Сабаленка може да стане прв светски рекет по Ролан Гарос

 По завршување на женскиот дел од Грен слемот Ролан Гарос може да дојде до промена на врвот на ВТА ранг-листата.

Во моментов водството е полската тенисерка Ига Швјонтек со предност од 1399 поени. Таа во Париз треба да ја одбрани титулата и 2000 поени.

Второпласираната Арина Сабаленка од Белорусија на Ролан Гарос брани 130 поени.

За да остане на првата линија, Швјонтек треба да стигне барем до полуфинале. Ако не го направи тоа, Сабаленка ќе стане број 1 дури и испадне во првото коло.

Доколку Сабаленка се пласира во четвртфиналето, Швјонтек ќе треба да стигне барем до финалето.

Во случај Сабаленка да се пласира во финалето, Швјонтек ќе треба да ја освои титулата.

Ако Сабаленка ја освои титулата, тогаш сигурно ќе стане број 1.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер