САД го фатија наводниот создавач на бомбата во терористичкиот напад над Локерби во 1988 година

САД го притворија Абу Агила Мохамед Масуд Хеир ал-Марими, наводниот создавач на бомбата на летот 103 на Пан-ам, изјави портпарол на Министерството за правда.

Американските власти успееја да го фатат осомничениот бомбаш кој наводно учествувал во правењето на експлозивната направа што го уништи патничкиот авион над Локерби, Шкотска во 1988 година, кога загинаа 270 луѓе, јавија дел од американските медиуми.

-САД го притворија Абу Агила Мохамед Масуд Хеир ал-Марими, наводниот создавач на бомбата на летот 103 на Пан-ам, изјави портпарол на Министерството за правда.

Властите во Шкотска потврдија дека семејствата на загинатите патници и членови на екипажот биле известени за апсењето.

На 21 декември 1988 година, летот 103 на Пан-ам експлодираше над Локерби, Шкотска, по поставена бомба во товарниот дел на патничкиот авион. Ова беше единствениот таков терористички напад во Велика Британија, и втор по фаталност за Американците напад по оној на 11 септември 2001 година. Авионот полета од Лондон и требаше да слета на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк. Во него се наоѓале патници и екипаж од 21 земја, од 190 Американци кои беа убиени, 35 биле студенти на Сиракуза универзитетот, кои се враќале дома за празниците по семестар студии во странство.

Нападот иницираше лов на создавачите на бомбата кој трае со децении. Нападот иницираше лов на создавачите на бомбата кој трае со децении. Некои од нив се веќе осудени, откако во 1999 Либија ги предаде на САД да им се суди во Холандија.

Во 2020 година САД објавија пробив во истрагатa откако открија дека властите во Либија го фатиле Масуд, поранешен либиски разузнавач, и го интервјуирале за неговото учество во бомбашкиот напад, при што тој признал дека ја направил бомбата што експлодираше во авионот, јави Министерството за правда.

Масуд беше обвинет во 2020 година, и по неговото фаќање и екстрадиција во САД тој наскоро треба да се појави пред областен суд во округот Колумбија.

Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Српскиот министер за финансии Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Од 2020 година Србија кумулативно привлече 15,9 милијарди евра директни странски инвестиции, изјави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали на средба со инвеститори од САД, јави Бета.

„Не правиме разлика меѓу домашни и странски инвеститори. Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, им порача Мали на инвеститорите кои по посетата на српската делегација на Вашингтон по повод Пролетната сесија на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка пристигнаа во Белград со цел да се запознаат со сите параметри на српската економија.

Мали изјави дека во Србија не се прави разлика меѓу домашни и странски инвеститори, соопшти Министерството.

„Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, рече министерот.

Тој наведе дека ланскиот раст на БДП во Србија бил 2,5 отсто и дека само во последниот квартал бил 3,8 отсто, а во февруари годинава бил 5,9 отсто и дека се базирал на извозот и инвестициите, како и на таа официјална статистичка. Податоците на Србија покажуваат дека секоја економска гранка бележи раст.

Тој посочи и дека Србија има стабилен јавен долг, на ниво од 47,6 отсто од БДП. /МИА

Невладините со барања до партиите за подобрување на еколошката слика во земјава

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата.

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата, обвинуваат дел од граѓанските иницијативи и еколошки здруженија.

Тие бараат одговор од партиите што ќе преземат за намалување на загадувањето на воздухот, кога ќе го завршат префрлувањето на 700 јавни објекти од мазут и нафта на незагадувачки енергенси за загревање, дали имаат стратегија како да ја прекинат финансиската зависност на општините само од комуналии и издавање нови градежни дозволи.

Дали оваа иницијатива доаѓа со задоцнување, со оглед на тоа што програмата за парламентарните избори партиите веќе почнаа да ја презентираат, ја прашавме Ели Пешева од О2 Иницијатива.

Подносителите на иницијативата бараат конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции кои ќе го сработат ветеното.

Премиера на претставата „Мац, мац“ вечерва во велешкиот театар

На сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Мац, мац“ инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс во режија и кореографија на Филип Петковски.

Во претставата играат актерите Ведран Чешарек-Брик, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева.

Музиката е на Мориц Вернер од Германија, сценографија на Дардан Жегрова од Косово и Филип Петковски, а костимографијата е на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура. /МИА

притисни ентер