СветРуте: Нема да дозволиме безбедносен вакуум на Западниот БалканЗападниот Балкан е клучното соседство на НАТО и случувањата таму, пред се ситуацијата во Босна и Херцеговина, но и односите меѓу Србија и Косово, се причина за загриженост, изјави генералниот секретар во обраќањето ва Европскиот парламент.Западниот Балкан е клучното соседство на НАТО и случувањата таму, пред се ситуацијата во Босна и Херцеговина, но и односите меѓу Србија и Косово, се причина за загриженост, изјави генералниот секретар на Алијансата во обраќањето ва Европскиот парламент на заедничкиот состанок на членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ), на Поткомитетот за безбедност и одбрана (СЕДЕ) и на Делегацијата за односи со Парламентарното собрание на Алијансата. - Внимателно го следиме развојот на безбедносната ситуација во Босна и Херцеговина. НАТО сојузниците беа секогаш јасни дека нема да дозволиме безбедносниот вакуум да ја зафати Босна и Херцеговина и воопшто целиот Западен Балкан, рече Руте. Тој потенцира и дека НАТО тесно соработува со Европската Унија во Мисијата ЕУФОР Алтеа во Босна и Херцеговина, чиј мандатот беше продолжен лани во ноември и која, како што рече, има клучна улога во овозможувањето на побезбеден и посигурен амбиент во земјата и во соочувањето со сите потенцијални предизвици. Руте додаде и дека Алијансата е во постојан контакт со властите на Косово, но исто така и на Србија, со цел да се осигура дека претстојните косовски парламентарни избори нема да доведат до ескалација на состојбата. - Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа. Ние не сме во војна, но живее ниту во мир. Добрата вест е што знаеме што да правиме за да ги заштитиме нашите луѓе и нашиот начин на живот, потенцира Руте, нагласувајќи ја потребата од поголеми инвестиции во одбраната и одбранбените капацитети, заштитата на критичната инфраструктура и зајакнувањето на отпорноста на западните општества. Според Руте, во ова опасно време по безбедноста и во услови на руската агресија врз Украина, од суштинско значење е соработката меѓу НАТО и ЕУ. - Русија ја засилува својата кампања за дестабилизација против нашите земји со кибер напади, атентати, акти на саботажи... И Русија не е сама, покрај неа се и Кина, Северна Кореја и Иран. Во меѓу време опстојуваат и многу други опасности - од тероризмот до ширење на нуклеарното оружје, дезинформациите и секако климатските промени, рече Руте. Затоа, според него, треба да продолжи и да се засили поддршката на Украина во нејзините напори за промена на траекторијата во војната против руската агресија. Руте нагласи дека иднината на европската и глобалната безбедност зависат од исходот на војната во Украина и ако сите сакаме оваа војна да заврши, треба да се создадат услови да зајакне земјата и нејзината позиција на преговарачката маса со обезбедување на траен и одржлив мир. - Во сето ова – одбранбена, отпорност и Украина, НАТО и ЕУ мора да работат рака под рака. Од самиот почетокот на руската агресија против Украина, верувам дека покажавме политичко единство и кохерентност без преседан и имам намера тоа да продолжи, истакна Руте. Тој нагласи дека негови приоритети се зајакнување на одбраната и зголемување на одбранбените трошоци и производство, со цел, не да се предизвика војна, туку да се спречи. Руте потсети дека НАТО сојузниците ги зголемија трошоците за одбранат и дека две третини од нив веќе издвојуваат најмалку два отсто од својот БДП за одбранбени потреби. - Тоа е добро и го поздравувам, но да бидам искрен, два проценти не е ни близу доволно и за да останеме безбедни во годините што доаѓаат и сојузниците требаат да разгледаат одбранбена потрошувачка значително поголема од два отсто, истакна Руте, нагласувајќи дека „безбедноста не доаѓа бесплатно“. Тој ги повика европратениците да ги поддржат овие напори за зголемување на трошоците за одбрана, потенцирајќи дека безбедноста на Европа ќе биде многу поголема само ако мал дел од средствата што сега се трошат за пензии и здравствена и социјална заштита се пренаменат за обезбедување на многу посилна одбрана. - Инвестициите во нашата обрана се инвестиции во нашата безбедност и безбедноста на нашите деца и внуци, нагласи Руте. Тој истакна дека иако европската одбранбена индустрија зајакнува, таа е се уште мала, премногу фрагментирана и расте доста споро, па затоа ги поздрави напорите на ЕУ за зајакнување на одбраната и на базата на воената индустрија преку обезбедување инвестиции и иновации во овој сектор, со што, според него, ќе се зголеми безбедноста на Европа. - Трансатлантската одбранбена индустриска соработка не прави сите посилни. Во време кога Русија, Кина, Северна Кореја и Иран ја зајакнуваат меѓусебната одбранбена соработка на нивоа без преседан, би било чин на самоповредување ако ставаме нови бариери меѓу сојузниците во НАТО, рече Руте. Според него, неопходно е избегнување на дуплирање на постоечките структури и неоправдано губење на време и ресурси, па затоа НАТО и ЕУ мораат да работат заедно и да се надополнуваат во зајакнување на безбедноста и справувањето со кибер нападите, саботажите, шпионажата, дезинформациите, инструментализацијата на миграција и останатите непријателски активности. - НАТО тоа не може да го прави сам. Треба да работиме заедно за да ја искористиме нашата сила и стручност за да го зачуваме нашето население безбедно... Затоа треба да ја зајакнеме нашата одбрана. Сега сме безбедни, но за да бидеме безбедни и за пет години, мора уште денес да почнеме да трошиме повеќе за зголемување на одбранбеното производството, за зајакнување на отпорноста и за поддршка на Украина, заклучи Руте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаБран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите Италијанските синдикати повикаа на национален штрајк во железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт за 20 и 21 ноември, на кој ќе му претходат неколку прекини на работата и протести на локално ниво.Генералниот штрајк, свикан од Италијанската општа конфедерација на трудот (CGIL), ќе ги опфати сите транспортни сектори, и јавни и приватни, во текот на целиот ден на 20 ноември, објави денеска ADNkronos. Во исто време, неколку закажани протести и локални штрајкови од следната недела се закануваат да го нарушат транспортот, создавајќи тешкотии за жителите на неколку италијански градови. Утре Џенова ќе биде погодена од штрајк во транспортот организиран од синдикатот Cub Trasporti, додека синдикален протест ќе се одржи во Козенца на 10 ноември, што ќе го наруши и јавниот превоз. Во Милано, штрајк на групацијата ATM е свикан за 13 ноември, што ќе доведе до прекини во јавниот превоз во тој град, како и во Монца и Бријанца, а истиот ден, јавниот превоз во Венеција исто така ќе биде засегнат во текот на целиот ден поради прекин на работата. Штрајкови се планирани и во транспортниот сектор во Бари и Неапол во текот на ноември, соопшти агенцијата. На национално ниво, критични денови за транспортот, од јавниот превоз до железницата, ќе бидат 20 и 21 ноември, кога штрајкот ќе влијае на железничкиот товарен транспорт, локалниот јавен превоз и железничкиот патнички транспорт, од 21 часот на 20 ноември до 20 часот на 21 ноември. Што се однесува до секторот за воздушен транспорт, се очекуваат прекини за патниците што летаат на 22 ноември, кога вработените во неколку компании во Фиренца и Пиза ќе штрајкуваат, додека работниците во компанијата Енав во Варезе исто така ќе штрајкуваат. Покрај транспортниот сектор, прекин на работата е повикан и за италијанските работници во кол-центрите да штрајкуваат на 11 ноември. Синдикатите заеднички ја повикуваат владата да „обезбеди сериозна индустриска политика за секторот, како и да ги заштити работните места и приходите на работниците“. Национален штрајк е закажан и за 16 ноември за приватните даватели на здравствени услуги, социјалните претпријатија, како и за регионалните и локалните власти, потсети агенцијата. Во исто време, училиштата и универзитетите ќе бидат во центарот на широк протест во текот на денот на 20 ноември, свикан од синдикатите и здруженијата на работници во образованието на Италија.Тагови: италија штрајкови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44