Подржувајќи ја Украина вршиме притисок врз Путин и ја зајакнуваме сопствената безбедност, порача Руте - Канал 5

Подржувајќи ја Украина вршиме притисок врз Путин и ја зајакнуваме сопствената безбедност, порача Руте

Со нашата поддршка за Украина вршиме притисок врз рускиот претседател Владимир Путин и помагаме за зајакнување на украинските капацитети со цел земјата да може да одврати каква било руска агресија во иднина.

Подржувајќи ја Украина вршиме притисок врз Путин и ја зајакнуваме сопствената безбедност, порача Руте

Со нашата поддршка за Украина вршиме притисок врз рускиот претседател Владимир Путин и помагаме за зајакнување на украинските капацитети со цел земјата да може да одврати каква било руска агресија во иднина, а со тоа јасно придонесуваме и за зголемување на нашата сопствена безбедност, изјави генералниот секретар на НАТО на почетокот на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел, на кој учествува и македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски.

- НАТО продолжува да и помага на Украина да се одбрани. Тоа ја вклучува и најновата иницијатива на НАТО која веќе насочи две милијарди долари американска опрема во Украина, платена од сојузниците. Но, има уште многу што треба да направиме, додаде Руте.

Тој нагласи дека затоа на денешниот состанок министрите ќе се осврнат на цврстата поддршка на НАТО за Украина, како и на „непоколебливите напори“ на американскиот претседател Доналд Трамп за обезбедување праведен и траен мир.

Според Руте, оваа министерска сесија ќе се фокусира и на зајакнувањето на способноста на НАТО за одвраќање и одбрана, врз основа на историските одлуки донесени на Самитот во Хаг за драстично зголемување на трошоците за одбраната и на одбранбеното производство.

- Ќе разговараме за напредокот во спроведувањето на новите цели за капацитетите на НАТО, осигурувајќи се дека ги имаме најдобрите вооружени сили подготвени да ги заштитат нашите луѓе, потенцира Руте.

Првиот човек на Алијансата додаде дека за зајакнување на безбедноста на сојузниците е лансирана и новата иницијатива на НАТО, „Источна стража“, а во исто време се работи и на справување со предизвиците поврзани со дроновите.

Воениот и индустрискиот сектор, според Руте, може „да одат рака под рака“, па затоа е потребен напредок за зајакнување на одбранбената индустриска база од двете страни на Атлантикот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер