наместо да го понижи, добил 800.000 долари (ВИДЕО)Типичен работен ден во американската држава Мичиген се претвори во непријатно искуство за татко на четири деца, кој се обидуваше да ја заврши работата и да се врати кај своето семејство. Додека редеше замрзнати пици во супермаркет, еден млад човек му се приближи со телефон и реши да се пошегува на социјалните мрежи. Меѓутоа, она што требаше да биде уште едно вирално видео заврши на сосема неочекуван начин. Наместо да му се смеат на работникот, луѓето од целиот интернет застанаа на негова страна и започнаа кампања за собирање средства што надмина 760.000 долари. Според „Американ Форчун“, работникот познат како Волт З. немал поим дека еден од најнепријатните моменти на работа ќе му донесе толку многу поддршка од странци. „Мојот живот е веќе доволно тежок“ Сè започна кога младиот човек што го снимаше побара да му каже колку е часот. Кога Волт го извади телефонот, непознатиот инфлуенсер го приближи својот уред до него и пушти звук што имитираше успешно плаќање преку системот Apple Pay. Потоа рече дека штотуку зел десет долари од него. Всушност, не беа префрлени пари. Целта беше да се предизвика реакција од работникот и да се сними неговата збунетост или лутина. На почетокот, Волт се обиде да ја прекине непријатната ситуација и да продолжи да работи. Сепак, младиот човек повторно му се приближи и овој пат рече дека му зел дваесет долари. Во тој момент, работникот го изгуби трпението. - Мојот живот е доволно тежок. Немам време за вакви работи - рече тој, видливо вознемирен. Објасни дека неговите деца веќе си легнале, дека требало да биде дома еден час порано и дека следниот ден има нов работен ден. Морал да стане во пет часот наутро за да посети уште десет продавници. И потоа изговорил реченица што особено ги погодила луѓето кои подоцна го гледале видеото. - Веројатно заработувате пари од ова, а јас не можам ниту да ја платам хипотеката. Имам четири деца дома. Ова не е смешно! - рече работникот. View this post on Instagram A post shared by cmnewz (@coremedianewz) Интернетот одлучи да му помогне Видеото брзо почна да се шири на социјалните мрежи, но јавната реакција не беше она што веројатно го очекувал шегаџијата. Наместо да се исмева работникот, имаше гнев поради неговото понижување и излив на поддршка за човек кој отворено зборуваше за финансиските тешкотии на неговото семејство. Еден од луѓето кои беа особено погодени од видеото беше Лук Оукеншилд, воен ветеран кого Волт никогаш порано не го запознал. Тој одлучи да започне кампања GoFundMe на 27 октомври за да собере пари. Реакцијата беше релативно скромен првиот ден, но ситуацијата се промени многу брзо. До следниот ден беа собрани околу 5.500 долари, потоа износот надмина 100.000 долари, а до 30 октомври достигна половина милион долари. Според податоците објавени од Fortune на 2 ноември, кампањата собра 761.514 долари преку донации и ветувања. Меѓу донаторите беше и американскиот претприемач и политичар Вивек Рамасвами, кој придонесе 38.000 долари. Човекот кој ја започна кампањата живее во својот автомобил Постои уште еден необичен детаљ во целата приказна. Имено, човекот кој ја започна кампањата за помош на Волт, самиот се соочува со сериозни животни тешкотии. Оукеншилд изјави дека нема постојан дом и живее во својот автомобил. И покрај ова, тој одлучил да му помогне на еден потполно непознат човек чија ситуација длабоко го погодила. Тој објасни дека ја започнал кампањата затоа што добро знае што значи да се бориш со животните проблеми и дека не очекувал поддршката да достигне такви размери. Откако дознал за неговите околности, еден пријател започнал посебна кампања за да му помогне и него. Организаторот истакнал дека платформата GoFundMe го следи собирањето средства наменети за Волт, за да можат парите да стигнат до него. Компанијата стои зад вработениот За време на непријатната средба, Волт се плашел дека инцидентот може да му предизвика проблеми на работа. Сепак, Schwan's, кој е сопственик на брендот за замрзната пица Red Baron, јавно го поддржал својот вработен. Компанијата соопшти дека го контактирала за да провери како е и дека продолжува да го поддржува. На социјалните мрежи беше објавена и порака, во која се наведува дека Волт сè уште работи за компанијата и има база на обожаватели, вклучувајќи ги и неговите работодавци. Во меѓувреме, Инстаграм профилот од кој првично беше објавено видеото со шегата е избришан. Приказна што допре до милиони Fortune истакнува дека силната јавна реакција не е поврзана само со несоодветното однесување на авторот на видеото. Ситуацијата на Волт им потсети на многу Американци на нивните сопствени финансиски проблеми. Според анкетата на CNBC и SurveyMonkey од јули 2026 година, 63 проценти од Американците рекле дека живеат од плата до плата. Во такви околности, приказната за човек кој работи со полно работно време, издржува четири деца и се бори да го отплати хипотеката предизвика големо сочувство. Самиот Волт им се заблагодари на донаторите и рече дека поддршката што ја добиле тој и неговото семејство значи повеќе отколку што можат да изразат зборовите. Тој исто така нагласи дека сака да ја зачува приватноста на своето семејство, поради што засега најчесто се држи подалеку од јавноста. Приказната што започна со обид за понижување на еден работник, така, имаше сосема поинаков крај. Наместо да стане предмет на потсмев на интернет, таткото на четири деца ја доби поддршката од илјадници странци, кои решија да му помогнат да ги надмине финансиските тешкотии.Тагови: инфлуенсер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран ги отфрли обвинувањата за хакерски напади на фрижидери во 700 француски маркетиТехеран ги отфрли обвинувањата од Париз дека стои зад неодамнешната серија сајбер напади врз фрижидерите на француските супермаркети. Иранското Министерство за надворешни работи ги нарече таквите тврдења неосновани и пристрасни и објави дека најостро ја осудува „истрошената политика на Франција за обвинување против Иран“, пишува Politico. Францускиот министер за дигитална транзиција Жан-Ноел Баро вчера изјави дека Корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран е одговорен за невидени сајбер напади врз неколку трговски ланци минатиот месец. Баро додаде дека Париз не исклучува никакви опции како одговор на нападите што погодија 700 локации за дистрибуција на храна. „Ќе ги преземеме сите мерки што сметаме дека се соодветни и неопходни за да ги одвратиме идните напади и да ги казниме одговорните за оваа неприфатлива агресија, вклучително и оние што нема да ги објавиме во јавноста“, рече министерот. وزارت امور خارجه اتهامهای بیاساس و مغرضانه دولت فرانسه علیه ایران مبنی بر مشارکت در اقدامات ادعایی سایبری در فرانسه را کاملا مردود دانسته و سیاست نخنمای اتهامزنی علیه ایران را شدیداً محکوم میکند.. https://t.co/B8idaglHxB — وزارت امور خارجه (@IRIMFA) November 10, 2026 Истрагата се фокусираше на Револуционерната гарда Амбасадорот на Иран во Франција е повикан во Министерството за надворешни работи откако француските обвинители објавија дека отвораат истрага за хакирање. Според француските истражители, нападите ги извршила иранската сајбер единица Шахид Каве, која е поврзана со Револуционерната гарда. Париското обвинителство соопшти дека истрагата ќе се фокусира на шефот на тоа одделение. Наведоа и дека поради сајбер нападот избувнале дваесетина пожари. „Напаѓачите од далечина ја презедоа контролата врз опремата преку веб-интерфејсот и започнаа ненормални циклуси на одмрзнување со неограничено времетраење. Тие, исто така, ги исклучија безбедносните предупредувања на сензорите кои требаше да се активираат откако температурата ќе надмине одредена граница“, се вели во соопштението. Дискусија на ниво на ЕУ Претседателката на Европскиот совет Каја Калас вчера најави дека наводните ирански хакерски напади ќе бидат разгледани на состанокот на Советот за надворешни работи следната недела. Таа рече дека одговорот на Европа треба да биде силен доколку се потврди кој стои зад нападот. Европската комисија исто така ги истражува овие напади. Европскиот комесар за земјоделство и храна Кристоф Хансен ги опиша како „намерен обид да се наруши нашиот синџир на снабдување со храна“.Тагови: маркети фрижидери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook