Руте: Никогаш не сме ветиле членство на Украина во НАТО во рамки на мировниот договор - Канал 5

Руте: Никогаш не сме ветиле членство на Украина во НАТО во рамки на мировниот договор

Постои согласност дека патот на Украина кон НАТО е неповратен, но никогаш не се согласивме дека како дел од мировниот договор ќе има гарантирано членство на земјата во Алијансата.

Руте: Никогаш не сме ветиле членство на Украина во НАТО во рамки на мировниот договор

Постои согласност дека патот на Украина кон НАТО е неповратен, но никогаш не се согласивме дека како дел од мировниот договор ќе има гарантирано членство на земјата во Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на Северноатлантскиот пакт, Марк Руте.

- Такво нешто никогаш не беше договорено. На долг рок, сојузниците на НАТО рекоа да, ќе има перспектива за членство во НАТО. Но, тоа е на подолг рок, а не за мировните преговори што се водат во моментов, рече Руте на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц по нивната средба во седиштето на Алијансата во Брисел.

Руте додаде дека во моментов постои тесна соработка меѓу НАТО и Украина во доставување воена помош и во обуката на припадници на украинските вооружени сили, а заедно се учат лекции од искуството во војната на украинска територија .

Генералниот секретар на НАТО истакна и дека е среќен што американскиот претседател Доналд Трамп успеал го пробие ќорсокакот и што се постигнува напредок во напорите за ставање крај на војната во Украина.

Мерц, од своја страна, изјави дека Трамп синоќа го информирал за неговиот план за 30-дневено безусловно примирје во Украина, што, како што рече, знае дека целосно го подржуваат главните европски држави, а се надева и целата Европска Унија и НАТО

- Постои шанса, по овој викенд, да се постигне 30-дневно примирје во Украина. Топката сега е исклучиво во дворот на Москва. Само таму ќе биде одлучено дали има шанса да се овозможи подолг прекин на огнот во Украина, а потоа и да се создаде простор за разговори за траен мир, истакна Мерц.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер