Руска инфлуенсерка се обрати на Инстаграм заедно со својот сопруг Украинец - Канал 5

Руска инфлуенсерка се обрати на Инстаграм заедно со својот сопруг Украинец

Вестите за настаните во Украина не оставија никого рамнодушен, па дури ни познатите личности. Меѓу нив е и познатата модна инфлуенсерка Валерија Липовецки.

Руска инфлуенсерка се обрати на Инстаграм заедно со својот сопруг Украинец

Имено, оваа позната Русинка на Инстаграм ја следат речиси 2 милиони луѓе, родена е во Русија, додека нејзиниот 18 години постар сопруг Гери е роден во Украина. Тие двајца имаат три сина, а се познати и по тоа што многумина ги осудуваа поради разликата во години.

Оваа брачна двојка се огласи по повод воената операција во Украина, а на профилот на Валерија објавија заедничка слика и напишаа дека целата ситуација е многу болна и чувствителна за нив, бидејќи таа е со руско потекло, а нејзиниот сопруг е Украинец. Додадоа и дека се надеваат за мирно решавање на проблемот.

Извор: srecna.republika.rs/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во хотел во Истанбул, евакуирани се голем број луѓе

Денеска во хотел во истанбулската населба Бакиркој избувна пожар, а пожарникарите евакуираа голем број луѓе кои биле во зградата.

Пожар во хотел во Истанбул, евакуирани се голем број луѓе

Пожарникарите реагираа на местото на пожарот, а операцијата за гаснење е во тек, објави Хуриет.

Засега нема информации за повредени.

Бакиркој е општина на европската страна од Истанбул, на брегот на Мраморното Море.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрога е пронајдена кај кампери во Галичник, уапсени се петмина

Лишени од слобода пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети, следува пријава.

Дрога е пронајдена кај кампери во Галичник, уапсени се петмина

На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до 20:45 часот, во с. Галичник на местото викано „Стопанче“, полициски службеници од ОВР Гостивар и ПО Маврово, во рамки на оперативна акција, лишија од слобода пет лица, А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44) од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово.

При претрес во шаторите каде престојувале лицата, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети.

Лицата се задржани во ПС Гостивар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: На прес на Влада -Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа

Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа во Македонија.  Како што најавивме, на сомнителен начин.

Кузеска: На прес на Влада -Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа

На прес конференција во Владата пред два дена присуствувала и екипа на Euronews Македонија.

Како присуствуваат кога се уште немаат дозвола за работа?

Очигледно Владата на Мицкоски, веќе ја третира Euronews Македонија како телевизија и ѝ овозможува пристап на официјални владини настани.

По реакциите на македонските телевизии беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката.

Нели беше најавена истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија.

Дали ова значи дека истрагата е прекината и се работи под радарот?

Како работат медиумите на Вучиќ во Македонија?

Што прави АВМУ? Или мачкаат очи?

Што прави Трајчевски? Дали знае дека во наводно регулираниот простор му се шетаат медиумски пирати и дека за тоа може и кривично да одговара?

Едно е јасно, медиумите на Вучиќ веќе се во македонскиот етер.

Тече анти-македонска и анти-ЕУ пропаганда.

Еврокомесарката Марта Кос, вчера ја откажа посетата на Србија, поради истите политики на Мицкоски и Стоилковиќ – величење на Ратко Младиќ.

Мицкоски копира се. Истите политики ги гледаме и со целосна контрола на медиумскиот простор, покрај веќе контролираните 40% од Орбановите медиуми.

Наскоро медиумски мрак и во Македонија - во служба на Русија и организираната криминална група на Мицкоски .

Со Мицкоски Македонија стана заложник на туѓи интереси на Балканот.

СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот.

Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија.

Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година.

Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски, рече Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер