КултураСаем на книгата во кочанската библиотека по 19 - ти патОд 10 до 15 овој месец, ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани ќе го реализира 19. Саем на книгата, на кој ќе учествуваат повеќе издавачки куќи од Републиката. На овој настан од културата, планирано е претставување на роднокрајниот автор, Благоја Стојков, зад кого стои издавачката куќа „Антолог“. Саемот ќе се одржи во просториите на кочанската библиотека под мотото “Книгата не спојува-ние читаме-читајте и вие”. Отворањето е закажано за 10 ноември од 12 часот. Во текот на оваа шестдневна манифестација посветена на љубителите на книгата, библиотеката ќе биде отворена секојдневно во периодот од 10 до 18 ч. Читателите ќе имаат можност да купат литература од различни излагачи и издавачки куќи.Тагови: книгата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО. Карпош: Реконструкција на урбаната опрема во НерезиОпштина Карпош продолжува со реализација на активности за реконструкција и унапредување на урбаната опрема на детските игралиште и на јавните простори на своја територија.Во изминатиот период се работеше во УЗ Нерези, каде што е целосно обновена урбаната опрема на детското игралиште. Притоа реконструирани се детските реквизити, поставен е нов песок, со што ова детско катче доби нов, модерен лик. Исто така, во рамките на овој спортско-рекреативен комплекс, се заменија и дотраените даски на летниковецот. Општина Карпош и во наредниот период продолжува со интензивна динамика да инвестира во реконструкција и модернизација на детските игралишта и урбаната опрема, со цел создавање поквалитетни и побезбедни услови за своите граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУставен суд за првпат пријави судија за непочитување на судска одлукаУставниот суд за прв пат го активираше новиот механизам за заштита на сопствените одлуки, откако судија во Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил нивната одлука за повторување на постапката за предметот на новинарката Наташа Стојановска. Судијата, повикувајќи се на Законот за парнична постапка, навел дека Одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ. Додека пак, претседателот на Уставниот суд – Дарко Костадиновски, за Канал 5 вели дека според уставно утврдените правни карактеристики, одлуките на Уставниот суд имаат дејство на конечност, извршност и општа задолжителност и не се предмет на интерпретација. -Станува збор за историска одлука на Уставниот суд и прва од ваков вид во 63 години уставно судство во Македонија. Целта и смислата на овој механизам и на одлуката на Уставниот суд во конкретниов случај, е да покаже одлучност дека се грижи за извршувањето на своите одлуки и да испрати порака до сите субјекти дека неговите одлуки мора да се почитуваат и извршуваат и дека во тоа се состои суштината на уставното судство. Доколку било кој не ги почитува и не ги извршува одлуките на Уставниот суд, но и доколку тоа се игнорира и не се утврдува од самиот Уставен суд или од било кој надлежен орган, се губи смислата на постоењето на уставното судство. Сметам дека конкретната одлука води кон поголема уставна дисциплина,- -Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд. Костадиновски дополнува дека согласно новиот механизам воведен пред три години, сега Уставниот суд ќе подготви извештај за судијата кој не ја извршил нивната одлука и за истото веќе го известил Јавниот обвинител и Судскиот совет. -Уставниот суд и по службена должност и по пријава од лице кое има правен интерес испитува дали неговите одлуки се извршуваат. Доколку утврди дека негова одлука не е извршена, подготвува посебен извештај и доколку утврди неизвршување за истото го известува јавниот обвинител и органот кој го избрал или именувал лицето кое не ја извршило одлуката на Уставниот суд,- -Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд . Предметот по кој Уставниот суд одлучуваше и утврди повреда на слободата на јавно изразување на новинарката Наташа Стојановска сторена со една пресуда од Основниот граѓански суд и уште една од Апелација, се однесува на настаните во Собранието од 27 април каде таа, присутна како акредитиран новинар, била изложена на закани без притоа да и е обезбедена соодветна заштита. Адвокатот на Стојановска – Филип Медарски, ја оценува оваа одлука на Уставниот суд како исклучително важна. -За разлика од претходниот Деловник кој упатуваше исклучиво на следење на извршувањето на одлуките, со новиот Акт Уставниот суд добива проактивна улога и има можност формално да реагира доколку неговата одлука не е извршена. Со ова се зајакнува нивната позиција во однос на непосредната уставно-судска заштита на правата од член 110 алинеја 3 од Уставот,- -Филип Медарски, адвокат. Од Уставниот суд напоменуваат дека конечноста и извршноста на нивните одлуки се заштитени и со кривично-правни санкции во случај кога не се извршуваат. Сепак, последниот збор за тоа дали судијата од Основниот граѓански суд ќе добие евентуална санкција, го имаат Судскиот совет и Јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаВо септември најмалку 3000 првачиња помалку од минатата година Бројот на првачиња секоја година е се помал, покажува статистиката. Алармот во јавност го вклучи министерката Весна Јаневска, која очекува оваа година бројот на првачиња ќе се намали на под 15 илјади, што ќе биде рекорден пад во една година.. Според податоците од Државниот завод за статистика, во изминатите седум години бројот на првачиња е намален за 4200 деца. Во учебната 2018/2019 биле запишани над 22100 првачиња, во 2023/24 година биле запишани 19.848 првачиња, а минатата 2025/2026 година се запишале 17921. Досегашниот број на запишани првачиња е за речиси 5000 помал од минатата година, но очекувањата се дека до почетокот на учебната година ќе се запишат уште ученици. Според поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски оваа состојба е последица на намалениот број на живородени деца. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Берово бројот на првачиња, за седум години е преполовен, додека во Општина Ново Село, бројот на првачиња за седум години се намалил за 3,5 пати, од 61 во 2018 на 17 во 2025 година. И во големите градови, се забележува пад на бројот на првачиња во просек од 20-тина проценти. Па така во Скопје, за седум години бројот на првачиња е намален за 726, во Куманово за 283 а во Тетово за 155 првачиња. Ваквата слика, според Герасимовски е резултат на трендот на иселување на младото, работоспособно население, во репродуктивни години. Тој нагласува дека за сметка на овој негативен тренд, се зголемува бројот на родени деца во другите држави. Од друга страна додека бројот на ученици се намалува, бројот на наставници расте. На пример, во учебната 2023/2024 имало 955 редовни основни училишта и 18.831 наставници, а во следната 2024/2025 имало 12 училишта помалку, односно 943, и зголемен број наставници 19.447. Во 2025/2026 година бројката на редовни училишта била намалена за уште 16 и ги имало 927, а бројката на наставници пораснала до 19.461. Сепак, минстерката Јаневска во повеќе наврати потенцира дека не се планира отпуштања, туку се работи на прекавлификација на дел од кадарот.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter