3Сали–Гетцова: Продлабочување на билатералната соработка и чешката поддршка за европската интеграција
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
СветСАД велат дека Украина е подготвена да ги прифати нивните барања за примирје со РусијаВладата на Доналд Трамп смета дека Украина е подготвена да ги поддржи американските барања за склучување примирје со Русија, изјави висок американски функционер, во пресрет на утрешните преговори во Саудиска Арабија... Речиси еден месец по историската прва средба меѓу делегациите на САД и Русија, Украина утре седнува на преговарачка маса со американските колеги во обид да се договори некаков прекин на огнот. Локацијата е иста, Саудиска Арабијa, само овој пат место во Ријад, средбата ќе биде во Џеда. Иако ќе биде присутен, сепак украинскиот претседател Зеленски формално нема да учествува и нема да биде дел од делегацијата која ќе преговара со САД. Во пресрет на средбата пак, американскиот претседател Трамп навестува добри вести, а соопшти и дека ја кренал забраната за споделување на воени информации со Украина. „Мислам дека добро ќе поминеме, мислам дека ќе имаме добар резултат во Саудиска Арабија, односно тие се домаќини на разговорите и имаме многу добри луѓе кои одат таму. И мислам дека Украина добро ќе помине и мислам дека Русија добро ќе помине. Мислам дека доста големи работи ќе се случат неделава. / Дали ќе размислите да ја кренете забраната за споделување на информации со Украина? / Само што го направивме тоа, и сакаме да направиме се што можеме за да ја натераме Украина да биде сериозна да се направи нешто.“ Очекувањата според информациите од администрацијата на Трамп се Украина да ги поддржи американските барања за примирје, а најавите се дека ќе стане збор и за договорот за ретки минерали. Американскиот преговарачки тим останува истиот како и за средбата со Руската делегација, во него се државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц. Од украинска страна пак, тимот ќе го сочинуваат шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, советникот за национална безбедност и министрите за одбрана и надворешни работи. Високи очекувања има и самиот Зеленски кој на социјалните мрежи напиша дека неговата земја се стреми за мир, а единствена причина зошто војната толку трае е Русија. „Дипломатијата ќе биде толку силна колку што се силни нашите позиции на фронтот, и ние правиме се што е можно да се осигураме дека потребите на фронтот се исполнети. / Се надеваме на резултати (од средбата) како во приближување на мирот, така и во континуирана поддршка. “ Во пресрет на средбата, од Европската Комисија уште еднаш повторија дека посакуваат скорешен крај на војната, но со праведен и траен мир за Украина. Ситуацијата со големо внимание се следи и во Москва. Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека од разговорите во Саудиска Арабија ќе се утврдело дали Украина е заинтересирана за мир. Двете страни во меѓувреме продолжуваат со воените дејствија, а а најжестоките борби продолжуваат во регионот на Курск каде руските сили започнаа силна офанзива. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари на средба со претставникот на Катар: Унапредување на соработката во правосудствотоНа средбата, Шасивари ја истакна важноста од воспоставување директни контакти со Министерството за правда на Катар и неговите специјализирани институции.Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари средба со вршителот на должноста во Амбасадата на Државата Катар, Рашид бин Саед Ал-Хајарин, на која се разговараше за можностите за продлабочување на билатералните односи и отворање ново поглавје во институционалната соработка во областа на правосудството. На средбата, Шасивари ја истакна важноста од воспоставување директни контакти со Министерството за правда на Катар и неговите специјализирани институции, со фокус на обуката на правните професионалци, борбата против корупцијата и финансискиот криминал, како и дигитализацијата на правосудниот систем. Односите меѓу нашата држава и Катар континуирано се развиваат. Политичките консултации одржани во Доха во јули 2026 година и потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на трудот во септември оваа година го потврдуваат потенцијалот за натамошно проширување на соработката. Во таа насока, министерот Шасивари изрази интерес за разгледување на можностите за техничка и финансиска поддршка за приоритетни проекти во рамките на реформите во правосудството, со цел соработката да се преточи во конкретни проекти и мерливи резултати. Добрите дипломатски односи создаваат можности, а институционалната соработка ги претвора во резултати. Министерството за правда има за цел односите со Катар да ги надминат рамките на дипломатскиот дијалог и да донесат конкретни придобивки за институциите и граѓаните на двете земји. Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаНова фекална канализациона мрежа во Пинтија Општина Кисела Вода ја финализираше изградбата на новиот крак од фекалната канализација на улицата „Саса“ во населбата Пинтија. Со овој инфраструктурен проект се надминува повеќегодишниот проблем на жителите од овој дел на општината, кои конечно добиваат соодветно и стандардизирано одведување на отпадните води. Изведена е нова фекална канализација во должина од 320 метри, при што се поставени 15 нови ревизиони шахти. Новата мрежа е директно поврзана со постоечката канализациска инфраструктура на улицата „Саса“. Се работи за проект финансиран од Општина Кисела Вода, додека дел од материјалите беа обезбедени во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. -Реализацијата на овој проект е директен одговор на барањата на граѓаните од овој дел на Пинтија. Моето ветување до нив беше дека ова прашање ќе биде решено во најскоро време, и денес тоа ветување е реалност. Со изградбата на новата мрежа, го надминуваме овој комунален предизвик и обезбедуваме достоинствени услови за живот. Општина Кисела Вода продолжува со континуираните инвестиции во изградба и реконструкција на подземната инфраструктура во секое населено место- истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Пинтија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСали–Гетцова: Продлабочување на билатералната соработка и чешката поддршка за европската интеграцијаПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Чешката Република во Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Ирена Гетцова.Министерот Сали ѝ посака добредојде на амбасадорката и успех во нејзината дипломатска мисија, изразувајќи подготвеност за унапредување на пријателските односи и соработката меѓу двете земји. На средбата се разговараше за билатералните односи и европската перспектива на Северна Македонија. Сали изрази благодарност за континуираната поддршка од Чешка за членството на земјата во Европската Унија, нагласувајќи ја важноста на партнерството со земјите членки во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на институционалните капацитети. Внимание беше посветено на можностите за размена на чешките искуства од процесот на пристапување и користењето на европските фондови, како и на потенцијалот за проширување на економската, образовната и културната соработка. Министерството за европски прашања останува посветено на продлабочувањето на соработката со Чешката Република, во функција на унапредување на процесот на европска интеграција и остварување конкретни придобивки за граѓаните. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter