Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
Славјанка Петровска: Господине Славески, Вие ќе ја земете целата плата. На клиентите на Алта банка им остануваат 10.000 денари неделно од сопствените пари.
1Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
2Славјанка Петровска: Господине Славески, Вие ќе ја земете целата плата. На клиентите на Алта банка им остануваат 10.000 денари неделно од сопствените пари.
Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
2Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
СветСАД одбиваат да бидат коспонзор на резолуција на ОН за поддршка на УкраинаСе чини дека овој потег го одразува растечкиот јаз меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, кој се обидува брзо да стави крај на војната во Украина и чиј тим разговара со Русија без учество на Киев.САД одбиваат да бидат коспонзор на нацрт-резолуција на ОН по повод три години од инвазијата на Москва на Украина, со која се поддржува територијалниот интегритет на Киев и се осудува руската агресија, изјавија три дипломатски извори за Ројтерс, во потенцијално значајна промена на политиката на најмоќниот западен сојузник на Украина. Се чини дека овој потег го одразува растечкиот јаз меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, кој се обидува брзо да стави крај на војната во Украина и чиј тим разговара со Русија без учество на Киев. Несогласувањата претставуваат голема политичка криза за Украина, откако таа употреби десетици милијарди долари американска воена помош договорена во текот на претходната американска администрација за да се спротивстави на руската инвазија. Нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН, во која увид имал Ројтерс, ја осудува руската агресија и ја потврдува посветеноста на „суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници“. „САД постојано спонзорираа такви резолуции во последниве години во корист на праведен мир во Украина“, изјави еден од изворите кој, како и другите, зборуваше под услов да остане анонимен за овеи чувствителни прашања. Првиот дипломатски извор изјави дека резолуцијата е спонзорирана од повеќе од 50 земји, но одби да ги идентификува. Портпаролот на американската дипломатска мисија во ОН во Женева се уште не одговорил на барањето за коментар. Русија зазеде околу 20 отсто од територијата на Украина и полека но сигурно ги освојува териториите на истокот од земјата. Москва соопшти дека нејзината „специјална воена операција“ одговорила на егзистенцијалната закана од кандидатурата на Киев за членство во НАТО. Западот и Украина ги сметаат акциите на Русија како империјалистичко преземање на земјата. САД досега беа коспонзори на речиси сите резолуции на ОН за поддршка на Украина против Русија во најголемиот конфликт на европско тло од Втората светска војна. Не е познат рокот до кој може да се поддржи нацрт-резолуцијата, а Вашингтон сепак би можел да се премисли. Гласањето во ОН, кое се смета за важен показател за глобална поддршка за Украина и покрај тоа што администрацијата на Трамп се сврте кон ставот на Русија за војната, сепак може да продолжи без американска поддршка, но е помала веројатноста да добие широка поддршка во Генералното собрание. „Засега ситуацијата е таква што тие (САД) нема да го потпишат“, изјави друг дипломатски извор, исто така под услов да остане анонимен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробениПарите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, по одлуката на гувернерот Трајко Славески за воведување привремена администрација на Алта банка, со која на граѓаните им се ограничува подигнувањето готовина на 10.000 денари неделно, додека за фирмите нема ограничување. Филипче посочи дека партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите, а народот ќе остане без своите пари. „Каква е оваа одлука на Трајко Славески граѓаните да не можат да си ги извадат парите, да можат само 10.000 денари неделно да вадат а фирмите да можат колку сакаат? Значи парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот ќе останат заробени. Криминална одлука на криминална власт. Партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите а народот ќе остане без своите пари“, напиша Филипче на социјалната мрежа Х. Скопје, 1.11.2026 СДСМТагови: Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометШампионот Вардар убедлив во супер дербито со Е. Пелистер Ракометарите на македонскиот шампион Вардар пред преполни трибини во Јане Сандански го добија првото сезонско супер дерби против најголемиот ривал Е. Пелистер со убедливи 31-23.Вардар со сигурна игра пред двата гола во текот на целиот натпревар извојува сигурна победа над ривалот во Битола во дербито на 9 коло од Супер лигата. Избраниците на Чупиќ со денешниот триумф се зацврстија на врвот на табелата со максимален ефект по 9 кола и потврдија дека и годинава се главни фаворити за шампионската круна. Пелистер до 40 минута успеваше до одржува резулатска неисвесност, но потоа црвено -црните ја искористија лошата игра на гостите во нападот со 7-6 и од минута во минута го зголемуваа водството до конечни 31-23. Очекувано прв стрелец на дербито беше капитенот на пелистерци Филип Кузмановски до 9 погодици, кај Вардар Љевар постигна 7, од шест даде Да Силва, четири Фадуил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАПрва титула за кошаркарите на Голден Стејт во WNBA Женскиот кошаркарски тим на „Голден Стејт“ ја освои шампионската титула во WNBA за првпат во својата историја, совладувајќи ја „Атланта“ со 68–63 на домашен терен во седмиот натпревар од финалната серија.Женскиот кошаркарски тим на „Голден Стејт“ ја освои шампионската титула во WNBA за првпат во својата историја, совладувајќи ја „Атланта“ со 68–63 на домашен терен во седмиот натпревар од финалната серија, со што обезбедија вкупна победа од 4–3 во серијата. Геби Вилијамс го предводеше „Голден Стејт“ до историскиот трофеј, постигнувајќи 30 поени. Тифани Хејс додаде 11, додека Вероника Бартон забележа 10 поени и 10 скока. Во редовите на „Атланта“, Џордин Канада беше најефикасна со 18 поени, а Алиша Греј придонесе со 16. На тој начин, „Голден Стејт“ го освои шампионскиот трофеј уште при својот прв настап во финалето, додека „Атланта“ не успеа да дојде до титулата, иако по четврти пат стигна до финалната серија. Најуспешните тимови во историјата на WNBA се „Минесота“, „Хјустон“ и „Сиетл“, од кои секој има освоено по четири шампионски титули.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter