Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаРуската амбасада во Скопје - Балкански рекордер на социјалните мрежиРуската амбасада во Скопје за две години објавила двојно повеќе постови на социјалните мрежи од дипломатските претставништва на ЕУ, САД, Британија... (Радио Слободна Европа) Руската амбасада во Скопје за две години објавила двојно повеќе постови на социјалните мрежи од дипломатските претставништва на ЕУ, САД, Британија... Според истражувањето на Центарот за проучување на демократијата од Софија (CSD) тоа е дел од пропагандната стратегија и хибридната војна на Кремљ Амбасадата на Русија во Скопје е рекордер меѓу дипломатските претставништва во Македонија и на Западен Балкан според бројот на објави на социјалните мрежи и по бројот на интеракции на тие нивни објави. Само во 2021 и 2022 година, Руската амбасада има објавено двојно повеќе постови од дипломатските претставништва на Европската унија (ЕУ), САД, Велика Британија... и неколкукратно повеќе објави од македонското Министерство за надворешни работи (МНР). Ова го покажува истражувањето на Центарот за проучување на демократијата од Софија (CSD), кој ги следел објавите на повеќе амбасади на Балканот во изминативе две години. Анализата покажува и дека Руската амбасада во Скопје има многу повеќе објави и од македонското МНР. Македонскиот фејсбук простор во стратегијата на Кремљ Оваа активност, според Горан Георгиев, истражувач во софискиот Центар за проучување на демократијата и експерт за меѓународни односи и геополитика, е дел од стратегијата на Кремљ за ширење на руското влијание и пропаганда. „Профилите на руските амбасади на социјалните мрежи се канал и засилувач на руската пропаганда и целата палета на дезинформациски наративи кои доаѓаат од Кремљ, од кои повеќето се насочени против Западот и демократскиот начин на живот. Амбасадите вршат клучна информативна (но и оперативна) функција во информациската војна на Кремљ против слободниот свет. Вкупниот број на објави на руските дипломатски претставништва на социјалните мрежи е значително зголемен од почетокот на инвазијата врз Украина, а дезинформациите се поексплицитни и поагресивни од кога било. Има и докази за тоа“, изјави за Радио Слободна Европа (РСЕ), Георгиев. Бројот на објави на Руската амбасада во Скопје на социјалните мрежи е повеќекратно повисок од бројот на социјални објави на македонското Министерство за надворешни работи, кое, според истражувањето, постира во просек по три објави неделно (вкупно 5 во март и вкупно 12 во февруари 2023). што е околу 40 отсто од вкупниот број на објави на Фејсбук страницата на македонската Влада, на која се постираат по околу 12 објави дневно во просек. Од Македонското МНР, до објавување на текстот, не добивме коментар за ова истражување. Коментар за ова истражување и за резултатите од него, побаравме и од Руската амбасада во Скопје, но не добивме одговор, со образложение дека се воздржуваат од коментар бидејќи „нивната нормална работа била оквалификувана како дезинформација“. Руска амбасада во Скопје: Принудени сме да се воздржиме од коментирање За коментар на ова анализа на Центарот за истражување на демократијата од Софија, официјално се обративме до Амбасадата на Руската федерација во Скопје. „Со оглед на тоа што нашата нормална дипломатска работа ја карактеризирате како дезинформација, принудени сме да се воздржиме од коментирање на Вашите прашања“, стои во одговорот од Руската амбасада во Скопје на нашето барање за коментар на истражувањето на Софискиот центар. Први на просторот на некогашна СФРЈ и први на Балканот Податоците во истражувањето се добиени преку мониторинг со специјализирани софтвери за преземање на податоци од онлајн медиуми, профили на социјалните мрежи на политичари, јавни личности и дипломати и онлајн канали на комуникација на дипломатските претставништва од регионот на Балканот. Според бројот на објавите на социјалната мрежа Фејсбук, дипломатските претставништва на ЕУ, Франција, Германија, Русија, Велика Британија и САД во Македонија во 2021 и 2022 година објавиле околу 7.500 постови. Над 50 отсто од овие објави отпаѓаат на руските дипломатски претставништва во земјава. Од сите земји од поранешна Југославија, руските дипломати во Македонија најмногу постови имаат објавено во земјава, додека на Балканот, руските дипломатски претставништва повеќе имаат објавено само во Романија. Таму од вкупно 10.500 постови, 7.100 отпаѓаат на руските дипломатски претставништва, покажува истражувањето на софискиот центар. Фејсбук објавите биле во фокусот на истражувањето, и како што велат, „ова е релевантно, бидејќи над 90 отсто од остварениот сообраќај на социјалните мрежи во Југоисточна Европа се одвива на Фејсбук“. Колку се постира во 2023 година? Како што покажуваат податоците прикажани во извештајот на софискиот Центар за проучување на демократијата, од сите руски амбасади во земјите од Западен Балкан, амбасадата на Русија во Македонија објавила најмногу постови и добила најмногу интеракции (лајкови, коментари и споделувања) во двегодишниот период 2021 – 2022. „Трендот на висока активност продолжува и во 2023 година, при што Руската амбасада во Скопје објави 717 објави на кои има речиси 50.000 интеракции од први јануари до денес“, изјави за РСЕ, Горан Георгиев, експерт за меѓународни односи и геополитика и истражувач во софискиот Центар за проучување на демократијата. Објавите како дел од хибридна војна Според бројот на интеракции на корисниците со постовите на дипломатските претставништва, како што се допаѓања (лајкови), коментари и споделувања, Фејсбук страницата на Руската амбасада во Македонија е, исто така, на врвот на Балканот, според бројот на жители. Во Бугарија има најмногу интеракции на корисниците на објавите на веб-страницата на руската амбасада, односно 2,3 милиони интеракции, потоа следува Грција со 770.000, Романија со 517.000 и Македонија со 296.000. Кога овие податоци ќе се поделат со бројот на жители, излегува дека во Бугарија на секои три жители има по една интеракција, во Македонија на секои седум жители, Грција на 14 и Романија на 35 жители има по една интеракција. Сето ова, вели Георгиев, „може и треба да се гледа како ел од хибридната војна на Кремљ. „Дискурсот на руските дипломатски служби, и онлајн и офлајн, целосно излегува надвор од воспоставените стандарди на меѓународната дипломатија и во пракса е алатка за влијание и мешање во внатрешните работи на земјата домаќин. Нормално, тоа се прави под раководство и со поддршка на централните власти во Русија, вклучително и тајните служби. Колку една земја е поранлива на руско влијание (социјално, економско, политичко итн.), толку повеќе локалниот руски амбасадор може да си дозволи и поширок пристап има до информативниот простор на земјата“, вели Георгиев за РСЕ. Како да се направи разлика што е пропаганда, а што вистинска информација? Социјалните мрежи, вели Георгиев, го револуционизираа начинот на кој се креира и консумира информациската содржина. „Секој може да објавува текст, видео или аудио што потенцијално може да допре до огромна публика со релативно мал напор. Недостигот од ефективна регулација и умереност на содржината ги прави социјалните мрежи идеални платформи за манипулација и мешање со странски информации“, појаснува истражувачот. Според него, друг важен момент е дека хибридната улога на руските амбасади се зголемила по почетокот на инвазијата врз украина поради сериозното ограничување на официјалните медиуми контролирани од Кремљ како РТ, Спутник... Исто така, вели Георгиев, локалните медиуми во Европа вообичаено не сакаат да емитуваат интервјуа или друга содржина со „дипломати на земјата агресор“. Овие промени „ги принудија руските власти уште повеќе да прибегнуваат кон алтернативни медиуми и начини за влијание врз јавноста“. МОСТ: „Фејсбук“ е еден од центрите во кој се развиени мрежи кои ја засилуваат руската пропаганда И неодамнешното истражување на граѓанската асоцијација МОСТ, кое е прво вакво во Македонија и во регионот, покажува дека „Фејсбук“ е еден од центрите во кој се развиени и се координираат мрежи кои ја засилуваат руската пропаганда, дезинформациите и манипулациите со информации во Македонија. Во тој „центар“ забележано е масовно пренесување и присуство на претставници на Кремљ. Во оваа студија на МОСТ, насловена „Една година од руската агресија врз Украина“, биле анализирани и идентификувани над 10.000 постови на Фејсбук во овој контекст и утврдено е дека во функција на ширење на руската пропаганда во земјава се вклучени и „домашни актери“, кои го овозможуваат и засилуваат тоа, или ги пренесуваат пораките.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter