Отворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија - 60 млади од целата држава во Дојран
Мицкоски: Ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди и да поддржува домашни уметници
1Отворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија - 60 млади од целата држава во Дојран
2Мицкоски: Ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди и да поддржува домашни уметници
3Работна посета на заменик-министерот Ристески на Република Словенија - фокус на трудот и трудовата мобилност
Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
2Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
ТенисСабаленка го скрши рекетот и нервозно си замина по поразот од украинска тенисерка (ВИДЕО)Константин Колцов, поранешен белоруски хокеар кој играше во НХЛ, ненадејно почина пред пет дена на 43-годишна возраст.Колцов во последните две и пол години беше во врска со сонародничката Арина Сабаленко, второрангирана тенисерка во светот. Таа го освои Австралија опен во јануари, а Колцов ја бодреше од трибините. Сабаленка била скршена од оваа смрт, а два дена по трагедијата објавила дека таа и Колцов неодамна раскинале. Иако потресена од трагедијата, Сабаленка реши да игра на Мастерсот во Мајами само неколку дена по смртта на Колцов. Оваа трагична и чудна ситуација ја прави уште побизарна и поболна фактот што Сабаленка во второто коло на Мастерсот во Мајами ја чекаше меч против нејзината најдобра другарка. Пола Бадоса, 72-рата тенисерка во светот, прва ја утеши Сабаленка по смртта на нејзиното поранешно момче, а сега веднаш по трагедијата беа на спротивставени страни. Затоа овој натпревар се чекаше со голем интерес. Сабаленка вчера ја победи со 6:4, 6:3 за помалку од час и половина, а забележливо беше дека Белорусинката е расположена. Во еден момент дувал ветер, а таа почнала да се смее на несмасноста на собирачот на топки. Втората тенисерка во светот доминираше против нејзината најдобра пријателка. Во првиот сет го направи првиот брејк во седмиот гем, а три гејма подоцна вториот. Во вториот сет Сабаленка направи брејк во третиот гем и потоа ја надигра противничката. После тоа насмеани се прегрнаа. Сабаленка во третото коло ја чекаше 35. рангирана тенисерка во светот, Украинката Анхелина Калинина. И овој натпревар имаше голем и болен багаж, кој нема врска со спорт. Сабаленка е од Белорусија, земја која активно ја поддржува руската брутална агресија против Украина. Калинина, пак, е Украинка од Нова Каховка, украински град кој две години е под руска окупација и каде Русите извршиле бројни злосторства врз цивили. И додека беше насмеана победничка против Бадоса, против Калињина, која е значително послаба од неа, втората тенисерка на светот беше лош губитник. Најтешката недела во кариерата ја заврши со пораз од 4:6, 6:1, 1:6 и беше многу нервозна во текот на целиот меч. По победата на Калињина, Сабаленка прво беше замолчана, а потоа бесна. Таа го скрши рекетот удирајќи со него на подот и го напушти теренот со уништениот рекет. „Беше многу тешко со нервите, но јас успеав да се справам со тоа во тешки моменти. Таа очигледно не“, го коментираше победничката однесувањето на поразената Сабаленка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаОтворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија - 60 млади од целата држава во ДојранМинистерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски заедно со генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Владимир Обрадовиќ, ја отвори Националната младинска летна школа за социјална инклузија.Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски заедно со генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Владимир Обрадовиќ, ја отвори Националната младинска летна школа за социјална инклузија, во Дојран. Од 14 до 18 септември, на школата учествуваат околу 60 млади на возраст од 15 до 29 години од целата земја. Летната школа е организирана од Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). Во текот на петдневната програма, младите учесници од различни делови на државата ќе имаат можност преку интерактивни, едукативни и спортски активности да стекнат нови знаења и практични вештини во повеќе области, меѓу кои комуникација, тимска работа, лидерство, социјална инклузија, личен развој и вработливост. Посебен фокус во програмата е ставен на пристапот „Спорт за развој“, преку кој спортот се користи како алатка за учење, градење доверба и соработка, поттикнување на меѓукултурниот дијалог и развивање на лидерските способности кај младите. Целта на Националната младинска летна школа е младите да не бидат само учесници во неколкудневна програма, туку од Дојран да заминат со нови контакти, конкретни знаења и вештини, поголема самодоверба и мотивација за активно учество во своите заедници. Министерството за социјална политика, демографија и млади заедно со своите партнери продолжува да создава и унапредува можности за младите од целата држава да се поврзуваат, да учат, да разменуваат искуства и непосредно да учествуваат во процесите и активностите што се од значење за нивниот личен и професионален развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаМицкоски: Ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди и да поддржува домашни уметнициНајпрвин, ќе ми дозволите да им се заблагодарам на сите луѓе коишто учествуваа во оваа достоинствена прослава и одбележување на 35-годишнината од независноста. „Најпрвин, ќе ми дозволите да им се заблагодарам на сите луѓе коишто учествуваа во оваа достоинствена прослава и одбележување на 35-годишнината од независноста. Почнувајќи од првиот настан, каде што гостуваше повторно светска ѕвезда на стадионот во Битола — под Тумбе Кафе, на 2-ри август, па сè до последниот настан, каде што беше повторно мега-светска ѕвезда — Дејвид Гета. Во меѓувреме имавме неколку мјузикли низ градовите во државата, под мотото „Силно светнал ден“. Потоа беше оној настап на светската мега-ѕвезда, Хосе Карерас, заедно со македонскиот „ол-стар“ состав на скопскиот плоштад. Тука беа и поединечни настани, исто така со светски ѕвезди во Струмица — Окенфолд, Ван Дајк, македонски рок-бендови, меѓу кои и концертот на „Меморија“ во Струмица итн. Станува збор за опфат од помеѓу 200.000 и 250.000 среќни македонски граѓани коишто ова лето се дружеа со македонските, но и со светските ѕвезди“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостувањето во Централниот дневник на МРТ. Мицкоски се осврна на активностите коишто се одвиваа по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија и соопшти дека ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди, како и да се поддржуваат домашните уметници. „Им благодарам на македонските пејачи, актери, организатори, продуценти, режисери, сценаристи — нека ми прости некој ако биде заборавен. Им благодарам што направија навистина лето коешто ќе биде незаборавно, лето коешто долго ќе се памети и ќе претставува основа за годините коишто следат“, рече Мицкоски и додаде: „Јас слушав на прес-конференцијата дека обврска на организаторот е да достави трошковник до Државната лотарија и, според изјавите на директорот на Државната лотарија, тој трошковник ќе биде доставен и објавен. Така што опозицијата нека продолжи да тоне во своите интриги и измислици, а ние ќе продолжиме да работиме и да го испорачуваме она што го очекуваат граѓаните од нас. Еве, ќе кажам и ќе најавам тука повторно, уште еднаш, дека општествено одговорна компанија како Државната лотарија ќе продолжи и во годините коишто следат да ги поддржува македонските културни работници, македонските актери, македонските музички изведувачи итн.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСтигна казната за судиите од манчестерското дербиМет Донахју, ВАР-судијата кој го потврди победничкиот гол на Ерлинг Халанд во победата на Манчестер Сити од 1:0 над Манчестер Јунајтед, нема да биде ангажиран на натпревари во Премиер лигата следниот викенд.Донахју беше во VAR-собата за време на градското дерби, а по натпреварот беше потврдено дека VAR-тимот направил грешка при проценката на клучната ситуација. Неговиот помошник во VAR-собата, Блејк Ентробас, беше изоставен од списокот на судии за следното коло. Според моменталниот план, ниту еден од нив нема да се врати на теренот најмалку до крајот на претстојната репрезентативна пауза. Одлуката ја донесоа главниот судиски функционер Хауард Веб и раководството на организацијата задолжена за судењето. Халанд ја затресе мрежата за 1:0 во второто полувреме, но неговиот гол првично беше поништен поради офсајд. По проверката преку VAR, одлуката беше променета и голот беше признат, откако беше утврдено дека норвешкиот напаѓач не се наоѓал во недозволена позиција во моментот на упатувањето на топката. Сепак, дополнителната анализа покажа дека ВАР (VAR) не ја зел предвид улогата на неговиот соиграч Енцо Фернандез. Фернандез се обидел да одигра со топката додека бил во офсајд-позиција, што, според правилата, можело да влијае врз проценката на целата ситуација. Поради тоа, судиската организација призна дека ВАР направил грешка. Така, спорната одлука директно влијаеше врз исходот на големото дерби на Манчестер, а Донахју и Ентробас сега ќе мора да чекаат најмалку до крајот на репрезентативната пауза за повторно да добијат ангажман во Премиер-лигата.Тагови: ВАР технологија Премиер лигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook