Руте им предложил на членките на НАТО да ја зголемат потрошувачката за одбрана на 3,5 отсто - Канал 5

Руте им предложил на членките на НАТО да ја зголемат потрошувачката за одбрана на 3,5 отсто

Руте им предложил на членките на НАТО да ја зголемат потрошувачката за одбрана на 3,5 отсто од БДП.

Руте им предложил на членките на НАТО да ја зголемат потрошувачката за одбрана на 3,5 отсто

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте им предложи на членките на Алијансата да ја зголемат потрошувачката за одбрана на 3,5 отсто од БДП и да издвојат дополнителни 1,5 отсто за поширока потрошувачка поврзана со безбедноста, со цел да се исполни барањето на американскиот претседател Доналд Трамп членките на воениот сојуз да издвојуваат пет отсто од БДП за одбрана.

Доброинформирани официјални лица за некои светски агенции рекле дека пошироката потрошувачка поврзана со безбедноста може да ги вклучи трошоците за надградба на патишта и мостови за поддршка на транспортот на тешки воени возила.

Во моментов, целта е членките на НАТО да издвојуваат најмалку два отсто од БДП за одбрана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка сообраќајка во близина кај скопскиот аеродром

Тешка сообраќајна несреќа на надвозникот кај влезот на скопскиот аеродром..

Тешка сообраќајка во близина кај скопскиот аеродром

Автомобил се преврте од надвозникот во правец на аеродромот.

Според првичните податоци на МВР повредени се повеќе луѓе. На местото на несреќата се врши увид, а засега не се познати причините за несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија во топлотен бран: Од вторник променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Топлото време продолжува и денеска, со температури до 39 степени. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од источен правец. 

Македонија во топлотен бран: Од вторник променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Температурата ќе се движи од 14 до 39 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекуваат температури од 21 до 38 степени.

Од утре попладне, под влијание на циклонска активност, се најавува промена на времето со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни невреме, пороен дожд, град и силни електрични празнења. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието, каде повремено ќе достигнува над 50 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината.

Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) јавува дека земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала на длабочина од пет километри, додека епицентарот е лоциран на 10 километри северозападно од Гостивар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер