Сакале дома да урнат дел од ѕид, па зад него ги дочекало изнанадување (ВИДЕО) - Канал 5

Сакале дома да урнат дел од ѕид, па зад него ги дочекало изнанадување (ВИДЕО)

Млада брачна двојка од Оклахома, САД ,ја купиле својата прва куќа и решиле да ја реновираат, а кога сакале да срушат дел од еден ѕид, се изненадиле од тоа што го нашле.

Сакале дома да урнат дел од ѕид, па зад него ги дочекало изнанадување (ВИДЕО)

Имено, зад ѕидот се наоѓала голема туш кабина за која не знаеле кога ја купиле куќата.

Видеото во кое го снимиле своето откритие е објавено на „ТикТок“, а досега го погледнале 1,8 милиони луѓе.

@mia_bug

Renovation finds...why 😫 ##renovations ##firsthome ##housetohome

♬ Oh No - Kreepa

Тие објавиле уште едно видео во кое објаснија како се случило да не знаат за овој туш.

„Имавме буџет од 150.000 долари, што е навистина малку на овој пазар. И знаевме дека ќе мора да направиме некои поправки. Продавачот ни рече дека просторијата е затворена затоа што тече одводот и дека станува збор за мала поправка. Затоа, мислевме дека го затвориле затоа што не сакале да го користат “, објаснија тие.

@mia_bug

Reply to @mr.whiskeypug the seller was NOT fun to work with @tjschultz45 #homerenovation #housetohome

♬ original sound - Miabug

Иако, како што пишува Мирор, најпрво биле лути што продавачот не им објаснил за што станува збор, се покажало дека навистина добро се снашле затоа што нивната куќа сега вреди повеќе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

Не стивнуваат реакциите во јавноста дека глувци и стаорци ја преплавија Општина Центар. Секојдневно сме сведоци на живи или угинати глодари пред нашите влезови, училишта, паркинзи, тротоари и пешачки патеки.

Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

Горан Герасимовски и неспособните кадри на СДС се на чекор да ја вратат општината во 15-ти век. Период засекогаш запомнет поради болестите кои ги пренесувале овие животни.

Мене, како мајка, особено ме загрижува последниот пример со инфестацијата кај основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Вистински ризик за најранливите, ризик за здравјето на нашите најмили. Да не заборавиме дека во непосредна близина се наоѓа и градинката 13 ноември, со што во опасност се ставени и најмалите деца.

Градоначалникот Герасимовски е должен да одговори како ние, родителите, да ги пуштиме своите деца надвор да си играат, а притоа да не се сомневаме дека нема да дојдат во контакт со површини на кои се движат глувци и стаорци?

Должен е да одговори дали ја гарантира безбедноста и здравјето на учениците во „Песталоци“?

Важно е да се потсетиме дека според член 15 од Закон за Град Скопје, дератизација е надлежност на општините, па прашање е дали градоначалникот и Општина Центар потфрлаат во надлежностите и обврските со кои се задолжени.

Почитувани,

Ова не е случајно. Ова е резултат на мрзеливоста и неспособноста на Горан Герасимовски и неговите сопартијци.

Кадрите на СДС, по мерка на Зоран Заев и Венко Филипче, не знаат да се справат со глувци и стаорци, а камоли да водат општина.

Овие луѓе успеаја да направат да се срамиме од она во што се претвора нашата општина. Некомпетентни лица, проследени со секојдневни скандали, не смеат да раководат со срцето на градот!

Ана Хаџиевска, член на ОК Центар на ВМРО - ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бруцошите добија дополнително време за да аплицираат за место во студентски дом

Министерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови.

Бруцошите добија дополнително време за да аплицираат за место во студентски дом

Министерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови, откако се покажа дека дел од студентите примени во вториот уписен рок немаат доволно време да го завршат уписот и да обезбедат потврда дека се редовни студенти.

Проблемот се појави кај кандидатите од вториот уписен рок.

На дел од факултетите при уким запишувањето на примените студенти е закажано за 21 септември, односно еден ден по првично утврдениот рок за студентските домови.

Без завршен упис, тие не можат навреме да обезбедат потврда за редовен студент – еден од документите потребни при аплицирањето. Токму поради тоа мон го продолжи рокот, со цел и студентите кои ќе го завршат уписот во вториот уписен рок да можат да ја обезбедат потребната документација и рамноправно да конкурираат за сместување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца осомничени за горење кабли на депонијата Буково — го загадиле воздухот додека собирале бакар

Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад.

Тројца осомничени за горење кабли на депонијата Буково — го загадиле воздухот додека собирале бакар

Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата „Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици.

Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката., велат од обвинителството..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер