3Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
СветСАД со најава за објавување дел доверливи документи за Саудиска Арабија и за нападите од 11/9САД се подготвуваат да ја одбележат 20-годишнината од нападот врз Светскиот трговски центар, Пентагон и авионот што се урна во Пенсилванија, со свечена церемонија планирана во Њујорк во присуство на претседателот Бајден.Во пресрет на 20-годишнината од терористичките напади на Ал Каеда врз САД, администрацијата на претседателот Џо Бајден, под притисок на семејствата на жртвите, најави дека ќе објави дел доверливи документи за кои семејствата сметаат дека можат да ја расветлат врската на Владата во Ријад и киднаперите кои ги извршија нападите. Американските власти во понеделникот ветија дека ќе ги разгледаат доверливите документи поврзани со терористичките напади од 11 септември 2001 година, за да утврдат кој од нив може да биде објавен, бидејќи семејствата на жртвите постојано барале објавување на тие документи. Федералното истражно биро во писмо до државниот обвинител во Њујорк наведе дека „одлучи да ја преиспита" својата привилегија да не објави одредени чувствителни документи и дека „ќе идентификува дополнителни информации погодни за откривање". Објавата на ФБИ е дел од правната битка што ја водат роднините на жртвите од терористичките напади на 11 септември 2001 година против Саудиска Арабија и други земји за кои сметаат дека се соучесници. За време на тие правни спорови, администрациите на неколку американски претседатели се повикаа на државни тајни за да не се објават документите. САД се подготвуваат да ја одбележат 20-годишнината од нападот врз Светскиот трговски центар, Пентагон и авионот што се урна во Пенсилванија, со свечена церемонија планирана во Њујорк во присуство на претседателот Бајден. Долгогодишната тужба против Саудиска Арабија постигна значителен напредок оваа година со испитување под заклетва на поранешни саудиски функционери, но изјавите се недостапни за јавноста, додека САД ги чуваат документите кои се сметаат за премногу чувствителни за објавување. Министерството за правда во понеделникот изјави дека ФБИ неодамна заврши истрага во која предмет на истрага беа киднаперите на 11 септември 2001 година и потенцијалните учесници во нападот. Министерството не изјави ништо за заклучоците од истрагата. Неколку истраги на американската Влада истражуваат врски помеѓу саудиски државјани и некои киднапери, но не е утврдено дека саудиската Влада била директно вмешана. Петнаесет киднапери беа Саудијци, како и Осама бин Ладен, чија терористичка мрежа Ал Каеда стои зад нападот. Саудиската Влада долго време негираше каква било вмешаност. Посебно внимание е насочено кон поддршката што им била понудена на првите двајца киднапери кои пристигнале во САД вклучително и поддршката од саудиски државјанин кој им помогнал да пронајдат и изнајмат стан во Сан Диего. Одлуката за објавување документи за кои се смета дека ќе ги расветлат врските на саудиската Влада со напаѓачите е донесена откако групата што претставува повеќе од 1.600 луѓе директно погодени од нападите го повикаа Бајден да не присуствува на комеморациите на 20-годишнината од нападот следниот месец, освен ако го исполни ветувањето дека документите за објавување ќе бидат разгледани, објави „Њујорк Тајмс". Во изјава минатата недела, група семејства на жртвите и преживеаните велат дека не можат „со добра волја и со почит кон загинатите, болните и повредените" во нападите, да го поздрават Бајден на комеморациите следниот месец, доколку не го исполни ветувањето од претседателската кампања. Речиси 3.000 луѓе беа убиени во нападите на 11 септември 2001 година. Од друга страна, според „Вашингтон пост", семејствата бараат понатамошни активности за објавување информации за улогата што Саудиска Арабија ја имала во нападите, тврдејќи дека тоа што го направи Министерството за правда не е доволно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Култура„Мекита од просјачка опера“ – кога криминалот станува систем, а бедата професијаШто се случува кога бедата ќе добие деловен модел, просењето ќе стане организирана дејност, а криминалот ќе се претстави како закон?Кога туѓата несреќа станува извор на профит, а преживувањето - стока што некој ја контролира, сиромаштијата престанува да биде само последица на неправдата. Таа станува бизнис, а моќта - неговиот најсигурен заштитник. Во „Мекита од Просјачка опера“, оваа сурова слика се отвора низ сатиричен и гротескен театарски свет, во кој хуморот не ја ублажува неправдата, туку ја разголува. Комедијата станува остроумно оружје: низ иронија, апсурд и смеа, претставата го разобличува системот. Каде завршува подземјето, а каде почнува општеството, она што го создава, одржува и го штити? Во тој свет, Брехтовото прашање - „Кој е поголем криминалец: оној што ја ограбува банката или оној што ја основа?“ - не звучи како провокација од минатото, туку како непријатно актуелна дијагноза на сегашноста. Со Мекита од Просјачка опера“, Театар Комедија отвора сценски простор во кој Брехтовата „Просјачка опера“ добива нова драматуршка и изведувачка форма. Во режија на Наташа Поплавска, претставата ја испитува можноста за современ сценски јазик низ принципите на тоталниот театар, во кој актерот, музиката, видеото, движењето и звукот не се само средства за раскажување, туку рамноправни носители на драмското значење. Необичниот сценски влез започнува со актерката и со самата актерска професија - нејзината несигурност, постојаната преобразба и потребата од опстанок во светот во кој и уметноста мора да се избори за своето место. Од таа автоиронична исповед се отвора вратата кон Брехтовиот свет. Матеа Јанковска, преземајќи седум идентитети, го претвора сопственото тело, глас и сценско присуство во простор на постојани трансформации. Но, зад секој лик останува видлива актерката - не како скриена основа, туку како свесна сила што ја создава и ја разградува илузијата. Трансформацијата не е само средство за раскажување; таа станува дел од значењето. Пред гледачот не се менуваат само ликовите, туку и самата граница меѓу оној што ја игра улогата и оној што ја гледа. Кабаретската иронија, сатирата, гротеската и современиот електронски звук го обликуваат ритамот на ова сценско истражување. Музичкиот свет на „Мекита од Просјачка опера“ добива современа електронска интерпретација преку дуото „Триангулум“ - Томи Анчов и Стефан Дамјаноски, а нотите на Курт Веил се провлекуваат како лајт мотив на претставата. Музиката не е само придружба на драмското дејствие, туку негов активен драматуршки соговорник, дел од сценскиот ритам и целокупниот театарски израз. Звукот не ја следи само сценската акција, туку го менува нејзиниот ритам и ја продлабочува напнатоста меѓу комичното и заканувачкото. Во претставата уште една важна улога е доделена на видео мапингот и видео дизјанот кој е препознатлив дел од режисерските постапки на претставите на Поплавска. Овој пат Брехтовите пораки ќе бидат пренесени преку видео дизјан на дизјанерот Емил Петров, видеото ќе биде активен учесник во претствата, ќе се дообликува во живо во текот на претставата заедно со актерката и музиката која исто така се изведува во живо. „Мекита од Просјачка опера“ е прва фаза од докторското истражување на Наташа Поплавска на тема „Тотален театар“ и Брехт како автор најблизок до тоталниот театар и она што денес би се нарекло, современ театар“. Истражувањето се одвива пред очите на публиката - не како теоретска теза што чека потврда, туку како сценска практика во која различните изразни средства се испреплетуваат, а односот меѓу сцената и гледалиштето постојано се преиспитува. Хуморот овде не е прибежиште од стварноста, туку начин таа да се согледа поостро; зад комичното се откриваат механизмите на интересот, зад привидниот ред - злоупотребата, а зад општествената пристојност – добро организираната моќ. Најсилното прашање што го отвора Брехтовиот свет не е само кој е криминалецот, туку кој има моќ да го именува така. А кога се менуваат лицата, формите и правилата, останува онаа иста нишка на која се нанижани сите времиња - моќта. Зашто, на крајот, не е законот тој што ѝ поставува граници на моќта, туку моќта е таа што одлучува каде завршува законот. Во создавањето на овој сценски свет, текстот го напишаа Наташа Поплавска и Матеа Јанковска, а драматуршката супервизија е на Весна Куслеска. Во претставата се вклучени и други соработници како: Олга Панго - супервизор на сценски движења, Љубица Велкова - изведувач на костими и сцена, Анастасија Славковска вокална подготовка, истражувачката фаза ја надополнува Оливија Трјаковска, за односи со јавност одговорна е Катарина Илиоски, светлото мајстор е Виктор Лазаревски а одговорен на сцена е Никола Николовски. Посебна благодарност, тимот на претставата изразува до: Министерството за култура и туризам на Република Македонија, Едмонд Сотир, Жаклина Петровска, Атанас Атанасовски, Драган Грбиќ и Огнен Шапковски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Македонија„Ниту една повеќе“ не сака политичари и партиски членови на нивните протестиНеформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ објави на социјалните мрежи дека „им забранува на сите партиски членови, сегашни и поранешни министри и премиери да доаѓаат на протестите што тие ги организираат против фемицидот .Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ објави на социјалните мрежи дека „им забранува на сите партиски членови, сегашни и поранешни министри и премиери да доаѓаат на протестите што тие ги организираат против фемицидот и како што велат, да го претвораат феминистичкиот отпор во квази-партиски декор за сопствената политичка беда“. Истовремено од граѓанската организација ги повикуваат сите изневерени, обесправени, понижени, повредени граѓани и граѓанки да излезат заедно со нив на улица и да побараат одговорност и правда. Нивната реакција следи откако на протестот кој се одржа завчера во скопје беа забележани поранешни политичари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиШок во светот на Мото ГП: Марк Маркез ја завршува кариерата Шампионатот во Мото ГП останува без еден од своите најуспешни и најпрепознатливи возачи.Марк Маркез одлучи да ја заврши својата професионална кариера и ќе го има својот последен настап на патеката за време на викендот на трката за Големата награда на Валенсија, потврди неговиот тим. Веста за одлуката на шпанскиот мотоциклист беше објавена на социјалните мрежи на тимот, со порака што ги изненади фановите на овој спорт. „Официјално е - Марк Маркез одлучи да се пензионира од Мото ГП шампионатот, а Големата награда на Валенсија ќе биде неговата последна трка како професионален возач за тимот на Дукати Леново“. Маркез има кариера исполнета со рекорди, титули и враќања по сериозни повреди. Десет пати го освоил светското првенство во мотоциклизам, а со неодамнешниот триумф во Портимао стигна до осмата титула во најсилната категорија. Со тоа, се изедначи со легендарниот Џакомо Агостини, кој му подари златна кацига за време на прославата. Дукати сè уште не дале официјално објаснување зошто Маркез одлучил да се пензионира. Долгорочните физички проблеми се споменуваат како една од можните причини, првенствено повреди на раката и рамото. Шпанецот треба да се обрати на претставниците на медиумите напладне и подетално да ја објасни својата одлука. Неговиот пат до врвот започна во најниската класа. Својата прва светска титула ја освои во 2010 година, во категоријата до 125 кубни сантиметри, за време на неговата трета сезона во шампионатот. Потоа следеше преселба во Мото2, каде што му беа потребни две години за да освои нов трофеј, по што му беше дадено место во фабричкиот тим на Хонда и можност да се тестира меѓу најдобрите. Уште за време на неговото деби во кралската класа, тој покажа дека е возач од посебен калибар. Во 2013 година, Маркез стана првиот почетник што ја освои титулата во Мото ГП по Кени Робертс во 1978 година, а на само 20 години постави рекорд како најмлад шампион во историјата на натпреварувањето. Следната сезона, тој повторно беше најдобар, и тоа на импресивен начин - поголемиот дел од работата заврши со серија од десет последователни победи. Во 2015 година, тој мораше да му го предаде тронот на Хорхе Лоренцо, но веќе следниот ден започна нова ера на доминација. Од 2016 до 2019 година, Маркез освои четири последователни титули и го потврди својот статус на водечки возач на својата генерација. А потоа дојде период што сериозно ја загрози неговата кариера. View this post on Instagram A post shared by MotoGP™ (@motogp) Тежок пад во Херез во текот на летото 2020 година доведе до скршена рака и дури четири операции. Закрепнувањето траеше долго, и иако се враќаше на патеката и успеваше да победи, Хондата повеќе не беше толку конкурентна како порано, додека на Маркез му беше сè потешко да го извлече максимумот од моторот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook