САД нудат 15 милиони долари за апсење на Мадуро

САД го обвинија претседателот на Венецуела, Николас Мадуро за нарко тероризам.

Тие нудат 15 милиони американски долари за информации кои би довеле до негово апсење, јавува Би-Би-Си.

Оваа одлука ја објави државниот обвинител, Вилијам Бар.

САД не го признаваат Мадуро за претседател на Венецуела , туку самопрогласениот Хуан Гваидо , кој во моментот е претседател и на парламентот на земјата во која има дневна троцифрена инфлација по воведените санкции од САД.

притисни ентер