СветРуте: Мора да бидеме подготвени да се соочиме јасните, реални и трајни предизвициБезбедносната ситуација и стратешкиот контекст бараат наша постојано будност во услови кога Русија разместува воена опрема насекаде наоколу и нè тестира во воздушниот простор и преку кибернапади и саботажи.Безбедносната ситуација и стратешкиот контекст бараат наша постојано будност во услови кога Русија разместува воена опрема насекаде наоколу и нè тестира во воздушниот простор и преку кибернапади и саботажи, порача генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во видеообраќањето на состанокот на Воениот комитет на Алијансата на ниво на началници на генералштабови на земјите членки што денеска и утре се одржува во Брисел. - Но, не е само Русија. Кина, Иран и Северна Кореа ја потпомагаат војната на Москва против Украина. Овие земји се подготвуваат за долгорочна конфронтација со нас. Во исто време, продолжува и опасноста од тероризмот и нестабилноста во јужното соседство на НАТО. Овие предизвици со кои се соочуваме се јасни, реални и трајни и мора да бидеме подготвени, истакна Руте, кој денеска престојува во Давос на Светскиот економски форум. Од тие причини, според Руте, потребно е зголемување на инвестициите и иновациите во одбранбеното производството од двете страни на Атлантикот, со цел членките на НАТО да можат да се одбранат, но тоа воено е добро и за вооружените сили, индустријата, бизнисите и колективната безбедност на Алијансата. - Постигнуваме солиден напредок, но очигледно има уште многу да се направи. Во пресрет на нашиот Самит во јули во Анкара, европските сојузници и Канада мора итно јасно да покажат зголемување на инвестициите во одбраната и да преземат поголем дел од одговорноста за конвенционалното одвраќање и одбраната, рече Руте, додавајќи дека безбедноста е тимски напор, па затоа НАТО ќе ја зајакне соработката со своите партнери ширум светот. Во воведното обраќање на состанокот, претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне оцени дека безбедносната слика на почетокот на 2026 година продолжува да биде исклучително тешка, во услови кога продолжуваат руската војна против Украина и нестабилноста и насилството во јужното соседство на НАТО. - Тензиите, исто така, влијаат на трговските патишта, енергетските текови и безбедноста и надвор од Европа и Северна Америка. Други малигни актери продолжуваат да ја загрозуваат глобалната стабилност. Секој ден се соочуваме со кибернапади, саботажи, притисоци и дезинформации. Новата технологија може побрзо да ги шири овие хибридни закани и да го отежне нивното следење, рече Каво Драгоне. Тој ја поздрави иницијативата на САД за мир во Украина и активностите на Коалицијата на расположените, под водство на Франција и Велика Британија, за поддршка на мировните напори, паралелно со „посилната и поорганизирана“ поддршка на НАТО за Киев. - Во последната година, ја зајакнавме будноста и активностите за заштита на нашите сопствени земји, вклучително и преку успешното лансирање на „Балтичка стража“ и „Источна стража“. Го зголемивме бројот и обемот на нашите вежби. Од воена гледна точка, овие напори демонстрираат модерна Алијанса која може да се брани и одвраќа, нагласи италијанскиот адмирал. Тој истакна дека безбедноста ги засега сите и тоа не е само прашање на политичарите, на армиите на 32-те земји членки на НАТО и на овој Комитет, туку тоа го засега секое семејство, секоја заедница и секое работно место. - Затоа ни е потребна не само поддршка, туку и вистинско ангажирање од повеќе од милијардата луѓе кои сме посветени да ги браниме, потенцира Каво Драгоне. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Секси рагбистка воодушеви со облинитеРагбистката Џејми Чапман успеа да го маѓепса голем дел од машкиот свет со својата модна комбинација за време на доделувањето на наградите „Dally M“ во 2024 година. На свечената церемонија атрактивната Џејми се појави во црн фустан од тантела што совршено ги следеше линиите на нејзиното тело и ги истакна нејзините бујни гради. Провокативната тоалета се одликуваше и со длабок шлиц, а не смееме да го изоставиме ниту фактот дека нејзините прекрасни облини дојдоа до израз во оваа заводлива креација. Dayummmm!! 💓 Btw: she is Australian Rugby player Her name: Jaime Chapman https://t.co/zwQUjRxZJR — HollywoodCave (@HollywoodCave) October 9, 2026 Во 2024 година, таа предизвика вистинска помпа на церемонијата на доделување награди, а судејќи според најновите објави на X, повторно поттикна лавина од коментари и реакции кај машката публика. Нејзините фотографии од таа вечер повторно се актуелни на социјалните мрежи и масовно се споделуваат на X. Инаку, Чапман е една од препознатливите фигури во женското рагби во Австралија. Таа игра на позицијата центар за тимот „Голд Коуст Тајтанс“ во женската конкуренција на Националната рагби-лига (NRL), а настапува и за „Твид Хедс Сигс“ во женската рагби-лига на Квинсленд. Исто така, таа ужива голема популарност на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од приватниот и деловниот живот, при што посебно внимание привлекуваат оние од атрактивните модни публикации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривични пријави за возачот на мотоцикл кој дивееше на бул."Партизански Одреди" во СкопјеОд страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај е извршен разговор со А.А. кој посочил дека истиот на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл "сузуки" на бул. "Партизански Одреди" Во врска со објавеното видео 10.10.2026 на повеќе портали и електронски медиуми во кое се гледа како едно лице управува мотоцикл "сузуки" движејќи се небезбедно на едно тркало на бул."Партизански Одреди" кај крстосницата со ул."29-ти Ноември" во повеќе наврати, загрозувајќи се себеси и другите учесници во сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во соработка со Безбеден Град преземени се мерки и дејствија при што е утврдено дека станува збор за мотоцикл "сузуки" со скопски регистарски ознаки кој на ден 03.10.2026 е управуван од машко лице по наведениот булевар при што најпрво е обавен разговор со сопственикот, потоа со корисник на мотоциклот од кого е добиена информација дека мотоциклот на 03.10.2026 го користел А.А.(37) од Скопје. Од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај е извршен разговор со А.А. кој посочил дека истиот на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл "сузуки" на бул. "Партизански Одреди" и истиот објавил неколку видеа на профил на мрежата Тик Ток. Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик, "безобѕирно управување на моторно возило" и по член 298 од Кривичниот законик- "загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизВодител ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор стана хит: Таа не се двоумеше ниту мигСветската музичка ѕвезда, мегапопуларната колумбиска пејачка Шакира гостуваше во шпанската емисија „La Revuelta“, каде што се пошегува со водителот Давид Бронкано за нивните љубовни искуства.Разговорот бил одбележан и со нејзината приказна за тоа зошто зборува каталонски со своите синови во Мајами, како и со необичното интервју што траеше помалку од 20 минути. За време на разговорот, Шакира откри дека понекогаш зборува каталонски со своите синови Милан и Саша додека се во Мајами, за да не можат другите да ги разберат. „Зборувам каталонски бидејќи моите синови се Каталонци. Во Мајами разговарам со нив на каталонски кога не сакаме другите да нè разберат“, објасни пејачката. Таа додаде дека нејзините синови често меѓусебно зборуваат англиски, додека таа се обидува да комуницира со нив на шпански и на каталонски. Бронкано ја изненади Шакира кога покажал дека и самиот зборува каталонски. Пејачката го прашала дали го научил јазикот поради врската со девојка од Каталонија, а водителот потврди дека имал партнерка од таму. „И двајцата поминавме низ истото“, се пошегувал Бронкано, алудирајќи на врската на Шакира со поранешниот фудбалер Жерар Пике. Пејачката секако не му останала должна. „Па, не сум баш сигурна дали е истото“, одговорила Шакира низ смеа, не навлегувајќи понатаму во приказната за нејзиниот поранешен партнер. Посетата беше необична и поради начинот на кој беше организирана. Наместо во вообичаеното студио на емисијата, Бронкано разговараше со Шакира во комплексот „Макондо парк“ во Мадрид, каде што пејачката одржува серија концерти во рамките на турнејата „Las Mujeres Ya No Lloran“. Според шпанските медиуми, посетата била договорена во последен момент, само еден ден претходно. Водителот и неговата екипа пристигнале на локацијата, но бидејќи Шакира доцнела, тие чекале речиси еден час. Истовремено, Бронкано морал да фати лет поради лични обврски, поради што за разговорот останале само петнаесет минути. И покрај брзањето, тие сепак успеале да разговараат за нејзините деца, љубовта, концертите и секојдневниот живот.Тагови: Шакира Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter