ЖивотРусокосо девојче најдено во ромско семејство во Грција, не е нивно, се истражува чие е!Русокосо девојче на возраст од 4 години е најдено во ромска населба во Грција. ДНК анализата покажала дека нема роднинска врска со Ромите со кои живее, што е и очигледно. Девојчето наречено само Марија, има нагласено руса коса и сини очи. Се претпоставува дека полицијата е на трага на голем ланец на трговија со деца.Грчките власти побарале меѓународна помош да се утврди идентитетот на киднапираното девојче кое живеело со двајца возрасни и уште 13 деца во ромска населба во близина на Фарсала, централна Грција. Полицијата го забележала за време на потрага по криминалци во ромскиот камп. 39 годишниот маж и 40 годишната жена кај кои живеело девојчето кажувале различни верзии од каде го нашле. Еднаш тврделе дека ја нашле во ќебе, потоа дека им ја дале странци, а потоа дека девојчето има татко странец. Тие се уапсени за киднапирање. Девојчето било кај нив најмалку 2 години и зборува само ромски. Детски психолог работи со него. Тој вели дека по овој случај полицијата е на трага на поголем синџир на трговија со деца во Европа. Криминални групи во источна Европа ги киднпираат децата за да ги продадат. Мајката тврдела дека родила 6 деца за 10 месеци. Обвинета е за фалсификување документи и земање парична помош за децата. Според изгледот девојчето се претпоставува дека е од северно - европска или источно - европска држава. ДНК анализата го покажала очигледното - дека не е во сродство со Ромите. Во истрагата за случајот се вклучи и Интерпол. Мирор пишува дека овој случај им дава надеж на семејствата чии деца исчезнале, како семејството на Медлин Меккејн, која исчезна во 2007 во Португалија. Ја отвора можноста децата како Медлин се уште да се живи, и да се најде трагата на нивните можни киднапери, доколку биле дел од европскиот ланец на трговија со деца, како малата Марија./ извор: Мирор ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- - Живееше во многу лоша средина и услови. Постојано преместувана од едно на друго место. Според социјалните работници, кои ја згрижија, таа била во шок и постојано плачела, изјави Костас Гианополис. Случајот уште еднаш ја потврди суровата реалност – колку е лесно да се грабне или купи дете и да се регистрира како свое. Во светот годишно исчезнуваат осум милиони деца или во просек 22 илјади дневно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Македонија„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви кучиња, кои веројатно биле отруениНад осум тела на мртви кучиња биле пронајдени на јавен простор во скопската населба Бутел. Од здружението „Анима Мунди“ се сомневаат дека кучињата биле отруени и дека станува збор за кучиња од исто леглно и се пронајдени на исто место. Од здружението бараат поведување на истрага за овој случај и веруваат дека убиените кучиња имаат и сопственик. Од полицијата за Канал 5 потврдија дека нема официјлна потврда за овој случај, исто и од Агенцијата за храна и ветеринарство. По објавувањето на снимките инспектори од АХВ излегле на терен да го проверат целиот случај. Но, мртвите тела на кучињата ги нема, а засега не потврди ниту една институции дека ги тргнала кучињата од местото каде биле најдени мртви. Од Анима Мунди објаснуваат дека најголем проблем со негрижата кон милениците води кон создавање на улични кучиња, а труењето е проблем и за луѓето, особено за децата. Според, Член 233 од Кривичниот законик се предвидува парична казна или затвор до три години за неоправдано усмртување, грубо злоупотребување или мачење животно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска ќе има средба со студентите за нов модел на студентски оброкДополнителен попуст од 20 проценти за студентите, не само за субвенционираниот оброк, туку и за сите други производи што ќе ги купуваат со сопствени средства кај оператори кои ќе ги избере Владата. Ова го предвидува новиот модел што го подготвува Министерството за образование, а кој ќе функционира преку електронска апликација. Сепак, конечен договор сè уште нема. Министерката Весна Јаневска денеска најави средба со новиот претседател на Студентското собрание на УКИМ, по што ќе следуваат разговори и со студентските претставници од сите универзитети. ,, Сè додека немаме конечен став од студентите, ние го разработуваме овој модел. Она што е важно е дека ќе станува збор за електронска апликација преку која студентите, кај сите оператори што ќе ги избере Владата, ќе добиваат 20 отсто попуст со картичката за студентски оброк, односно со е-апликацијата или ваучерот за студентски оброк. Попустот ќе важи за она што ќе го купат со тие средства, но и за сè друго што ќе го купат кај избраниот оператор. Ваква мерка во ваква криза навистина е нешто што укажува дека особено многу внимаваме на студентите и дека водиме голема грижа за младите луѓе во земјата,, – Весна Јаневска, министерка за образование и наука Покрај повисоката финансиска поддршка за исхрана, Владата подготвува и поширок пакет поволности за студентите, кој ќе опфати и други производи и услуги. Според премиерот Mицкоски станува збор за иновативен модел кој досега не бил применет во ниту една друга држава. Надлежните институции веќе работат на решението, а конкретните детали ќе бидат соопштени наскоро. Владата претходно предложи месечната вредност на студентскиот оброк од околу 3.500 да се зголеми на 4.500 денари, односно околу 180 денари дневно за 25 субвенционирани дена, наместо досегашните 140 денари, и да оди преку ваучери. Студентските претставници пак побараа дневниот износ да се усогласи со стапката на инфлација и да нема ограничување каде да ги користат средствата за исхрана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Македонија напредна за 16 места на индексот на ОН за е-влада за 2026Наскоро нови услуги од МВР и ФЗО.Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Македонија се искачила за 16 места на светската ранг-листа за развој на е-влада на Обединетите нации и најави дека се очекуваат нови услуги од МВР и Фондот за здравство на националниот портал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter