МакедонијаРусковска: СЈО треба да ни ги предаде случаите, обвинителството не може да бара да ги преземеСпоред постоечкиот Закон што се уште важи за Специјалното јавно обвинителство, тие треба да ни ги предадат предметите. Доколку не ни ги предадат, ние според тој Закон не можеме да ги побараме и да ги преземеме, изјави денеска јавната обвинителка Вилма Русковска, прашана дали би ги преземале предметите од СЈО за тие да не пропаднат, по вчера изнесеното начелно правно мислење на Врховниот суд. Прашана дали прислушуваните разговори ќе бидат докази и на јавното обвинителство доколку ги преземат случаите, Русковска, рече дека нема причина зошто не би биле. – Доколку се сеќавате, кога тие снимки беа предложени како доказ од страна на СЈО, судот првостепениот ги одби, не ги прифати, но по одлука на Апелациониот суд тие станаа докази во предметите. Нема зошто таа одлука да не важи, не е битно кој постапува по предметот и кое обвинителство. Сите сме обвинители и одлука на суд е одлука на суд, рече Русковска. Посочи дека тоа е нејзино мислење, а доколку им бидат предадени предметите и почнат да постапуваат, ќе видиме што ќе се случи. Врховниот суд на Република Македонија, вчера соопшти дека СЈО не може да поднесува обвиненија по истекот на рокот од 18 месеци – Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, што не може да биде пречекорен, сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка, беше наведено во правното мислење објавено на веб страницата на Врховниот суд на РМ по одржаната општа седница. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЕвропаСилно невреме ја погоди Франција, најмалку три лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)Обилните дождови што ја погодија јужна Франција предизвикаа големи поплави, при што се наведува дека три лица загинале, а илјадници домови останале без електрична енергија.Регионалните власти соопштија дека бурата предизвикала нивото на водата да се искачи на „невидени“ нивоа. Според извештаите, три лица загинале, а едно е повредено во бурата. Локалниот весник „Ла Прованс“ објави, повикувајќи се на властите, дека две жени, на возраст од 86 и 26 години, биле пронајдени во подрум во Ланкон-Прованс. 75-годишен маж, исто така, загинал во бурата во Сен-Митр-ле-Ремпар. Регионалните власти соопштија дека околу 250 луѓе од Арл и Сен-Мартен-де-Кроа се однесени во засолништа. ⛈️ Des orages diluviens frappent les Bouches-du-Rhône ce mardi matin avec des inondations, ici à Port-de-Bouc. Prudence ! 🌊 (© Angelana Cri via La Météo du 13) https://t.co/e7pgFyEHaE — Météo Express (@MeteoExpress) October 20, 2026 Oct 20_5⃣ Climate Awareness🚩 🇫🇷 Heavy rainfall has hit the south of #France, causing widespread flooding in the Bouches-du-Rhône, Hérault, and Gard departments, as well as on the of Corsica island In some areas 200+ mm of rain fell in 24 hours #ClimateCrisis #ClimateEmergency https://t.co/eHa1FnX71e — Irene (@irene_makarenko) October 21, 2026 Бурата, исто така, предизвикала голема материјална штета, а патиштата и железниците биле блокирани. Исто така, имало прекини во електричната енергија и телефонските линии. Severe flooding following torrential rainfall in Martigues, Bouches-du-Rhône, France 🇫🇷 (20.10.2026) #Anonymous #OpEarth 🌎 #BecauseItsOurHome #climatechange #ExtremeWeather https://t.co/FgU0p0SE7h — #Anonymous (@TheStripesGirl) October 22, 2026 Во меѓувреме, метеоролозите предупредуваат на повеќе проблеми. Бурата „Остин“ се очекува да ја погоди северозападна Франција подоцна вечерва, носејќи ветрови до 130 километри на час, високи бранови и обилни врнежи од дожд, со очекувани прекини во сообраќајот и ризик од паѓање дрвја.Тагови: поплави Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗемјотрес од 7 степени ја погоди Кина Земјотрес со интензитет од 7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четврток, 22 октомври 2026 година, во 16:33 часот во регионот Шизанг-Ќингхај во Кина, во регионот Тибет.Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина 32,4415 и географска должина 93,8549. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата. 🚨🇨🇳#BREAKING | NEWS ⚠️ A Powerful 7.0⚡️Magnitude Earthquake has just struck Nagqu,Tibet, China Xizang region. Searching for a video will update soon. https://t.co/loF6mXvYg5 — Todd Paron🇺🇸🇬🇷🎧👽 (@tparon) October 22, 2026 Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтре голем број дронови ќе летаат по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борбаЗголемена употреба на дронови по повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, соопштуваат од МВР.Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на утрешниот ден (23.10.2026), по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ќе има употреба на беспилотни летала (дронови) за снимање од воздух. Паркинг просторот на Музејот на современата уметност за реализирање на свеченост ќе биде обезбеден во периодот од 10:00 до 23:30 часот и за таа цел апелираме до граѓаните да ги отстранат возилата од паркингот. Активностите ќе се реализираат во рамки на планираните мерки поврзани со одбележувањето на празникот, при што на одредени локации ќе биде забележливо зголемено присуство и движење на беспилотни летала. Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека станува збор за однапред планирани активности и апелира за разбирање, со цел нивно непречено и безбедно спроведување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook