1ТИМОТ PEUGEOT TOTALENERGIES ПОКАЖА ИСТРАЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ОСОБЕНО ТЕШКОТО ИЗДАНИЕ НА 24 ЧАСА LE MANS
3Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
ТенисСабаленка и Рибакина во женското финале во БризбејнВтората светска тенисерка, Белорусинката Атина Сабаленка ја совлада сонародничката Викторија Азаренка со 6-2, 6-4, во денешното полуфинале на ВТА на турнирот во Бризбејн и за титулата ќе игра против Елена Рибакина од Казахстан.„Ги сакам дуелите против Елена“, изјави Сабаленка по пласманот во финалето. Белоруската тенисерка утре ќе се обиде да ја освои својата 14 титула во кариерата. Четвртата тенисерка во светот Рибакина претходно беше поуспешна од Линда Носкова од Чешка со 6-3, 6-2 и се избори за своето 15 поединечно финале во кариерата, а четврто во Австралија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаТрибина во Народната банка во соработка со Амбасадата на ШвајцаријаДовербата во централните банки и домашната валута е темел на економската стабилност.„Сите земји, без оглед на нивната големина, се соочуваат со истиот предизвик – да изградат институции во кои граѓаните ќе имаат доверба низ генерации, а централните банки имаат важна улога во зачувувањето на стабилноста на домашната валута“. Ова беше една од главните пораки на трибината што се одржа во Музејот на Народната банка, во организација на Народната банка, Амбасадата на Швајцарија и Швајцарската комора во Македонија. На настанот се зборуваше за актуелните макроекономски прашања и светските предизвици во услови на зголемена неизвесност, геополитички тензии, промени во трговските и финансиските текови и забрзан технолошки развој. Во своето обраќање, гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески истакна дека стабилниот девизен курс на денарот во однос на еврото веќе три децении претставува важен столб на макроекономската стабилност во земјава. „Иако светскиот монетарен систем се соочува со нови предизвици и постепени промени, Народната банка е посветена на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност преку кредибилни политики и меѓународна соработка. Народната банка успешно се справи со последните светски шокови, ја намали инфлацијата и ја зачува стабилноста на девизниот пазар. Девизните резерви се на солидно ниво, а довербата во денарот и во банкарскиот систем е зачувана“, истакна гувернерот Славески. Во своето обраќање, амбасадорот на Швајцарската Конфедерација Кристоф Зомер нагласи дека историјата на швајцарскиот франк покажува дека стабилноста на една валута не е резултат на случајност или на поединечни политики, туку на децении одговорно управување, институционален континуитет и долгорочна визија. „Технологијата може да го промени начинот на кој се движат парите, но довербата во парите и понатаму ќе зависи од институциите. Во време на брзи промени, централните банки се меѓу најважните столбови на стабилноста, кредибилитетот и довербата. Нивната улога не е само техничка. Таа е суштински поврзана со зачувувањето на довербата, како едно од највредните добра што може да ги поседува една економија“, истакна амбасадорот Зомер. Посебно внимание на трибината му беше посветено на одбележувањето на јубилејот 80 години централнобанкарска традиција во земјава. Беше нагласено дека ваквите значајни јубилеи потврдуваат дека силните институции се градат постепено, преку континуитет, професионалност и доследна посветеност на јавниот интерес. Во рамките на настанот беше истакнато и значењето на Меморандумот за соработка меѓу Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) за периодот 2025 – 2028 година, којшто ќе придонесе за унапредување на аналитичките алатки на монетарната политика, понатамошна модернизација на финансискиот сектор и за зајакнување на институционалните капацитети на Народната банка. Економистот Коста Вајена одржа презентација на настанот, додека на панел-дискусијата учествуваа и професорот од Женевскиот институтот за постдипломски студии Cедрик Тиј, економистот од Народната банка на Швајцарија Флоријан Вебер и претседателот на Одборот на директори на „Макстил“ Димитар Цветковски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМизрахи предложи формирање регионална мрежа за индустриско наследство во рамките на ЦЕИПратеничката Рашела Мизрахи учестуваше во работата на Генералниот комитет за култура на Парламентраната димензија на Централноевропската Иницијатива што се одржа на (ПД на ЦЕИ) што се одржа од 15 до 16 јуни 2026 година во Катовице.Пратеничката Рашела Мизрахи учестуваше во работата на Генералниот комитет за култура на Парламентраната димензија на Централноевропската Иницијатива што се одржа на (ПД на ЦЕИ) што се одржа од 15 до 16 јуни 2026 година во Катовице, Шлезиско Војводство, Полска. Посетата на Шлезиското Војводство беше организирана на три локации Тарновски Гори, Бајтом и Катовице додека фокусот на состанокот беше насочен на темата: Ревитализација на пост-индустриските области во Централна Европа. На маргините на состанокот се организираа теренски посети на стари рудници, топилници и челичарници со цел да се прикаже брзиот развој на шлезискиот регион, поддржан од локалните и централните власти и финансиран од Европската Унија. Главниот акцент беше ставен на трансформацијата на пост-индустриските области во културни места и простор за заедницата во општините. На настанот учестуваа пратеници од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешката Република, Италија, Молдавија, Македонија, Полска, Романија, Србија и Украина како и претставници на Извршниот секретаријата на ЦЕИ со седиште во Трст. Пратеничката Рашела Мизрахи во својата дискусија укажа дека ревитализацијата на пост-индустриските области не претставува само урбанистички и економски предизвик, туку е прашање на зачувување на културното наследство, идентитетот и колективната меморија на заедниците. Наместо овие локации да се третираат како товар, сè повеќе европски градови ги препознаваат како можност за создавање нови центри на културата, иновациите, образованието и креативните индустрии. Таа истакна дека нашата држава не е изземена од глобалните трендови на деиндустријализацијата. Некои од старите индустриски комплекси од 19-тиот и 20-иот век се прогласени за заштитени историски споменици, додека други се уништени со урбаниот развој. За дел од оние индустриски капацитети кои беа затвори за време на процесот на приватизација имаше обиди за нивната ревитализација преку браундфилд инвестиции, како што е примерот со поранешниот текстилен гигант Македонка, кој денес е дом на бројни компании. Друг пример е железничката станица во Скопје која беше уништена со земјотресот од 1963 година а сега е музеј. Исто така техничкиот музеј Матка кој e сместен на местото на поранешната хидроцентрала е инвестиција на приватна компанија. Во оваа насока, пратеничката Мизрахи истакна дека Централноевропската иницијатива може да биде значаен катализатор за идна соработка во оваа област. Преку размена на добри практики, поддршка од експерти и заеднички проекти и подобро искористување на европските фондови може да се креираат нови модели на успешна трансформација на пост-индустрискиот простор. Таа предложи во рамките на ЦЕИ да се разгледа можноста за воспоставување регионална мрежа за индустриско наследство, која ќе овозможи поврзување на институциите, локалните власти, универзитетите и организациите од областа на културата. Таквата мрежа би можела да придонесе за размена на искуства, подготовка на заеднички проекти и поголема видливост на индустриското наследство на нашиот регион на европско ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадоначалникот Јанчев во посета на село МаренаГрадоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Совет на општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов, во посета на село Марена, каде ќе започнат градежните активности за изградба на нов мост преку Луда Мара – с. Марена!, објави на Фејсбук првиот човек на КавОвој проект е со финансиска поддршка од Министерството за транспорт во износ од 12 милиони денари. Во моментот сообраќајот се одвива по една коловозна лента, поради што е воведен редуциран режим на сообраќај. Ова е привремено, до започнувањето на изградбата на новиот мост, објави на фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Новиот мост ќе располага со: -две коловозни ленти -тротоар од двете страни -вкупна ширина од 8,5 метри Со овој проект се подобрува безбедноста и се унапредува патната инфраструктура во овој дел од општината.Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook