Руска измамничка почнува нов бизнис: Ќе ги продавам своите затворски гаќички, имам понуди - Канал 5

Руска измамничка почнува нов бизнис: Ќе ги продавам своите затворски гаќички, имам понуди

Измамничката позната како „лажната наследничка“ Ана Делви сè уште ја покажува својата претприемничка страна, па оваа недела објави нов NFT проект преку кој им нуди на луѓето можност да ја запознаат.

Руска измамничка почнува нов бизнис: Ќе ги продавам своите затворски гаќички, имам понуди

Има и скици и лични предмети од времето поминато во притвор.

- Мојот NFT тим има широк асортиман на предмети кои ги собираме веќе некое време. Се состои од моите затворски пенкала и прибор за пишување што рачно ги дотерав до моите потпишани бели памучни маици и гаќички, рече Делви преку портпаролката.

PageSix телефонски разговарале со Делви, која моментално е во притвор во округот Оринџ, и објасни дека на луѓето им дава само она што го сакаат.

- Луѓето бараа секакви работи, јас добивав секакви барања. Не сакам никому да ги наметнувам моите гаќи, но ако тоа го побараат…, Делви суптилно дава до знаење. На новинарско прашање дали бараат нови или користени гаќички, таа мудро одговара: „Потпишано“.

Некои од фановите ќе добијат шанса лично да се запознаат со Ана.

Дали Делви е загрижена да се сретне со лутите обожаватели кои можеби ќе сакаат лично да ѝ ги земат гаќите? „Претпоставувам дека наскоро ќе дознаам“, рече таа низ смеа. „Јас сум на најбезбедното место што можам да бидам“, додаде таа и истакна дека средбата ќе се одржи преку затворско стакло отпорно на куршуми.

Интересно, Бил Гејтс претходно оваа недела рече дека NFT имаат „анонимност преку која можете да избегнете оданочување, како и сите државни правила“.

Но, Делви вели дека луѓето не треба да се грижат дали ќе бидат измамени. "Имам свој тим и технолошки експерти... Не сум само јас. Имам многу луѓе кои работат за мене и се надевам дека луѓето ќе уживаат во искуството. Немам желба или планирам повторно да направам нешто нелегално", изјавила Делви.

Таа открива и дека повеќето пораки од обожавателите кои ѝ пристигнуваат додека е зад решетки се позитивни.

„Претпоставувам дека луѓето не сакаат да плаќаат 50 центи за да испраќаат пораки на омраза“, вели Ана, додавајќи дека луѓето најчесто „се идентификуваат со неа или сакаат да го слушнат нејзиното мислење за некои работи“. Добива и предлози за брак. „Мислат дека ако се омажам, ќе ми исчезнат проблемите со депортацијата. Тројца ми понудија да ме посвојат, а сите беа Американци“, рече Делви, која се уште е среде правен процес и се надева дека ќе остане во САД.

Нејзиниот портпарол претходно изјави дека Делви може да се „самодепортира“ во која било земја во која би можела да оди, но одлучила да остане тука за да се бори против своето убедување и депортација.

Во меѓувреме, таа е многу зафатена, со оглед на тоа што покрај во проектот NFT учествувала и во една емисија, работи и на правните детали за лансирање на нејзиниот подкаст и пишува книга.

Таа, исто така, е заинтересирана да се вклучи во реформите во кривичното право бидејќи е „една од ретките луѓе што поминале низ системот и имаат глас“.

Иако Делви се чини дека профитира од нејзините злосторства, измамничката вели дека парите одат кај нејзиниот правен тим и додава дека не сака да изгледа среќна што е во затвор.

„Толку сум мизерна, би сакала да бидам таму“, вели Делви, кој е осудена за измама во банки и луксузни хотели во вредност од околу 200.000 долари, а исто така се обидела да добие заем од 22 милиони долари за да основа елитен уметнички клуб. .

„Лажната наследничка“ била пуштена од затвор минатата година поради добро однесување, но подоцна е повторно уапсена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рајан Рејнолдс се борел со анксиозноста, а во исто време засмејувал милиони

Рајан Рејнолдс, канадски актер и продуцент, е роден на 23 октомври 1976 година во Ванкувер. 

Рајан Рејнолдс се борел со анксиозноста, а во исто време засмејувал милиони

Тој е најпознат по улогата на антихеројот на Марвел, Дедпул, и во текот на својата кариера имал голем број успешни улоги во комедии, акциони филмови и романтични комедии. Познат е по својот саркастичен хумор, кој стана важен дел од неговиот стил на глума и јавен имиџ.

Почнал да глуми како тинејџер, а една од неговите први главни улоги била во серијата „Двајца момци и една девојка“ (1998-2001). Потоа следеле филмовите „Ван Вајлдер од National Lampoon“ (2002), „Блејд: Тринити“ (2004), „Хоророт во Амитвил“ (2005) и „Предлогот“ (2009), во кои глумел наспроти Сандра Булок.

Иако постигнал голем број успешни улоги, неговата кариера имала и неуспеси, меѓу кои се издвојува суперхеројскиот филм „Зелен фенер“ (2011), кој не успеал кај критичарите и на кино благајните.

Успех со Дедпул

Пресвртот во неговата кариера дојде со филмот „Дедпул“ (2016), проект на кој работеше со години и чија реализација лично се залагаше. Филмот заработи повеќе од 780 милиони долари низ целиот свет, а Рејнолдс беше номиниран за Златен глобус за неговата изведба.

Тој ја повтори улогата во „Дедпул 2“ (2018) и „Дедпул и Вулверин“ (2024), од кои вториот заработи повеќе од 1,3 милијарди долари. Меѓу неговите други значајни филмови се „Слободен човек“ (2021), „Црвена известување“ (2021) и „Проектот Адам“ (2022).

Покрај глумата, Рејнолдс се занимава со претприемништво и инвестирање. Тој го презеде велшкиот фудбалски клуб Рексам со актерот Роб МекЕлхени, а нивното искуство во водењето на клубот беше прикажано во повеќекратно наградуваната документарна серија „Добредојдовте во Рексам“.

Тој, исто така, инвестираше во компании како што се „Минт Мобајл“ и производителот на џин „Авиејшн Американ Џин“. Во 2017 година, тој доби ѕвезда на Холивудската патека на славните, а списанието „Тајм“ го вклучи меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот.

Бракови и приватен живот

Од 2002 до 2007 година, Рејнолдс беше во врска со пејачката Аланис Морисет, со која беше и верен. По раскинувањето, тој започна врска со актерката Скарлет Јохансон, со која се ожени во 2008 година, но нивниот брак заврши со развод во 2011 година. На снимањето на филмот „Зелен фенер“ ја запозна Блејк Лајвли, со која се ожени во 2012 година. Двојката има четири деца, три ќерки и еден син.

Актерот отворено проговори за својата долгогодишна борба со анксиозноста, откривајќи дека хуморот му помогнал да се справи со незгодни ситуации и јавни појавувања. Тој проговори и за сложената врска со неговиот татко Џејмс, кој почина во 2015 година по долга борба со Паркинсоновата болест.

Поради болеста на неговиот татко, Рејнолдс со години ги поддржувал истражувањата за Паркинсоновата болест, а заедно со сопругата учествувал во бројни хуманитарни акции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател, Бака

По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Будимпешта присуствуваше на работниот ручек, којшто за шефовите на делегациите го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака.

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател, Бака

Таа му упати честитки по повод неговиот избор за претседател во август, годинава и изрази подготвеност за продлабочување на македонско-унгарските односи преку политички дијалог, размена на посети и унапредување на економската соработка.

Сиљановска-Давкова се заблагодари за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“. Таа укажа на неопходноста од кредибилен процес на проширување, заснован на заслуги врзани за Копенхашките критериуми.

Исто така, соговорниците разговараа за актуелните геополитички предизвици и потребата од јакнење на мултилатерализмот, како механизам за силни институции, што ќе им овозможи на малите држави поголемо учество во процесите на одлучување за глобалните прашања.

Претседателката ги искажа своите ставови за потребата од длабоки реформи на меѓународните организации, премин од реактивна кон превентивна дипломатија како предуслов за ефективно справување со глобалната криза, како и за потребата од проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силна бура ги погоди Франција и Британија, ѝ се заканува и на Германија (ВИДЕО)

Првата моќна есенска бура, наречена Остен од британските метеоролози, го погоди северозападниот дел на Франција. 

Силна бура ги погоди Франција и Британија, ѝ се заканува и на Германија (ВИДЕО)

Поради бурните ветрови, 23 департмани прогласија портокалово ниво на готовност, а бурата предизвикува прекини во сообраќајот и широко распространети прекини во снабдувањето со електрична енергија, објавува Euronews.

Бурата брзо се засили над Атлантикот пред да се упати кон Британските острови и францускиот брег. Прво ја погоди Бретања во ноќта од четврток кон петок, а силниот ветер потоа се прошири во Нормандија и регионот Горна Франција. Налетите на ветер беа исклучително силни по должината на брегот. Во Поант ди Раз во департманот Финистер беше измерена брзина од 161 км/ч, а неколку метеоролошки станици исто така регистрираа рекордни брзини на ветерот за октомври.

До денес наутро, околу 161.000 домаќинства останаа без електрична енергија, главно во Бретања, регионот Пеи де ла Лоара и Нормандија. Паднатите дрвја и лошите временски услови го нарушуваат и железничкиот сообраќај, предизвикувајќи неколку линии да бидат суспендирани како мерка на претпазливост. Мостовите се затворени во департманот Сена-Морит.

Се шири во Велика Британија и Германија

Мет-службата издаде портокалово предупредување, второ највисоко ниво, за Корнвол и Девон, каде што се очекуваат налети на ветер до 130 км/ч. Бурата го погоди подрачјето рано наутро. Според National Grid, операторот на електричната мрежа во Велика Британија, повеќе од 16.000 домови во југозападна Англија останаа без струја до доцна наутро.

Ветрови до 100 км/ч се прогнозираат за јужна и централна Англија во текот на целиот ден, додека бурата се движи кон исток по должината на брегот на Ламанш. Во Германија, каде што националната метеоролошка служба ја нарече бурата Луиз, налети на ветер до 100 км/ч се очекуваат на запад и северозапад од земјата.

Серија бури и ново предупредување за викендот

Само неколку дена претходно, бурата Адам ги погоди јужна Франција и Шпанија, носејќи силни грмотевици и обилни дождови. Поплавите најмногу ги погодија француските департмани Гард, Буш-ду-Рон и Вар. Најмалку шест лица загинаа во Шпанија и јужна Франција, од кои две во Франција, а илјадници домаќинства останаа без електрична енергија.

На крајот од викендот се очекува доаѓањето на уште една силна бура, Боело, која ќе донесе нови налети на ветер и обилни дождови. Британската метеоролошка служба веќе го зголеми нивото на предупредување за бурата Боело од жолто на портокалово за Северна Ирска, Шкотска и делови од северна Англија. Предупредувањето важи за сабота навечер и цела недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер