САД воведоа царини од 25 проценти за Канада и Мексико и 20% за Кина - Канал 5

САД воведоа царини од 25 проценти за Канада и Мексико и 20% за Кина

Соединетите Држави и официјално воведоа тарифи од 25 проценти за Канада и Мексико и од 20 проценти за Кина и ги разгореа стравувањата за почеток на трговска војна.

САД воведоа царини од 25 проценти за Канада и Мексико и 20% за Кина

Иако официјален Вашингтон веќе донесе тарифи за Кина, ова е прв пат такво нешто да се воведе за двете соседни држави кои низ годините имаа договори за слободна трговија со САД без речиси никакви ограничувања. Одлуката за тоа ја соопшти американскиот претседател Трамп кој оцени дека одложувањето од 30 дена повеќе нема да важи бидејќи според него, Канада и Мексико не се вклучиле доволно во борбата против нелегалната миграција и шверцот на смртоносната дрога фентанил во САД.

-Нема простор повеќе за договор за Мексико и Канада. Царините се веќе воведени и стапуваат на сила веднаш,- - Доналд Трамп – Претседател на САД .

Официјален Пекинг експресно возврати со тарифи од 10 до 15 проценти на стоки од САД, а слична контра мерка најави и Канада. Шефицата на канадската дипломатија Мелани Џоли, оцени дека тарифите се егзестенцијална закана кон нив, а премиерот на канадската провинција Онтарио, Даг Форд најави исклучување на електричната енергија која Канада ја доставува до САД.

-Ако Трамп сака да наметне тарифи, ние сме спремни. Спремни сме да воведеме тарифи вредни 155 милијарди долари и спремни сме за првата транша која е 30 милијарди и е веќе позната. Знаеме дека ова е егзистенцијална закана за нас, а постојат илјадници професии во Канада што се засегнати,- - Мелани Џоли – Министерка за надворешни работи на Канада.

- Доколку се обидат да го уништат Онтарио, вклучително и исклучувањето на електичната енергија и тоа со насмевка на лицето. Затоа ги охрабрувам сите други провинции да го направат истото-- Даг Форд- Премиер на Онтарио.

Мексиканските власти иако за сега не најавија контра мерки, сепак порачаа дека ќе одговорат на одлуката на Белата Куќа. Претседателката Клаудија Шеинбаум, на вонредна прес-конференција истакна дека нејзината земја има алтернативни решенија..

-Одлуката за воведување тарифи зависи од САД, од претседателот на САД. Па, без разлика каква е нивната одлука, ние ќе донесеме наша и веќе имаме план. Имаме единство во Мексико и тоа многу не охрабрува,- - Клаудија Шејнбаум – Претседателка на Мексико.

Одлуката на американскиот претседател предизвика пад на берзите на Волстрит поради стравувањата од трговска војна. Со реакција за одлуката на американските власти се огласија и од ЕУ кои ги осудија тарифите наметнати од Трамп и ги повикаа американските власти да ги преиспитаат своите постапки кон како што велат, долгогодишните сојузници.

Трамп по враќањето во Белата куќа најави воведува на царини и за стоките од ЕУ, но засега конректен чекор нема преземено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Терористички напад пред израелската амбасада во Белград: Напаѓачот извикувал „Алах Акбар“

Малолетник со два ножа, извикувајќи Алах Акбар, доцна синоќа е убиен, откако

Терористички напад пред израелската амбасада во Белград: Напаѓачот извикувал „Алах Акбар“

Се работи за момче од Шабац, кое според полицијата, бил приврзаник на џихадистичката Исламска држава и веќе било следено од безбедносните служби како потенцијална закана. Полицаецот кој во самоодбрана смртно го застрелал напаѓачот, минал со полесни исекотини. Според министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, се работи за терористички напад, а нивото на терористичка закана е подгигнато на највисоко ниво.

-Тоа ниво се зголемува на црвен степен. Toa значи дека од наутро ќе биде засилена контролата и присуството на полициските сили на сите места кои се важни поради инфраструктурните објекти и поради собирање на поголем број граѓани. , изјави Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи

Во актуелната наелетризирана постизборна состојба во Србија, црвено ниво на безбедност не значи забрана за јавни собири, но значи зголемено присуство на полиција онаму каде што има. Од Студентската листа стравуваат дека актуелната влада во заминување може да го злоупотреби нападот пред амбасадата, дури и да прогласи вонредна состојба, со што би се пролонгирало конституирањето на новото собранието и новата влада, рече во интервју, кандидатот за пратеник на листата, Немања Ѓуриќ. Темата за евентуално прогласување вонредна состојба стана актуелна во дел од српските медиуми по упадот на група граѓани во телевизија „Информер“, собирите пред Пинк и јавниот сервис, но и заканата на Вучиќ дека како партија ќе се самоорганизираат, ако државните органи останат неми на инцидентите.

-Вонредна состојба се воведува тогаш кога заканата за државата и за граѓаните е огромна, односно кога под закана е опстанокот на државата и на граѓаните. Во овој момент тоа не постои, а дали некој ќе се обиде тоа да го исценира и да создаде таква слика, останува да видиме. , изјави за „Инсајдер.рс“, Предраг Петровиќ, Центар за безбедносна политика

Синоќешниот е втор теористички напад пред израелската амбасада во Белград, откако пред две години маж со самострел рани жандарм кој го обезбедуваше. И тогаш беше прогласно црвено ниво на закана, кое траеше шест дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонски Телеком воведува прва самостојна 5г плус мрежа во земјава

Македонски телеком ја воведува првата самостојна 5г+ мрежа во Македонија, која треба да донесе побрз и постабилен мобилен интернет и нови дигитални услуги.

Македонски Телеком воведува прва самостојна 5г плус мрежа во земјава

Од компанијата информираат дека инфраструктурата е веќе поставена, а новите функционалности постепено ќе се активираат и ќе им бидат достапни на корисниците до крајот на годинава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

Филипче треба да одговори на едноставно прашање: како државата се откажува од гасификацијата, ако гасоводот со Грција се гради со инвестициски грант и заеми од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој?

Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија, а домашната гасоводна мрежа се оспособува за ставање во функција.

Филипче треба да одговори на едноставно прашање: како државата се откажува од гасификацијата, ако гасоводот со Грција се гради со инвестициски грант и заеми од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој?

Според проектните податоци од 19 октомври, на македонската делница се испорачани 64 километри цевки, заварени се 43, а 18 километри се поставени во ров. Експропријацијата е реализирана во обем од 97 проценти. Тоа се конкретни работи на терен, а не политички најави.

Паралелно се работи на трасата и проектирањето на поврзувањето со Србија. Новите интерконекции создаваат услови за повеќе правци и извори на снабдување. Затоа поврзувањето на буџетските усогласувања со наводна определба за зависност само од руски гас го изоставува токму она што се прави за диверзификација.

Министерството утрово веќе појасни дека изградбата на гасоводи и планираната набавка и складирање природен гас за стратешки резерви се одделни процеси, со различни финансиски и технички предуслови. Обезбедувањето резерви зависи и од достапен складиштен простор и транспортен капацитет. Буџетската промена сама по себе не докажува дека инфраструктурните проекти се напуштаат.

Од претседателот на СДСМ очекуваме одговорна критика, заснована на целосни информации. Издвојувањето бројки, без да се објаснат намената на средствата, одделното финансирање и напредокот на проектите, ја доведува јавноста во заблуда. Политичката пресметка не смее да биде поважна од точното информирање на граѓаните.

Гасификацијата продолжува. Министерството останува отворено за конкретни прашања и проверка на документите и резултатите.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер