Русковска: Парите од „Меѓународен сојуз" завршиле во куќата на родителите на Боки-13

 Имаме доста материјални докази кои главно произлегоа од вештачењето  од телефонот на сега обвинетиот Бојан Јовановски. 

Што се однесува до парите кои се подигнати од страна на Лилјана Тодоровска и земени веднаш од обвинетата Кристина Блажевска, имаме точно локациски од вештачењето на телефонот дека завршуваат во куќата на неговите родители, имаме и слика имаме и локација, изјави обвинителката Вилма Рускоска денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Додаде дека имаат материјални докази што одат во поткрепа на обвинението, но и сведочења особено на Агапи Дика и на Лилјана Тодоровска,… за тоа како се одиграло потпишувањето на договорите, преговарањето во „Меѓународен сојуз" и исказите на оштетените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски.

Рускоска рече дека на кратко во воведните зборови кажала дека тие се обврзале дека ќе обезбедат државно неизградено земјиште, а донекаде и субвенционирање од страна на државата.

-Подетлано за ова ќе видите од самите материјални докази, како и од сведочењата. Што се однесува до перењето пари исто така, не за Бојан, туку за осомничени Јасна Мандиќ и Миле Јовановски образложив зошто сметаме дека кај нив постои перење пари, односно дека парите што ги добил Бојан Јовановски по пат на измама им ги давал на нив да ги уплаќаат како позајмици или враќање на позајмици или донации на БМЈ медија груп, а склоп на оваа окмпанија беше и 1ТВ, рече Рускоска.

На новинарско прашање, Рускоска рече дека Бојан Јовановски се служи со лични квалификации.

– Тој е обвинет. Мене прво ме направи коруимпиран обвинител, па со ништо не успеа тоа да го докаже и секакви квалификации користи што не му доликуваат. Така да, јас кажав дека може да смисли еден девијантен пример, јас не реков кој. Јас никого до сега ниту во „Рекет", ниту во овој предмет имам намера лично да навредувам затоа што тоа не е во правец на докажување на фактичка состојба. Бојан и во претходниот случај , а и сега се служи со лични квалификации, рече Русковска.

На прашање за истрагата за случајот „Империја", Рускоска рече дека предметот е даден на вештачење.

-Ќе се изврши материјално финансиско вештачење на предметот, затоа што има се уште неколку сведоци да се сослушаат, ама тие паралелно додека тече вештачењето ќе се сослушат неколку сведоци за кои колешките сметаат дека се неопходни, истакна обвинителката.

Во врска со предметите од поранешното на СЈО, Рускоска рече дека кога почна преземањето на предметите, прво од ЈО на СРМ, па после со оглед на кривичните дела се распоредуваат што кај нас, што во ОЈО во Скопје решиле сите предмети кои се пред крај со истражна постапка или пред крај со предистражна постапка прво да одат на реферирање во ЈО на СРМ па после да се донесе одлука што понатаму со предметите, дали ќе се отвори истрага или дали треба да се надополни истрагата или да се поднесе обвиненија. -Така да се уште ниеден од тие предмети не е рефериран, додаде таа.

Поради влошување на здравствената состојба на таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, денешното судењето за „Меѓународен сојуз" привремено беше прекинато на 30 минути и беше повикана брза помош.

За случајот „Меѓународен сојуз" обвинети се Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски-Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама" и „перење пари".

Во воведните зборови обвинителката Вилма Рускоска рече дека ќе докаже оти обвинетите свесно ги сториле делата и дека од почетокот оваа организација е темелена на лаги, за да им се извлечат пари на бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски.

Обвинетите се изјаснија дека не чуствуваат вина за делата кои обвинети.

Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова./МИА.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер