Руте: НАТО се оддалечува од нездравото и преголемо потпирање на САД - Канал 5

Руте: НАТО се оддалечува од нездравото и преголемо потпирање на САД

НАТО е и секогаш ќе биде трансатлантска алијанса и во моментов е во процес на транзиција од нездраво и прекумерно потпирање на САД, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.

Руте: НАТО се оддалечува од нездравото и преголемо потпирање на САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, им стави до знаење на европските сојузници дека очекува САД да ја преземат главната одговорност за безбедноста на континентот.

Администрацијата на Трамп објави планови за повлекување на околу 5.000 војници од Европа, вклучително и откажување на планираното распоредување на бригада во Полска. Руте нагласи дека повлекувањето на Американците нема да влијае на одбранбените капацитети на НАТО.

Руте: НАТО се оддалечува од нездравото и прекумерно потпирање на САД

„НАТО е и секогаш ќе биде трансатлантска алијанса. Она што се случува сега е преземање одговорност, оддалечување од нездраво прекумерно потпирање на еден сојузник, што води кон пофер распределба на одговорноста за нашата колективна безбедност“, рече Руте на прес-конференција пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки.

Во четврток и петок во Хелсингборг, Шведска, министрите ќе разговараат за подготовките за самитот во Анкара во јули и спроведувањето на планот за инвестиции во одбраната договорен на претходниот самит во Хаг. Се очекува САД таму да објават намалување на бројот на војници што можат да ги стават на располагање на НАТО во случај на криза.

Генералниот секретар, исто така, ги отфрли руските тврдења дека балтичките земји го отвориле својот воздушен простор за украински напади со беспилотни летала врз Русија. „Тие руски тврдења се целосно смешни и Русија го знае тоа“, рече Руте.

Тој додаде дека НАТО „мирно, решително и пропорционално одговорил“ на упадот на украински дрон во естонскиот воздушен простор во вторникот, кој бил соборен од романски борбен авион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка

Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол во организмот и без возачка дозвола, возилото е одземено.

Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка

На 09.08.2026 во 00:01 часот на локалниот пат Илинден – Марино, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје.

При извршената контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта, а управувал и без да поседува возачка дозвола.

За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик.

Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски ја жртвува водата на граѓаните за туѓи дата центри и сопствени тендери

Европа се соочува со суша, намалување на водните ресурси и пресушување на реките, што создава проблеми за енергетскиот сектор и го зголемуваат ризикот од недостиг на електрична енергија и нов раст на цените.

СДСМ: Мицкоски ја жртвува водата на граѓаните за туѓи дата центри и сопствени тендери

А Македонија веќе е зависна од увоз на струја, додека во над 50 населени места граѓаните се соочуваат со проблеми со загадена вода.

Токму во вакви услови, Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат водата и струјата на граѓаните да ги продадат и да ги стават во функција на странски дата центри за сопствени тендерски профити.

Големите дата центри трошат огромни количини електрична енергија и чиста вода, додека економскиот бенефит во однос на бројот на нови работни места и даночните приходи може да биде ограничен.

Еден голем дата центар може да троши меѓу 1 и 3 милиони литри вода дневно – количина споредлива со дневната потрошувачка на град со 15.000 до 30.000 жители.

Владата на Мицкоски не успева да обезбеди доволно чиста вода за пиење за граѓаните, а сега сака огромни количини вода да стави под ризицик за комерцијални дата центри.

Огромна потрошувачка на вода носи ризик од притисок врз водоснабдувањето, а огромната потрошувачка на електрична енергија отвора ризик од дополнителен увоз и повисоки цени.

Колку дополнителна струја ќе биде потребна за планираните дата центри и колку од неа ќе мора да се увезува?

И уште поважно – кој на крајот ќе ја плати таа струја?

Повторно граѓаните преку повисоки сметки.

Нема одговор ниту на прашањето од каде ќе доаѓа водата за дата центрите.

Колкава ќе биде потрошувачката? Дали ќе има испуштање затоплена вода назад во реките и какви последици тоа може да има врз биодиверзитетот и животната средина?

Водата и струјата не смеат да станат скапа авантура од која ќе профитираат блиските до Мицкоски и ВМРО-ОКГ, а цената ќе ја плаќаат граѓаните.

СДСМ е против ставање на водата и електричната енергија на граѓаните под ризик заради бизнис интересите на власта.

Затоа бараме мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи за ладење со испарување на вода.

Водата и струјата се стратешки ресурси на граѓаните, а не нов извор за тендерски профити на ВМРО-ОКГ.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна хеликоптер во Бразил, има загинати (ВИДЕО)

Четири лица загинаа вчера во хеликоптерска несреќа во Рио де Жанеиро за време на 20-минутен панорамски лет во Националниот парк Тижука, објавија бразилските медиуми.

Се урна хеликоптер во Бразил, има загинати (ВИДЕО)

Пилотот и тројца колумбиски туристи загинаа, објави порталот „G1“.

Хеликоптерот се урна во тешко пристапна пошумена област.

Пожарникарите мораа да користат техники за пристап со јаже за да стигнат до местото на несреќата и да го изгаснат пожарот што избувна откако хеликоптерот се урна и ја зафати вегетацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер