Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
СветСАД: Конгресмени од Републиканската партија со предлог-закон против кинески студентиГрупа републикански конгресмени од Претставничкиот дом на САД поднесе предлог-закон со кој би се забранило на кинески државјани да студираат во американски образовни институции. Овој потег е дел од пошироките напори на некои членови на Конгресот против Пекинг, мотивирани од загриженоста за националната безбедност. Конгресменот Рејли Мур од Западна Вирџинија е предлагач на законот, кој би им забранил на кинески државјани да добиваат студентски визи или да учествуваат во образовни разменски програми во САД. Законодавниот текст го поддржуваат уште петмина републикански конгресмени. - Со овие визи, САД ја повикуваат Комунистичката партија на Кина да ја шпионира војската, да краде интелектуална сопственост и да ја загрозува националната безбедност, изјави Мур. - Време е да го затвориме тој канал и да забраниме студентски визи за кинески државјани, вели тој. Предлогот има мали шанси да биде усвоен, а веќе предизвика критики од невладини организации и академски претставници, кои предупредуваат дека ваквиот потег и реториката против кинеските студенти би можеле да им наштетат на американските интереси. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГолеми протести во Израел против Нетанјаху во пресрет на изборите (ВИДЕО)Илјадници луѓе се собраа во Тел Авив на големи антивладини протести, три дена пред општите избори што се сметаат за референдум за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Протестот беше организиран од Октомврискиот совет, група основана од семејства на жртви и заложници киднапирани од палестинските милитанти на 7 октомври 2023 година, за да побара одговорност за неуспехот да се спречи нападот на Хамас што ја предизвика војната во Газа. „Три дена пред изборите, ќе одржиме последен настан за да одбележиме три години борба за откривање на вистината, барање одговорност и формирање државна истражна комисија“, напиша Октомврискиот совет на X пред митингот. Тесна трка Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу десничарскиот блок на Нетанјаху, кој е на власт од крајот на 2022 година, и блокот на централнодесничарскиот ривал Гади Ајзенкот. Најновите анкети покажуваат дека ниту еден блок нема да освои мнозинство места во израелскиот парламент. 💥The rally in Tel Aviv. All 4 opposition candidates expected. https://t.co/BGYmFED5id — Noga Tarnopolsky נגה טרנופולסקי نوغا ترنوبولسكي (@NTarnopolsky) October 24, 2026 Репортер на АФП изјави дека илјадници луѓе марширале од центарот на плоштадот Рабин кон Плоштадот на заложниците, каде што се одржал собирот и кој бил централна точка на минатите антивладини протести со барање за ослободување на заложниците од Газа. „Кој и да нè водеше во изминатите четири години, завршил ужасна работа“, изјави 68-годишната Хадас Фојерштајн за АФП кратко пред почетокот на собирот. „Израел никогаш не бил во ситуацијата во која се наоѓа сега“, додаде таа. Советот од октомври ја предупреди полицијата за можни „провокации“ од страна на провладините агитатори. Пропусти на 7 октомври Собирот доаѓа по години застапување од страна на израелското граѓанско општество и опозициските партии за формирање независна истражна комисија за да ги испита безбедносните пропусти што доведоа до настаните од 7 октомври. Владата на Нетанјаху одби да формира такво независно тело, како што Израел честопати формирал во минатото за да истражува големи пропусти на државно ниво. Наместо тоа, таа предложи формирање „политички“ комитет, во кој половина од членовите би биле назначени од владејачката коалиција, а другата половина од претставници на опозицијата. Опозициските лидери изјавија дека ќе го бојкотираат комитетот назначен од политичарите.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаПијани возачи предизвикале две сообраќајки во Тетово и околината, едниот немал ниту дозвола Две сообраќајни несреќи во Тетово и тетовско предизвикани од возачи кои возеле под дејство на алкохол, едниот и без дозвола, двајцата се лишени од слобода.На 24.10.2026 околу 22:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Д.С. од Тетово, удрило во три 16-годишни малолетници, сите од Тетово. По несреќата возачот со возилото го напуштил местото, но набргу бил пронајден и сопрен на ул.„Никола Тесла“. При алкотестирање кај него биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта, а при преглед на возилото биле пронајдени три пакувања со марихуана, по што е лишен од слобода, а возилтоо е одземено. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден малолетник, додека другите двајца се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. На 24.10.2026 во 04:10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Пирок, општина Боговиње, патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Д.М. од с.Пирок удрило во бетонски столб од куќа и излог одобјект, сопственост на Ф.Ш.(45) од с.Пирок. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото А.Р., А.М. и А.Р., додека со телесни повреди сопатникот Е.К. и возачот, констатирани во Ургентен центар при Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, при што било констатирано дека возачот Д.М. го управувал возилото по дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,29 промили алкохол во крвта, не поседувал возачка дозвола. Д.М. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаКузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во БрвеницаОсудениот С.З. познат како Симе не е во затвор.Еве го повторно со Мицкоски. Нова слика од вчера, додека Мицкоски дава изјава. Работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница. СДСМ објави цел албум фотографии со арамијата Мицкоски. Со години е во друштво на арамијата на обиколки по терен. Уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари. Цела Македонија го видео како пука со калашников. Во друго видео како го цитира Шешељ пред руско знаме. ВМРО прво рече „само една фотографија“. Потоа излегоа повеќе слики и видеа. Од тогаш молк. Институциите молчат. Арамијата Мицкоски никогаш не одговори на прашањата. Сега истиот Симе е на слобода, го гледаме на нови слики со Мицкоски. Одговорност нема. Симе беше уапсен во време кога 5 тони дрога поминаа од Македонија и беа запленети во Србија, кај сестринската СНС, во селото Коњух кај Крушевац. Очигледно Симе е пуштен да плаќа и да се заканува во Брвеница. Ова е враќање во времето на мракот на Груевски и Мијалков. Заштита на криминалци што работат за бандата. СДСМ бара обвинителството веднаш да испит: Зошто Симе не е во затвор? Кој го пушти? Како е можно човек уапсен со дрога и оружје да работи за власта наместо да одговара?!, рече Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38