БалканСѐ уште e активен големиот пожар кај Александруполи, изгореле пет куќи и црква (ВИДЕО)Големиот пожар што избувна вчера во близина на грчкиот град Александруполи, сѐ уште не е ставен под контрола, а според грчката телевизија ЕРТ веќе изгореле пет куќи и една црква, јави дописничката на МИА од Атина. Во гаснењето на пожарот интервенираат 176 пожарникари со 48 возила, десет пешадиски тима, 11 авиони и шест хеликоптери од кои еден е за координација, а помагаат волонтери пожарникари, полицајци, како и цистерни и камиони од општините. Пожарот е во шумски дел, а градоначалникот на Александруполи Јанис Забукис за „Катимерини“ истакна дека денеска, огнената стихија е далеку од домови и населени места. Massive wildfire in Alexandroupoli City of Greece 🇬🇷 (19.08.2023) TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/7cKDLrXxf9 — Disaster News (@Top_Disaster) August 19, 2023 Вчера попладне, превентивно беа евакуирани осум села, откако до жителите беше испратена порака од бројот 112 за итни случаи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре 11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаМакедонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре Александар Ангелов (50) од Македонија трагично го загуби животот вчера во лозје во италијанската покраина Асти.Според италијанската агенција АНСА, Ангелов живеел во Бистање, во покраината Алесандрија, а трагедијата се случила додека работел во земјоделската компанија „Монтелеоне“, за време на берба на грозје. Според првичните наоди на истражителите, 50-годишниот работник паднал во големо буре за грозје, по што бил фатен и згмечен од механизмот што се наоѓа на дното и се користи за преработка на грозје. „Сè е во застој на фармата Монтелеоне во Монастеро Бормида. Бербата тука запрела околу 11 часот наутро кога Александар Ангелов, 50-годишен работник од македонско потекло, паднал во бурето, голема када на чие дно се наоѓа Архимедов шраф што го гмечи грозјето пред да го испрати во резервоари за ферментација“, објавува Раи њуз. Според првичните извештаи, на местото на настанот биле присутни само две лица: жртвата и сопственикот на компанијата, кои веднаш побарале помош. На местото на настанот пристигнаа служби за итна медицинска помош, вклучувајќи и хеликоптер, заедно со пожарникари и персонал од Службата за безбедност при работа на Локалната здравствена служба, но ништо не можеше да се направи за работникот освен да се прогласи за мртов. Мажот живеел со својата сопруга во Бистанче, близок град, неколку години, објавија италијанските медиуми доцна вечерва. За жал, и покрај брзата интервенција, немаше начин да се спаси Александар. Медицинските екипи можеа само да го прогласат за мртов. Властите ги утврдуваат сите околности на трагичната несреќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Градиме посилен систем на ревизија и контрола на јавните средстваСилните институции и одговорното управување со јавните средства се темел на довербата на граѓаните, а ревизијата е еден од клучните механизми за обезбедување контрола, отчетност и спречување на неправилностите. Во таа насока се и двата значајни чекори преземени во изминатиот период – унапредувањето на соработката меѓу Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија и воспоставувањето национален испит и сертификација на внатрешните ревизори во јавниот сектор, наведува во објава на Фејсбук министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. „Со потпишувањето на Меморандумот за соработка со Државниот завод за ревизија воспоставивме поцврста институционална основа за заедничко дејствување во заштитата на јавните средства, како и во спречувањето и откривањето на неправилности, измами и коруптивни дејствија. Ова партнерство значи поголема координација, размена на знаења, искуства и податоци, унапредување на професионалните капацитети и примена на европските стандарди. Нашата цел е јасна – посигурен, поефикасен и поодговорен систем на јавни финансии“, вели министерката. Таа посочува дека силен систем не се гради само преку правила и институционални механизми, туку и преку континуирано инвестирање во професионалните капацитети на луѓето кои го спроведуваат системот. Токму во таа насока, за првпат во земјава, преку Министерството за финансии ќе се спроведе национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор и ќе се воспостави национална сертификација на внатрешните ревизори. „Со воспоставувањето на националниот испит создаваме услови за посилни професионални капацитети во институциите, поефикасна внатрешна ревизија и дополнително зајакнување на механизмите за законско и одговорно управување со јавните средства. Надворешната и внатрешната ревизија имаат различни улоги, но заедничка цел – јавните средства да се управуваат законски, наменски, ефикасно и одговорно“, истакнува министерката за финансии во објавата. Димитриеска-Кочоска нагласува дека двата процеса се дел од пошироките активности за унапредување на системот на финансиска контрола и негово приближување кон европските стандарди и практики. И унапредувањето на институционалната соработка со Државниот завод за ревизија и професионализацијата на внатрешната ревизија придонесуваат кон исполнување на обврските и препораките во рамки на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, како и кон реализација на реформските процеси предвидени со Реформската агенда. „Продолжуваме паралелно да ги зајакнуваме институциите, контролните механизми и човечкиот капитал. Секој денар од Буџетот и секое евро од европските фондови се средства на граѓаните, а наша обврска е да обезбедиме тие да се користат одговорно и во нивен интерес“, пишува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објавата на Фејсбук. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамБМВ воведува технологија, со која се спречува отоврање врата пред велосипедистите Возилата од серијата Neue Klasse на BMW воведуваат технологија која треба да спречи чести несреќи, како што е отворање на вратата пред велосипедист. Системот не само што дава звучно предупредување за опасност, туку може и привремено да го блокира отворањето на вратата ако процени дека тоа би предизвикало судир. Нова, дополнително подобрена функција за предупредување за напуштање на лентата дебитира во новиот модел iX3 од 2027 година и користи странични радари за следење на сообраќајот. Доколку системот детектира возило или велосипед во опасна близина, електронската брава ќе го одложи отклучувањето додека не помине опасноста. Споредба со конкуренцијата Треба да се напомене дека БМВ не е првиот производител со ваков вид технологија. Lexus го претстави својот систем e-Latch на NX пред неколку години, кој спречува отворање на вратите кога сензорите за слепа точка детектираат сообраќај. Слични решенија нуди и Audi, чии системи можат накратко да го одложат или спречат отворањето на вратите ако детектираат возила или велосипедисти што доаѓаат одзади. Уникатна интервенција во управувањето Сепак, BMW истакнува дека друга функција на платформата Neue Klasse е моментално единствена на пазарот. Станува збор за систем за итна интервенција со волан кој може да заобиколи пречка без да ја напушти сообраќајната лента. Како примери, тие наведуваат ситуации во кои пешак неочекувано стапнува на патот или велосипедист со неосветлено светло одеднаш се појавува во услови на слаба видливост. Нови системи за помош на возачот Списокот на електронски помагала не запира тука. Автомобилот може самостојно да го сврти воланот за да избегне потенцијален страничен судир, додека системот за итно сопирање сега препознава и животни. Во случај возачот да стане неспособен да вози, системот Attentiveness Assistant презема одговорност. Тој самостојно го запира автомобилот, ги активира сите индикатори за насока и автоматски ги повикува службите за итни случаи. Проблемот со случајно притискање на педалата за гас наместо сопирачката на паркингот е исто така решен. При брзини до 2 км/ч, ако пречката е во рамките на еден метар и возачот ненадејно и силно притисне на гаста, автомобилот ќе ја игнорира командата и ќе застане сам. Помоќен хардвер како основа Сите овие функции се овозможени од нов, водено ладен компјутер за помош при возење, чијашто моќ на обработка е околу 20 пати поголема од претходната генерација. BMW најавува дека овие системи постепено ќе бидат воведени и во други модели. По премиерата во моделот iX3, технологијата пристигнува и во моделите од серијата i3, X5 и 7.Тагови: велосипедисти БМВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter