Менкиноски: Оваа Влада бара легитимна работа од Бугарија, да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права
1Менкиноски: Оваа Влада бара легитимна работа од Бугарија, да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права
СветРуте најави дополнителни мерки на НАТО за борба против дроновите НАТО ќе преземе дополнителни мерки за справување со руските дронови, за што се тестираат нови интегрирани системи за борба против цели во воздушниот простор, најави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.НАТО ќе преземе дополнителни мерки за справување со руските дронови, за што се тестираат нови интегрирани системи за борба против цели во воздушниот простор, најави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте на прес конференцијата по завршувањето на состанокот на министрите за одбрана на Северноатлантскиот пакт. - Ќе ги прошириме и забрзаме нашите напори со голем број дополнителни мерки за борба против дроновите. Мислам дека ова е јасен пример за брза и ефикасна соработка што ја овозможува НАТО, рече Руте. Тој најави дека целта на овие интегрирани системи е да помогнат за откривање, следење и неутрализирање на воздушни закани и за справување со хибридните закани Според него, паралелно со овие системи, НАТО ќе продолжи и со развој на механизми за споделување на способностите меѓу сојузниците. Генералниот секретар на НАТО оцени дека неодамнешните упади на дронови во воздушниот простор на земјите членки на Алијансата претставуваат „неодговорно и неприфатливо“ однесување, но порача дека сојузниците не треба да ја преувеличуваат способноста на Русија. - Да не ги сфаќаме Русите премногу сериозно. Знаеме дека нивните борбени пилоти се познати по тоа што не знаат како правилно да управуваат со тие авиони, а судејќи според сите работи што ги оставаат на морското дно, нивните капетани не знаат како да го фрлат сидрото, рече Руте. Тој на прес конференцијата најави и дека на денешниот министерски состанок над половина од земјите членки дале ветување дека ќе учествуваат во програма за купување американско оружје и муниција за потребите на Украина. - Ја имаме оваа иницијатива каде што сојузниците купуваат не само опрема, туку и оружје од САД, рече Руте. Тој додаде дека, сепак, не може да навлегува во детали за тоа што е испорачано или не и е испорачано на Украина, но дека се работи на тоа на земјата да и се достават уникатни системи што и се неопходни. - Она што можат да го обезбедат само САД го плаќаат сојузниците, а денеска, како што реков, повеќе од половина од сојузниците се приклучија (на иницијативата, нагласи Руте.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМенкиноски: Оваа Влада бара легитимна работа од Бугарија, да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права„Во ЕУ ќе не стават на брз воз, ним им треба пазар, не им требаме ние“Сметам дека односите со Бугарија се взаемни и Македонската Влада нема ништо против Бугарија и дека не прави ништо што би ја повредило Бугарија и обратно. Мислам дека има недостаток на комуникација и тоа 35 години наназад. Односите Македонија -Бугарија се исти како и односите со соседните држави и мислам дека нам сакаат да ни го стават епитетот дека сме со Србија, а ние сме независна држава и како такви можеме сами да одлучиме со кого ќе комуницираме. Нема Македонија ништо против Бугарите, можеби се лути врз основа на бугарската политика но како народ еден спроти друг -не. Оваа Влада бара легитимна работа од Бугарија, да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права. Да ги почитува само одлуките, нешто што може секоја Влада да го бара 46 држави кои што се во Совет на Европа, ништо повеќе, ништо помалку. А може да оди и чекор понатаму. Да поднесе тужба до ЕСЧП да се исклучи Бугарија од Совет на Европа, но го прави тоа и сфатете го тоа како една добра намера. Имав и отворено писмо со кое му се обратив на Министерот Муцунски со: -„Доста трпение -спасение! Дајте акција, дајте дејствија, дајте некој глагол и сработете нешто. Имате право да поведете постапка пред Совет на Евопоа против Бугарија, направте го тоа“! Ние имаме генерален проблем со институциите, може да имате добар Министер но правецот на давање совети и креирање стратегии е во погрешен правец. Во ЕУ ќе не стават на брз воз, ним им треба пазар, не им требаме ние. Ние имаме кинески капитал кој влегува од секаде. Македонската политчка елита треба да ни каже каде оди оваа држава, вели Тони Менкиноски во Само Вистина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаЗиков: Во суштина земете го изборниот модел во Македонија какви партии произведува„Ќе го покажеме како лидери капацитетот и ќе ги имаме најдобрите луѓе околу нас, не може лидерите и од власта и од опозицијата да се кријат од клучните прашања за реформите“Главната дебата во Македонија требаше да биде носењето нов изборен закон. Нам ни треба да падне Влада ако не биде, а не да стои и ништо да не прави 4 години, не зборувам за оваа Влада туку генерално. Од друга страна кога ќе ги земете партиите како системи кои што во суштина не се демократски во себе, во суштина земете го изборниот модел во Македонија какви партии произведува. Тоа се деспот партии каде што лидерот си го прави тимот, прв концентричен круг четворица, втор -петмина, трет -петнаесетмина. Народод ако за нешто треба да излезе на улица, не треба за ЕУ во оваа фаза, ниту за стандард, туку за промена на изборен модел. Граѓаните треба да побараат нов начин на избор на полтичари во Макеоднија. Ние не можеме да чекаме политичката елита сама на себе да си пресуди. Можеби со притисок од надвор тоа да се реши -но, не гледам таков притисок, тоа што вели г-динот Рокас е дека тој се надева дека ќе се случи, но, колку е тоа притисок од надвор. Меѓународната заедница многу пати докажа дека и се допаѓа овој изборен модел во Македонија - не се замара. Г-динот Мицкоски е сега премиер, си го имаат Венко Филипче од другата страна како главна опозиција, па си имаат две опозициски партии - не е биполарност туку е кватрополарност со две Македонски и две Албански партии. Се договараат четворица и тоа во Клуб на Пратеници, а не во Собрание или во Влада, си разговараат вонинституционално и ги решаваат тие работи, јавноста не е вклучена. На ВМРО-ДПМНЕ не и одговара за тоа што кога имаш 6 изборни единици како сега помалку или повеќе правиш избори како во 6 држави, имаш 6 посебни листи и ти ги контролираш тука луѓето, тоа ти е кабинетот партиски. Ставаш тука луѓе и имаш ваму малку семејно насилство, малку плаќање со пари и тоа се бандажира. На опозицијата не и одговара, затоа што се појавува Игор Ивановски Шема и се прашувам уште колку „шеми“ ќе се појават ако има една изборна единица и отворени листи. Ќе се појават повеќе листи, не само една како што му се припојавува вака на Венко. Немам ништо против на различно мислење, но верувам дека секој добронамерник би го кажал истото -ќе го покажеме како лидери капацитетот и ќе ги имаме најдобрите луѓе околу нас. Не може лидерите и од власта и од опозицијата да се кријат од клучните прашања за реформите, или да се плашиме дека некој ќе ни го земе местото кај што сме, вели Љупчо Зиков во Само Вистина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Шоу бизТом Холанд го поканил Халанд на дружење, фудбалерот го игнориралАктерот Том Холанд откри дека норвешката фудбалска суперѕвезда Ерлинг Халанд го игнорирал откако му испратил порака со која го поканил на дружење.Холанд, за време на гостувањето во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ во понеделник, рече дека Халанд не одговорил бидејќи наводно немал поим кој е. „Искуство за приземјување“ Водителот го праша Холанд за виралниот твит во кој се тврдеше дека спортистот го игнорирал, што актерот го потврди. „Да, му пратив порака и дозволете ми да ви кажам нешто. Тоа е едно од тие искуства за приземјување и тоа е важно за актерите“, се пошегува Холанд. „Мислите: „Ќе му пишам порака. Ќе го однесам на вечера“. Но, нема одговор. Нема извинување. Дури ни порака како: „Зафатен сум вечерва, играм фудбал“. Апсолутно ништо“, додаде актерот. Обид за контакт во Монако 29-годишниот актер откри дека идејата да го контактира 25-годишниот Халанд ја добил минатиот месец откако го видел на Големата награда на Монако во Формула 1. „Тој беше во ВИП ложата веднаш спроти мене. Помислив, ќе си ја пробам среќата и ќе му испратам порака. Никогаш не сонував дека ќе зборувам за тоа на телевизија во живо. Но, еве нè“, рече тој. Кога го прашале дали сè уште би сакал да вечера со Халанд, ѕвездата на „Спајдермен“ на шега одговорила: „Не мислам дека би сакал да вечера со мене по тој ден“, алудирајќи на неодамнешниот пораз на Норвешка од Англија на Светското првенство. И покрај тоа што го игнорираше, Холанд го нарече Халанд „неверојатен“ и „апсолутна легенда“. Ѕвезда на Светското првенство Халанд стана најголемата ѕвезда во подем на Светското првенство во 2026 година. Покрај импресивните движења на теренот, фудбалската ѕвезда стана и вирална сензација поради неговата фризура позната како „викиншки стил“ и неговата колекција чанти Биркин вредни стотици илјади долари. Минатиот месец, дури и актерот Ченинг Тејтум се облече како норвешкиот напаѓач, придружувајќи се на толпата навивачи кои го носеа неговиот дрес и долга руса перика. Халанд е познат и по својата опуштена и разиграна личност, што е во целосен контраст со неговиот импозантен изглед и репутација како „машина за постигнување голови“. Извор: Индекс.хрТагови: Халанд Том Холанд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55