Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветСАД сакаат добри односи со Пекинг, но ќе го штитат својот интерес, изјави Рубио Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД се стремат кон добри односи и взаемна почит со Кина, но дека Вашингтон „секогаш ќе го брани сопствениот интерес“.- Со оглед на тоа што САД и Кина се двете најмоќни и најважни држави во светот, мораме да имаме односи, мора да можеме да разговараме, и ако е можно, да најдеме заеднички точки на соработка, рече Рубио во интервју за Фокс Њуз. Тој нагласи дека таму каде што има несогласувања, „секогаш мора да застанеме на страната на Америка“. Рубио ја оцени економската нерамнотежа меѓу двете земји како еден од клучните проблеми, наведувајќи дека претседателот Доналд Трамп се обидува повторно да ја балансира трговската размена со Пекинг. - Кинезите со децении спроведуваат економски модел што им овозможува да продаваат сѐ што сакаат во САД, додека американските компании немаат еднаков пристап до кинескиот пазар, рече Рубио. Тој додаде дека секоја кинеска компанија има неограничен пристап до „највредниот потрошувачки пазар во светот“, додека кинескиот пазар останува речиси целосно затворен. Според него, Кина ги штити своите компании и истовремено инсистира да извезува што сака на американскиот пазар.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБитола денес беше град на трчањетоНад 1.500 тркачи од 18 земји денес беа дел од 8-мото издание на ТРЧАЈ БЕ 2026, спортска манифестација која од година во година расте и ја зацврстува позицијата на Битола како значајна дестинација за спортски туризам во регионот.Свежото утро создаде одлични услови за трчање, а годинешното издание донесе и исклучителни спортски резултати. На битолската патека беа постигнати најбрзите времиња досега и соборени рекордите на ТРЧАЈ БЕ. Низ улиците на Битола денес трчаа натпреварувачи од различни земји, бодрени од бројна публика, волонтери и сите оние кои беа дел од организацијата и реализацијата на трката. ТРЧАЈ БЕ е спортски настан, но и приказна за Битола како отворен и активен град кој преку спортот привлекува гости, создава дополнителна вредност за локалната економија и се промовира надвор од границите на државата. Општина Битола упатува честитки до организаторите на ТРЧАЈ БЕ, до сите институции, партнери, волонтери и служби вклучени во реализацијата, како и до граѓаните кои со својата поддршка придонесоа за атмосферата долж патеката. Посебни честитки до победниците и до сите над 1.500 учесници кои денес ја истрчаа Битола. Уште едно успешно издание на ТРЧАЈ БЕ, уште еден голем спортски ден за Битола. Општина БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени. До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПожарот на Брач сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓеПожарот е сè уште активен на хрватскиот остров Брач, две лица се повредени, а речиси 700 луѓе се евакуирани, додека населбата Милна е спасена од пожарот, изјави денес началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ.Тој рече дека постара жена, која паднала од чамец за време на евакуација и речиси се удавила, е во критична состојба, додека другото повредено лице е млад човек кој вдишал чад. Туцаковиќ истакна дека ситуацијата на местото на пожарот на Брач утрово била помирна, иако сè уште дува ветер, по тешката ноќ во која пожарникарите ги бранеле куќите од пожарот, и дека, и покрај нивните напори, неколку згради биле оштетени, објави Индекс. Milna. Bračani dragi, držite se! pic.twitter.com/UCbF18cH9f — JurMag (@jur_magud) September 12, 2026 Туцаковиќ рече дека четворица канадери учествуваат во гаснењето на пожарот од воздух. Хрватската противпожарна служба претходно објави дека пожарот се приближил до Милна поради ветер и дека сите расположиви противпожарни сили се ангажирани во гаснењето на пожарот и спречувањето на ширењето на пожарот кон самото населено место. Ветерот влијаел врз ширењето на пожарот кон јужната страна на Брач на тешко пристапен терен покриен со густа вегетација, се вели во соопштението.Тагови: пожар Брач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook