Сѐ повеќе Израелци сакаат германско државјанство, бројот е зголемен по ланскиот масакр

По нападот на терористичката организација Хамас врз Израел во октомври минатата година, зголемен е бројот на барања за добивање германско државјанство во германските конзуларни претставништва во Израел, соопшти денеска германската влада.

„Во првите девет месеци примени се 18.448 барања за регистрација во регистарот на германски државјани“, објави германската влада како одговор на прашање на пратеничката група Алтернатива за Германија (АфД) во Бундестагот. Минатата година евидентирани се 9.178 барања, а во 2022 година 5.705.

Законот од 2021 година обезбедува полесен пристап до германско државјанство за жртвите на националсоцијалистичкиот прогон и нивните потомци.

Германската влада претпоставува дека бројот на барања за германско државјанство поднесени од Израелци е всушност многу поголем, имајќи предвид дека статистиката се однесува само на конзуларните претставништва во Израел, додека барања се поднесуваат и во германските претставништва низ светот.

По бруталниот напад на терористичката организација Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, довербата на многу Евреи во Израел како последно засолниште беше разнишана.

Во исто време, се зголеми и бројот на антисемитски напади во Германија. Во последната година двојно е зголемен бројот на кривични дела со антисемитско потекло на 3.200 пријавени дела.

Претседателот на Австрија оди на операција на ‘рбетот, ќе го менува канцеларот

Претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, кој го надгледува спроведувањето на коалициските преговори по неодамнешните избори во земјата, ќе мора да оди на операција на 'рбетот, соопштија од неговиот кабинет.

Овој 80-годишник, кој е на чело на државата од 2017 година, од почетокот на годината се бори со дегенеративни промени на интервертебралниот диск.

„Неодамна неговата состојба се влоши. Тој ќе биде подложен на рутинска операција во Виена во следните денови“, соопштија од неговиот кабинет. За време на лекувањето и закрепнувањето на претседателот, ќе го застапува канцеларот Карл Нехамер, соопштија од кабинетот на Ван дер Белен.

„На претседателот му посакувам успешен третман и брзо закрепнување“, напиша Нехамер на X.

Се појави нова снимка од уривањето на настрешницата во Нови Сад (Вознемирувачко видео)

По несреќата во Нови Сад во која поради уривање на надвозникот на железничката станица загинаа 14 лица, додека тројца се во тешка состојба во болница, се појави видео од уривањето од друг агол.

На видеото се гледа целата зграда на станицата, како и моментот кога настрешницата целосно се урива.

Видеото изгледа страшно, на него се гледа моментот во кој настрешницата буквално се откинува од останатиот дел од зградата и куп бетон паѓа врз луѓето под неа, додека граѓаните кои чекаат на автобуската станица и оние кои поминуваат по патеката поблиску до патот за малку избегнаа сериозни повреди или смрт.

Ужас во Италија: Татко го претепувал 5- месечниот син, дури и во болница

Италијанската полиција уапси 22-годишен маж од Падова поради сомнение дека му нанел физички повреди на својот петмесечен син, додека детето од други причини било во болница.

Полицијата соопшти дека при посета на синот на педијатриското одделение, кога се уверил дека е сам и дека лекарите и медицинските сестри не можат да го видат, таткото го мачел и малтретирал детето нанесувајќи му тешки повреди, пренесува Раи.

Осомничениот е уапсен и се наоѓа во притвор во Падова.

притисни ентер