Руски олигарх со украинско потекло е најден мртов во својата вила во Англија - Канал 5

Руски олигарх со украинско потекло е најден мртов во својата вила во Англија

Мртвото тело на Михаил Ватфорд (66), руски олигарх со украинско потекло, е пронајдено во понеделникот во гаражата на неговата вила во Сари, Англија, објавија британските медиуми.

Руски олигарх со украинско потекло е најден мртов во својата вила во Англија

Вотфорд бил обесен, а телото го пронашол градинарот.

Рускиот олигарх зад себе ги остави сопругата Џејн и трите деца. Полицијата ја истражува смртта, која се уште се третира како „необјаснета“, но наведува дека „не се верува дека имало сомнителни околности“. Треба да се напомене дека Ватфорд не се најде на списокот на руски олигарси против кои неодамна беа најавени санкции.

Вотфорд направи богатство во трговијата со гас и нафта, јавуваат британските медиуми. Живеел во вила вредна 18 милиони фунти.

„На неговата душевна состојба секако влијаеше ситуацијата во Украина. Времето на неговата смрт и инвазијата на Украина секако не е случајно“, изјавил семеен пријател за таблоидот „Сан“.

Неговата вдовица објавила нивна заедничка фотографија на Фејсбук по смртта на нејзиниот сопруг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин ненадејно нареди тридневен прекин на нападите кон Украина

Рускиот претседател Владимир Путин нареди тридневен прекин на огнот во Киев почнувајќи од полноќ.

Путин ненадејно нареди тридневен прекин на нападите кон Украина

Рускиот претседател Владимир Путин нареди тридневен прекин на огнот во Киев почнувајќи од полноќ, со цел да се подготват и одржат состаноци меѓу украинските претставници и американските преговарачи Стивен Виткоф и Џаред Кушнер во украинската престолнина, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Украинските медиуми претходно објавија дека украинските вооружени сили прогласиле прекин на огнот од полноќ на 5 септември до 8 септември.

Виткоф и Кушнер денес пристигнаа во Москва и на аеродромот Внуково ги пречека Кирил Дмитриев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции, објави ТАСС.

Авионот во кој се наоѓаа Виткоф и Кушнер слета во 12:52 часот по московско време.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на прашања од новинарите, рече дека американските претставници Виткоф и Кушнер се секогаш добредојдени гости во Русија и дека Москва со задоволство соработува со нив.

Американскиот портал „Аксиос“ објави во петокот, повикувајќи се на извори, дека Виткоф и Кушнер ќе ги посетат Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испратил специјални пратеници за да преговараат за решение на конфликтот во Украина.

Тој рече дека Вашингтон развил нова идеја за можен мировен договор.

Виткоф и Кушнер последен пат ја посетија Москва во јануари, кога разговараа со Путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест „Марш за Лика, марш за Хрватска“ во Загреб, за нелегално исфрлени 33.000 тони опасен отпад

Голем протест во Загреб , повеќе од 300 јавни личности побараа спас за Лика, и одговорност за загадувањето , а говорницата беше забранета за политичарите.. 

Протест „Марш за Лика, марш за Хрватска“ во Загреб, за нелегално исфрлени 33.000 тони опасен отпад

Илјадници граѓани и познати личности но без присуство на политичари денеска излегоа на улиците во Загреб со ултиматум до Владата за спас од еколошките катастрофи поврзани со илегален и опасен отпад.

Граѓаните имаа жестоки критики до надлежните институции за како што посочија нелегално исфрлените десетици илјади тони отпад во близина на градот Госпиќ и регионот Лика-Сењ во западна Хрватска, каде биле нелегално исфрлени околу 33.000 тони опасен отпад.

-Според службениот план за санација 13 илјади тони отпад чека санација. Сметката изнесува повеќе од 8 милиони евра, но отпадот е се уште тука, што се чека? На крајот на приказната кој ја плаќа најголермата сметка. Ние и нашите деца со своето здравје и милионските суми во евра од нашите џебови додека отпадната мафија на своите сметки акумулира профит од нашата отруена почва и вода., рече Ирена Бурба од здружението „Зелена Истра“.

Граѓаните побараа итно и целосно санирање на загадените места, утврдување на одговорноста и јасни рокови за отстранување на отпадот што ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните...

-За 35 години колку што постои нашата еко телефонска линија која е бесплатна имаме 36 илјади пријави на граѓани за проблеми со животната средина. Сите ги имаме проследено до надлежните институции. Повеќето од тие пријави се за илегален отпад и за опасен отпад. Во главниот град имаме еколошка бомба а имаме и случај опасен отпад кој што е оставен покрај извор за питка вода. Во случајот со Госпич, власта знаела и дозволила увоз на опасен отпад за кој знаела дека нема како да се складира туку единствено што може илегално да се закопа., рече Дора Сивка од граѓанско здружение „Зелена акција“.

Колоната граѓани, предводена од локални еколошки иницијативи и здруженија, маршира низ централното градско подрачје носејќи транспаренти на кои повикуваа да се стави природата пред профитот. Во писмениот документ подготвен за Владата се наведуваат конкретни точки: итен мораториум на проектите што го загрозуваат водниот потенцијал, ревизија на издадените концесии за сеча на дрва и санкции за нелегалните зафати на терен. За секоја од точките е поставен прецизен рок, до 30 дена, во кој надлежните министерства мора официјално да одговорат или да започнат постапки на терен.

Извор фото: vijesti.hrt.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: За првпат по долго време имаме извоз, кој што е поголем од увозот

Раст и на извозот и на увозот во првите седум месеци од годинава, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. 

Мицкоски: За првпат по долго време имаме извоз, кој што е поголем од увозот

Извозот достигнал 5,1 милијарди евра, што е раст од 8,4 проценти во однос на истиот период лани, додека увозот изнесувал 7,2 милијарди евра и е зголемен за 7,8 проценти. Во извозот најзастапени се катализаторите и деловите за автомобилската индустрија, а во увозот металите од платинската група, нафтените деривати и автомобилите. Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, додека земјите од ЕУ учествуваат со 58,7 проценти во вкупната размена.

За премиерот Христијан Мицкоски, позитивен сигнал е тоа што извозот расте побрзо од увозот. Тој вели дека трендот е особено изразен во јули, а растот на увозот го поврзува со високите цени на нафтата и нафтените деривати.

„За првпат можеби после долго време имаме извоз којшто е поголем од увоз, односно побрзо расте извозот отколку што расте увозот, и на тој начин се намалува дефицитот во трговската размена и во првите седум месеци во годината. Првите податоци за првиот месец од третиот квартал, тоа е јули, се навистина над нашите очекувања. Посебно кога станува збор за извозот, којшто ќе повторам побргу расте отколку што расте увозот, а увозот расте поради високите цени на нафтата и нафтените деривати. Кога би се стабилизирал тој дел од пазарот, тогаш таа разлика би била уште поголема и покриеноста ќе биде уште поголема.“

Мицкоски повторно се повика и на растот на БДП како показател за силната економска активност. Во вториот квартал економијата пораснала за 4,3 проценти, а во првото полугодие за 3,7 проценти. Премиерот очекува годинава да заврши со раст меѓу 3,5 и 4 проценти. Министерката за Финансии Гордана Димитриеска Кочоска во обајва на Фејсбук уште еднаш нагласи дека растот на македонската економија во вториот квартал е еден од најдобрите квартални резултати изминатите две ипол години.

Во меѓувреме, од СДСМ повторно со критики за задолжувањето. Од партијата обвинуваат дека Владата ја носи Македонија кон јавен долг од 12 милијарди евра и дека дел од обврските на ЈПДП не се прикажуваат во јавниот долг. Реакцијата следува откако Мицкоски вчера ги отфрли обвинувањата за скриен долг од 350 милиони евра на ЈПДП, со објаснување дека станува збор за рамковни заеми што се повлекуваат постепено. Од СДСМ тврдат дека и гарантираниот долг на јавните претпријатија треба да биде опфатен во јавниот долг и најавуваат кривична одговорност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер